Корнелија Мракова-Пејовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корнелија Мракова-Пејовска
Роден 21 мај 1928
Пателе, Леринско - Егејска Македонија
Починал 27 февруари, 2022
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Сопружник Ристо
Татко Стефан Мраков
Мајка Аспасија Мракова
Деца Љиљана, Софка и Златко.[1]

Корнелија Мракова-Пејовска (21 мај 1928[2] во Пателе, Леринско, Егејска Македонија27 февруари 2022[1] во Скопје, Македонија) — македонски борец, учесник во Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција и македонска поетеса.[3][4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Корнелија Мракова Пејовска е родена во 1928 година во село Пателе, Леринско, како второ дете на Аспасија и Стефан (Стефо) Мракови. Семејството имало осум члена (пет деца, родителите и нејзината баба, Анастасија. Дедо ѝ Пеце Мраков и неговиот брат Гончо ги дале животите во Илинденското востание борејќи се за слобода за Македонија. Таткото на Пејовска не го знаел својот татко, бидејќи бил на двегодишна возраст кога тој починал. Израсната во такво револуционерно семејство таа од мала се здобила со патриотски дух.[5]

Основно образование завршила во своето родно село, кога ѝ ги почувствувала грчките асимилаторски планови кон македонското население и малцинство во Егејска Македонија. Одговорите, на која народност припаѓаат и каков јазик зборуваат ѝ ги дал токму нејзиниот татко:[5]

Се прашував зошто ние на училиште не го учиме ова писмо? - Затоа што сме под туѓа држава.

Што сме ние? Ние сме Македонци - вели татко ми.

Значи, не сме Грци како што ни велат на училиште.

Не, ние сме Македонци. Од дедо, прадедо. Наш мајчин јазик е македонскиот, овој кој го зборуваме, ми објасни татко ми.

—Извадок од "Агрументи од црниот тефтер на жртвуваните"

Нивната родна куќа во Пателе била меѓу првите која била запалена од страна на фашистите.[4]

Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Со почетокот на Грчко-Италијанската војна (октомври 1940 година), уште позната како Албански фронт, многу Македонци од Леринските села биле ѝ учесници и жртви во овие судири. Следната година (1941), нејзиниот татко завршил во затвор на островот Хиос, каде биле протерани уште 3000 други Македонци.

Со потпаѓањето на Леринската околија под Германска окупација, речиси паралелно биле оформени и организациите ЕАМ и ЕПОН, кои имале свои претсавништва по селата. Уште како младинец таа пристапила во ЕПОН и била одговорна за пионерските кадри. Корнелија е уште еден сведок на ветувањата добиени од Грчката комунистичка партија (КПГ), дека по ослободувањето, Македонците ќе ги добијат своите права и слободи, што никогаш не се случило.[5][6]

Граѓанската војна во Грција[уреди | уреди извор]

Со падот на фашизмот, германските сили почнале да се повлекуваат од територијата на Егејска Македонија, а Македонците почнале да оформуваат свои организации, како СНОФ и АФЖ. Меѓу првите жени кои се приклучиле на ова движење била и Корнелија, која била избрана за член на Одборот на АФЖ за Пателе и одговорна по АГИТПРОП.

Во 1945 година, таа е сведок на акција на Грчката војска, која откако ги собрала сите селани, почнала со тортура и апсење на селаните. И при овој настан, таа храбро ја бранела својата национална припадност при вербалниот напад и провокација кон неа.[5]

Ти, излези малку понапред. Направив како што ми нареди. Налутено ме праша: ‘Што си ти? Бугарка ли си?’ Не се исплашив, се држев храбро и му одговорив: ‘Не сум Бугарка, ниту Гркинка, јас сум Македонка’. Разлутен офицерот ми удри силна шлаканица, но не паднав, се задржав на нозе и продолжив да му одговарам: ‘Не сум Бугарка, ниту Гркинка, јас сум Македонка. Затоа што моите родители се Македонци, и дедо ми и баба ми се Македонци и од дедо прадедо сме Македонци. Тука Грци нема, Грци сте вие кои дојдовте сега да нѐ апсите и да нѐ тепате.

—Извадок од "Агрументи од црниот тефтер на жртвуваните"

Следната година (1946) таа е уапсена и осудена од Леринскиот воен суд на една година затвор. Злосторот кој го видела во затворот ја натерал, по излегувањето да се приклучи на партизаните.

Се пријавила во партизанските одреди близу селото Сетина, каде ја запознала Султана Гинова (сестра на Мирка Гинова), со која учествувале во многу диверзантски акции (како нападот на караулата кај Крушоради и разни полициски објекти). Таму го добила и своето партизанско име Искра. По здружувањето на силите со ДАГ, таа учествувала и на Вториот конгрес на НОФ (29 март 1949 година), кој се одржал во Нивици, Преспанско. По завршувањето на војната, како и останатите разочарани македонски партизани, решава да премине во ослободениот дел на Македонија.[5]

Корнелија Мракова-Пејовска на Кајмакчалан (јуни 2005). Во посета на родното село Пателе (во позадина) и Островското езеро. Сеќавање на партизанските денови.

Разделување од родниот крај[уреди | уреди извор]

По завршувањето на војната таа заминала за Битола, каде се омажила за Ристо Пејовски, со кого во 1955 година се преселиле во Скопје. Во бракот со Ристо, одгледале две женски и едно машко дете.[4] Се вработила во Собранието на тогашна Социјалистичка Република Македонија, од каде и се пензионирала. За својата дејност таа е наградена со признанија и ордени.[4][5]

Творештво[уреди | уреди извор]

Од најрани години, таа била љубител на пишаниот збор, а и самата почнала да твори. Дури и за време на војната, во партизанските ровови таа знаела на мало парче ливче да ги запиќе стиховите кои и надоаѓале како инсипрација.[7]

Покрај објавените песни и прозни записи во неколку списанија и весници, Корнелија ги има издадено книгите:[8]

  • Сведоштва за грчкиот терор во Леринско 1945-1949 - (1998 година)
  • Неуништиво езеро - (1999 година)
  • Летање на југ - (2003 година)
  • По патот на надежта и големата илузија (сеќавања и собитија) - (2006 година)
  • Ги барам спомените - (2011 година)
  • Повикот на родната грутка - (2013 година)

Нејзиното последно патеписно дело Повикот на родната грутка, во издание на Матица Македонска било промовирано на 31 октомври 2013 година, во мултимедијалниот центар на Матица, каде говор одржала проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а извадоци од книгата биле читани од Елена Мангова.[9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Почетна“. Некролози. Посетено на 2022-03-06.
  2. Корнелија Мракова-Пејовска (2003). Летање на југ. Скопје: Матица Македонска. стр. 33. ISBN 9989-48-496-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Корнелија Мракова Пејовска (2013). Повикот на родната грутка. Скопје: Матица Македонска. ISBN 60810-0288-8. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Вера Стојчевска-Антиќ (Број 24,Четврток, 16.1.2014). „Повикот на родната грутка“ (PDF). Пензионерски видици (Нова Македонија): 4. Недостасува |author1= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Ташко Јованов, Жаклина Митевска (2009). Агрументи од црниот тефтер на жртвуваните (PDF). Скопје: Здружение на Сетинци и Попадинци од Лерин во Македонија и ДНИД “Македонско Сонце”. стр. 149–157. ISBN 978-9989-2988-0-6. line feed character во |publisher= во положба 33 (help); Недостасува |author1= (help)
  6. „НАРОДНА ВОЛЈА - СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ“. www.narodnavolja.com. февруари 2010.
  7. Корнелија Мракова-Пејовска (2006). По патот на надежта и големата илузија (Сеќавања и собитија). Скопје: Макавеј. стр. 7–9. ISBN 9989-164-37-1. OCLC 824193967.
  8. Повикот на родната грутка. Скопје: Матица Македонска. 2013. ISBN 60810-0288-8.
  9. „Промоција на книга на Корнелија Пејовска“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2021-09-25.
  10. „Во „Матица ексклузив" промовирана книгата „Повикот на родната грутка". Република Online.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]