Корморан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Големо врапче или голем корморан (лат. Phalacrocorax carbo) од фамилијата врапци (Phalacrocoracidae) е крупна птица, со црни крилја, пливач и гира. Живее во јато на бреговите краеви, како и на брегот на реките и езерата. Во приморјето гради гнездо на карпести острови, користејќи како материјал на сувите алги, а во внатрешноста на земјата на високите дрвја, од гранчиња и сува трева. Се храни со риба која ке ја улови сам на тој начин што ќе се нурне во неа. Помеѓу две нурнувања мора да се исуши од водата што тежи на перцата и затоа со часови стои на сонце со раширени крилја. Одлично плива, но исто така добро лета. Без двоумење прелетува во еден здив 50 км. во потрага по место каде што има многу риби.

Уште во минатото во Кина рибарите ја користеле способноста на кормораните со што вешто би уловиле под вода крупна риба. Птиците се навикнувале да стојат на ивицата од чамците и една за друга да се нурнуваат и да носат риби на површината со што сопственикот потоа им ги одземал. Да не би го голтале пленот, рибарите на птиците им ставале метални прстени околу вратот и ги врзувале за ивицата на чамците. Прстенот бил толку широк за да му овозможи на корморанот да ги голтне ситните риби. И кај нас на Дојранското езеро некогаш се ловело со корморани но денес тој начин на ловење е потполно напуштен и се покажува само понекогаш, како туристички интерес.