Корисник:Selo injevo

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црква „Вознесение Христово“ - Ињево

Црквата е изградена во 1872 година,иконите се изработени во XIX-тивек од засега непознат автор,Црквата „Вознесение Христово“ е и парохиска црква што значи дека таа претставува најмала управна област (на некој начин збирно/ собирно место) на Ињевско-конечка парохија која е дел од Радовишкото архијерејско намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Оваа Ињевско-Конечка парохија ја сочинуваат 11 села кој се наоѓаат во регионот на Ињево-Конче, Парохиски свештеник е Златко Пуреовски.

Во регионот на оваа Ињевско-Конечка парохија се наоѓаат околу 30(цркви манастири,извори-свети води).

Црква „Вознесение Христово“ - Ињево е 4-та по ред стара црква која е изградена во 1872година во Ињевско-конечка парохија.

Таа е стара 147години,во 2022 ке биде стара 1век и 50 год.(1век- и 1/2).Што значи таа ќе биде стара 150 години во 2022год.

Најстара црква во Ињевско-конечка парохија е  Црква „Св. Стефан“ - Конче изградена во 1366год. стара повеќе и од 500год.

Црквата во село Ињево се вбројува во една од постарите цркви во Радовишко архијерејско намесништво.

     *Црква „Вознесение Христово“ - Ињево

●Неколку фактори за оваа Ињевско-конечка парохија.

1.Ја сочинуват поголем број села околу 11 села;

2.Има околу 20 цркви и манастири свети извори;

3.Најстара црква е Црква „Св. Стефан“ – Конче;

4.Црквата во с.Ињево и е парохиска црква;

5.После најстарата црква која е изградена во Конче во 1366год. има и 4 цркви кој се изградени во XIXвек,oстанатите се градени во XX,XXI век.

         

 Ињево и некој специфичности за село Ињево

Ињево се наоѓа на надморска височина од 380м,оддалеченост од градот Радовиш некаде околу 3.5 - 4км.

Поради добрата тогаш функционална ,,МЕСНА ЗАЕДНИЦА,, и добрата соработка со општината, Ињево го добило најдобриот  урбанистички план,што значи селото е планирано така што улиците доаѓат паралелно со мали исклучоци т.е. отстапки.

Воедно претставува и населба која почнува да се гради во втората половина на минатиот век,кога луѓето од горно Ињево почнувале да се преселуваат во долно Ињево а дел од нив започнале да градат куќи во Радовиш,Ораовица пред се се' преселувале во околните села поради добро обработливата почва,така дел од нив се преселиле во долно Ињево,дел во околните села.

                         

Ињево е ново село,населба модерно создадено некаде во втората половина на минатиот век,ова е негова нова 5 локација според преданијата на старите, што значи Ињево постоело и многу години претходно,но на различни локации.

Причини за промената на локациите е најверојатно подобрите услови за живот,достапноста на вода,храна,околината итн.

               

Поради прекрасно изведениот план за селото кое е многу добро урбанистички средено Ињево е единствено село во Општина радовиш кое има ваква добра организација,план,пред се благодарност на граѓаните,тогашната месна заедница,до општината т.с локалната самоуправа.

Во општина Радовиш е едно од најсредените и најубавите села пред се поради добрата испланираност.

Нападот на четниците  на Јован Бабунски во Ињево и околијата

На 10 јануари 1915 г., четниците на Јован Бабунски и специјалните крстаречки воени и жандармериски единици извршиле напад на селата Ињево, Дамјан и с. Гарван, во кои тепале и ограбиле голем број луѓе, а Илија Мицев, Георти Коцев, Гоно Трајков, Танка Иванова (Делиманова) од с.Инево; Иван Велјанов, Коце Лјулјаков, Амет Слимов и Мусо Дебелов од с. Дамјан; Христо Мрзов од с. Гарван и Темелко Симеонов од с. Браштица ги врзале со ортоми и синџири и ги одвлекле во Дамјанско Поле во месноста „Дупка”. Луѓето од Ињево биле тепани уште во селото кај црквата „Свети Спас”. Со посебна жестокост била тепана со зелено дрво Танка Делиманова, која набргу потоа подлегнала на повредите и умрела. Останаште сами си ја ископале гробницата во месноста „Дупка”, во која биле закопани, живи

Сведоците од с. Дамјан кои го наблудувале измачувањето на жртните пред да бидат живи зариени во земјата, од страв да не им се случи и на нив истото, молчеле полни 8 месеци, не ја посочувале гробницата. Во октомври 1915 г. кога србите почнале да ја напуштаат територијата на Радовишка околија, сведоците ја откриле морничавата тајна. Во врска со тоа, едвв од луѓето што ја отвориле заедничката гробница сведочи: „По гробот на татко ми и на остајнатите исклани од нашето село трагавме цели 8 месеци. Се шепотеше дека се Избодени некаде во Дамјанско Поле, но никој не се осмелуваше да ни го покаже тоа место.

Во есента, кога Србинот почна да бега, дојдоа жените на Амет и Мусо и ни рекоа дека гробницата е откриена. Јас во тоа време имав само 15—16 годиви, но бијдејќи се работеше за родениот ми татко, учествував во расклопувањето на гробницата. Работевме полека за да не ги повредиме коските на мртвите. За чудо, кога ја отворивме гробницата, телото на Гоно Трајков беше цело, не се познаваше дека е мртов. Тогаш, морам да признам, се исплашивме и престанавме да копаме. Турците се исплашија и започнаа со претпоставки: штом немало на нивните Турци (мртовци) удрено крфија во папокот, сигурно тие веќе постанале вампири. Брзо се созедовме, собравме сили и почнавме вден по еден да ги вадиме од гробницата. Штом ќе ги фатеше воздух, месото се претвораше во прав и остануваа само коските. Но, иако за кусо време пред да се распаднат, се распознаваа бодежите на нивните тела. Рацете им беа полни со коса, а устите со земја. По тоа се гледаше, дека навистина живи биле закопани пад земјата”.

Покрај оние жртви, во периодот јануаримарт 1915 г. во Радовшка околија жртви на четниците на Бабунски и на специјалните воени единици биле: Трајанка Иванова и Иван Здравев од с. Воиславци, Иван Илиев, Христо Андонов и Коце Јанев од с. Гарван; Христо Донев, Иван Димитрав, Атанас Христов и Поцко Иливв од с. Габревци; Зекир Еминов, Емрише Зекирова, Мула Мусов, Леман Јашаров, од с. Дамјан; Емин Мустафов, Џемаил Илиев од с. Караџалар; Иван Поцков, Никола Иванов, Мустафа Ибраимов, Мустафа Ајрушов од с. Рахитец; Ефтим Цимандров и Тенчо Коцев од с. Сулдурци; Трајко Антонов, Јане Веселинов (не дал заклетва од Крагуевац), Трене Владов, Захо Поцвв од с. Шипковица и други.

                                 

Покрај убиваните, во тој период многу луѓе од Радовишко биле тепани и затворани, а извесен број се регистрирани како беследно исчезнати. Така на пример, од едно дополнително сведоштво (список со коментар) на Стојанка Ј. Илиева може да се утврди дека во пролетта 1915 кога била убиена Танка Бајрамјова од с. Ињево, истиот ден до смрт биле тепани и Гуна Трајкова и Мара Калеова, кои за време на тепањето биле врзани.” Гуна ја одврза едеб жандарм и ја удри во грбот со кундакот на пушката. Од ударот доби грба и не можеше да се излечи. Таа поулаве и почина од последици на повредите. По неа почина и Мара Калеова, додека останатите га беа закопале живи во една дупка во Дамјанско Поле. Неколку месеци по убиството беа откопани, но некои беа со отсечени раце, на други им беа отсечени едната, двете нозе и сл. Бев голема, имав 23 години и добро знам, ги донесоа во Селските пробишта во кошеви”.


Црква,,Рождество на Пресвета Богородица''-с.Ињево

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква, празнуван на 21 септември (8 семптември ст.ст.)

Празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка, но и Нејзините благочестиви родители. Тоа е првиот голем празник во новата литургиска година, означувајќи го почетокот на циклусот на човековото спасение.

Црквата,,Рождество на Пресвета Богородица''-с.Ињево се наоѓа од десната страна долж течението на ињевската река,близу местото викано ,,Селиште'',односно на крајот на селото од северо-источниот дел,според преданието на селаните се претпоставува дека овде имало село,во оваа место денес познато како ,,Селиште''(името останало така наречено од постарите).Селото според преданието се наоѓало на западниот дел од црквата,а на десната страна пред влезот во црквата имало гробишта,кое е и докажано при ископувањето,но сеуште не е детално истражена областа околу гробиштата и црквата.Населението смета со сигурност  дека црквата е стара повеќе од 300-400 год.но сеуште не е истражено од страна на археолозите,во оваа црква се наоѓа камен стар некаде во висина од 1.5м и ширина 0.5м со цртеж на кој има два лика и некој симбол,сеуште не се истражувани.

Камен ѕидот кој  е зачуван е заштитен и е покриен за кој се претпоставува дека е од тоа време,веднаш до него е започнато да се гради.Тој е доказ дека овде имало црква но засега не е познато пред колку години но е постара од 300 год.а кога ќе се види и цртежот на каменот кој е во неа можеби и повеќе за тоа,потребно е истражување.

Населението легендата за повторното обновување на црквата ја претскажува вака,,Уште во раната младост тогаш девојка сега веќе стара жена во години,по име Марија,уште како девојче постојано нешто ја ,,измачувало'' им се појавувале на сон некој чудни работи за тоа место,таа како дете одела да пали свеќи во тогашната разрушена црква тоа некаде во периодот од преминувањето на прва половина од XX век кон средина на втора половина од XX век,така во период од 1988 год започнува да се гради (од страна на фамилијата на Марија)овде црква која при нејзината градба односно при копањето на темелите се пронајдени доста мошти(коски) од луѓе кој биле во земја дури 2 метри,која во 1991 год. била изградена и истата година осветена.И од тогаш до денес секоја година се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.Во 2018 година беа собирани средства за обнова на црквата која беше покриена со стари ќерамиди кој препуштаа вода па така се обнови и сега доби нов лик ќе бидат споделени слики од каменот,замисленоста на црквата изработена од картон од страна на  мајсторот.

Бидејќи празникот започнува од 17 часот пред празнувањето на денот затоа се слави и вечерта кон главниот ден,кога е среда или петок подготвената храна е посна обично грав,додека ако е друг ден на кој ден не се'пости се служи манџа(јагнешко)обично,литургијата ја одржува попот,што е најважно додека попот држи литургија не смее да се колат курбани.Секоја година се исполнуваат сите адети кој се практикуваат на денот и пред денот на прославата.

                       Престол во Црквата,,Рождество на Пресвета Богородица”

Веднаш до црквата е и игралиштето кое има размер на големо игралиште кое е направено некаде во период од 1973-1976 год.со ископувањето на земјата од изградбата на тунелот Мантово-Ињево, овде на местото на игралиштето имало како вдлавнатина ја исполниле и така дошле до идеја и за игралиште кое се наоѓа веднаш позади црквата оваа игралиште беше на фк ,,бобовец'' кога се играа  општински натпревари овде имаше тренинзи.

Таму исто така се одржува и фестивалот на село Ињево ,,Гајда'' кој е познат далеку низ државата,фестивал кој мора да се зачува како наследство од постарите кој вложиле труд селото да биде претставено низ државата и низ светот.