Корисник:Sance d/ЕВЕЛИН ВАХ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Артур Евелин Св. Џон Вах (28ми Октомври 1903 година – 10ти Април 1966 година), познат како Евелин Вах, е Англиски писател на новели, патописи и биографии. Тој исто така беше и плоден новинар и критичар. Неговите најпознати дела ги вклучуваат неговите рани сатири „Одбивање и влошување“ (1928год) и „Рака полна прашина“ (1934год), неговата новела „Враќањето на невестинската глава“ (1945год) и неговата трилогија на новели од Втората Светска Војна, заедно познати како „Сабјата на честа“ (1952 – 61год). Вах, конзервативен Романски католик чиишто погледи често се остро искажани, е широко признаен како еден од најголемите стилисти на прозата од 20тиот век.

Синот на еден издавач, Вах студирал на Лансинг и Хертфорд Колеџ, Оксфорд, и кратко работел како воспитувач додека да стане комплетен писател. Како млад тој имал многу модерни и аристократски пријателства и развил го вкусот за селското општество кој никогаш не го напуштил. Во 1930тите тој многу патувал, најчесто како специјален кореспондент на весници; давал извештаи од Абисинија за време на Италијанската инвазија во 1935 година. Тој служел во Британските вооружани сили за време на Втората Светска Војна, прво во Кралските Маринци а подоцна во Кралската Коњаничка Стража. Целото ова искуство и широкиот спектар на луѓе со кои се среќавал се искористени во неговата белетристика, генерално со хумуристичен ефект; иако неговиот нервен слом во раните 1950ти, предизвикан од погрешно користење на лекови, беше измислен.

Вах го опфаќа Романскиот Католицизам во 1930 година, после пропаѓањето на неговиот прв брак. Неговото традиционално гледиште го водеше до давање на голем отпор за реформирање на Црквата; промените донесени од Вториот Ватикански Совет 1962 – 65 година, особено воведувањето на локалната литургија, многу го вознемири. Овој замав, заедно со зголемената одбивност за „благосостојбната“ култура на поствоениот свет и одразувањето на неговото здравје, ги унесреќија неговите последни години, иако тој продолжи да пишува. Во јавноста тој генерално покажуваше маска на рамнодушност, но тој имаше голема љубезност кон оние кои ги сметаше за пријатели и многу од нив му останаа верни за време на целиот негов живот. После неговата смрт во 1996 година, неговите дела се стекнаа со филмски и телевизиски верзии, како што е „Враќањето на невестинската глава“ во 1982 година.

БИОГРАФИЈА[уреди | уреди извор]

СЕМЕЈНО ПОТЕКЛО[уреди | уреди извор]

Евелин Вах е роден во 1903 година од родителите Артур и Кетрин Вах, во семејство со англиско, Шкотско, Велшко, Ирско и Хугуенско потекло. Господарот Кокбурн кој се одликуваше со трпеливост (1779 – 1854 год), врвен Шкотски адвокат и судија, Вилијам Морган (1750 – 1833год), предводник на статистичката наука кој служел во Правичниот Живот на Самоувереното Општество цели 56 години, и Филип Хенри Џуси (1810 – 88 год), научник за природата кој стана познат преку неговото претставување како религиозен фанатик на мемоарот на неговиот син Едмунд „Татко и син“. Од оние кои го носеле презимето Вах, Александар Вах (1754 – 1827год) бил свештено лице во Отцепената Црква на Шкотска која му помогнала при основањето на Лондонското Мисионерско Општество, и беше еден од водечките дисидентски проповедници во негово време. Неговиот внук Александар Вах )1840 – 1906год) бил селски лекар кој ги малтретирал неговата сопруга и деца и станал познат во семејството Вах како „бруталецот“. Постариот од неговите два сина, роден во 1866 година, беше Артур Вах. По завршувањето во Шерборн Училиштето и во Нов Колеџ, Оксфорд, Артур Вах започна кариера во издаваштвото и како литературен критичар. Во 1902 година тој стана управен предводник на Чепман и Хал, издавачи на делата на Чарлс Дикенс. Тој се оженил со Кетрин Рабан (1870 – 1954год) во 1893 година; нивниот прв син Александар Рабан вах (познат како Алек) е роден на 8ми Јули 1898 година. Алек Вах подоцна стана романописец на белешка. За време на неговото раѓање семејството живееше во Северен Лондон, на Хилфилд Роуд, Западен Хампстед кадешто на 28ми Октомври 1903 година беше роден вториот син, „набрзина уште пред да стигне Д-р Ендрус“, изјавила Кетрин. На 7ми Јануари 1904 годин момчето беше крстено Артур Евелин Св Џон Вах, но во семејството и пошироко беше познат како Евелин.


ДЕТСТВО[уреди | уреди извор]

ГОЛДЕРС ГРИН И ХИТ МАУНТ[уреди | уреди извор]

Во 1907 година семејството го напушти Хилфиелд Роуд за „Андерхил“, куќа која Артур ја изгради близу Голдерс Грин, полу – рурална област со дневни фарми, градини и шуми со див зумбул. Евелин своите први часови ги прими дома од својата мајка, со која тој воспостави особено блиска врска – Артур Вах беше подистанцирана фигура, чијашто врска со постариот син Алек беше таква што Евелин често се чуствуваше отфрлен. Во Септември 1910 година Евелин тргна во подготовното училиште во Хит Маунт. До тогаш тој беше живо дете со многу интереси кое веќе го имаше напишано својот прв расказ, „Клетвата на коњската раса“. Вах помина шест години во Хит Моунт; според неговото тврдење тој беше „доста паметно момче“, кој беше ретко незадоволен или преплашен од часовите. Надвор од училиштето, Вах и другите деца од соседството изведуваа драматуршки дела обично пишувани од него. Во основата на верувањето, кое тогаш се негуваше во печатот, дека Германците ќе ја нападнат Англија, тој ги организира своите пријатели во банда наречена „Револверната војска“, која изгради тврдина, отиде на маневри и парадираше во импровизирани униформи. Откако во 1914 година заврши Првата Светска Војна, Вах и други момчиња од Машката Извиднича Група на Хит Моунт понекогаш работе како курири во Воената Пошта. Семејните одмори обично беа поминувани со тетките на Вах во Мидсомер Нортон, во куќа која беше осветлена со ламби на масло на кои што Вах се задоволство се сеќаваше многу години подоцна. Во Мидсомер Нортон тој многу се заинтересира во високо Англиските црквени ритуали – првите возбудувања на спиритуалната димензија која подоцна може да доминира во неговиот живот – и служеше како олтарно момче во локалната Англиска црква. За време на неговата последна година во Хит Моунт воведе и уреди училишен весник, наречен „Циникот“.

ЛАНСИНГ[уреди | уреди извор]

Алек Вах, како татко му, одеше во Шерборн училиштето и се сметаше дека и Евелин треба да го следи тој пат. Меѓутоа, во 1915 година Алек беше избркан од училиштето откако неговата хомосексуална врска излезе на виделина. Тој замина на воен тренинг и додека чекаше да се потврди неговото овластување тој напиша роман за неговиот школски живот, „Разбојништвото на младоста“, кој беше издаден од Чапмен и Хал. Романот, кој се однесуваше на хомосексуалните врски по што беше и препознатлив Шерборн, предизвика јавна сензација и толку го навреди училиштето што за Евелин беше невозможно да оди во него. Повеќе поради неговата вознемиреност тој беше испратен во Лансинг во Мај 1917 година, според неговото гледиште дефинитивно инфериорно основање. Вах наскоро ја надмина својата одбивност кон училиштето и се привикна. Тој почна да гради репутација како естет и во Ноември 1917 година имаше есеј кој се викаше „Во одбрана на Кубизмот“ прифатен од уметничкиот магазин Цртање и Дизајн – неговиот прв објавен член. Во училиштето тој стана малку подмолен, иронизирајќи ги училишните кадетни корпуси и основајќи го Корпус Клубот „за оние кои се изморени од животот“. Завршувањето на војната го пресече враќањето на младите господари во училиштето како што е Џ. Ф. Роксбург, кој го охрабри Вах да пишува и му предвиде убава иднина. Биографијата на Роксбург (кој потоа беше првиот главен предводник на Стоу Училиштето) беше последното дело кое имаше литературен преглед од Вах, во „Надгледувачот“ на 17ти Октомври 1965 година. Друг ментор, Францис Крис, го научи Вах за уметностите на калиграфијата и декоративниот дизајн; некои од делата на момчето беа доволно добри за да бидат искористени од Чапмен и Хал. Во неговите подоцнежни години во Лансинг, Вах постигна конвенционален успех, станувајќи водич, уредник на училишниот весник, претседател на дебатното општество и добивајќи бројни награди за уметност и литература. Тој исто така ги изгуби повеќето од неговите религиозни верувања. Тој започна роман за училишниот живот, безнаслов, но после 5 000 напишани збора тој го напушти трудот. Тој ги заврши своите школски денови со добивање на стипендија на Хертфолд Колеџот, Оксфорд, и во Декември 1921 година го напушти Лансинг.

ОКСФОРД[уреди | уреди извор]

Вах пристигна во Оксфорд во Јануари 1922 година. Набрзо тој им пишуваше на неговите стари пријатели од Лансинг за задоволствата кои тој ги имаше во неговиот нов живот; тој му пишал на Том Дриберг: „Оведе не работам и не одам во Црква“. За време на неговите први два семестри тој генерално тој го следеше договорот; пушеше луле, везеше велосипед, јадеше слатки и даде свој прв говор во Унијата на Оксфорд, спротивстувајќи се на движењето дека „На овој дом му е добредојдена забрана“.Вах напиша извештаи за дебатите на Унијата за двата весници на Оксфорд, Чирвел и Ајсис, и беше во улога на филм критичар за Ајсис. Тој исто така стана секретар на дебатното општество на Хертфолд Училиштето, „едено големо но не почесно работно место“, му рекол тој на Дирберг. Иако Вах се стремеше да ја задржи неговата стипендија како награда а не како отскочна даска за академски успех, тој направи доволно напори во првите два семестри за да ја положи „Историјата на предходните“ или прелиминарните испити. Пристигнувањето на софостицираниот Етониас Харолд Ектон и Брајан Ховард во Оксфорд во Октомври 1922 година го промени животот на Вах во Оксфорд. Ектон и Ховард многу брзо станаа центарот на авангардниот круг познат како Хипокрити, чиишто артистички, социјални и хомосексуални вредности беа прифатени од Вах со голем ентузијазм; подоцна тој напиша: „Ова беше сузбивачки терен за половината на мојот Оксфордски живот“. Тој почна многу да пие и се препушти на првото од неколкуте хомосексуални врски, од кои најдолги му беа оние со Ричард Парс и Аластер Грахам. Тој продолжи да пишува прегледи и кратки раскази за весниците на универзитетот и разви репутација на талентиран графички уметник. Оваа запоставеност водеше до поголема караница со професорот по историја на Вах, Крутвел , декан (а подоцна и директор) на Хертфорд Колеџот. Кога Крутвел го советува да ги подобрува своите патишта, Вах му одговори на начин за кој подоцна призна дека бил „идиотски арогантен“, со што врската меѓу нив двајца се претвори во заемна омраза. Вах ја продолжи караницата долго после неговото завршување во Оксфорд, употребувајќи го името на Крутвел во неговите рани романи. Развртничкиот начин на живот на Вах продолжи и за време на неговата последна година во Оксфорд, 1924тата година. Едно писмо кое е напишано таа година до еден пријател од Лансинг, Дадли Кеар, алудира на неколку емоционални притисоци: „Живеев многу интензивно овие три недели. Последните две недели бев речиси луд...можеби еден ден ќе ти кажам за некои од работите што се случија“. Тој се потруди само колку да ги помине последните испити во летото 1924 година со третокласен степен, многу слаб резултат кој го водеше до губење на стипендијата. Ова го спречи да се врати во Оксфорд и да ги заврши деветте семестри кои, според правилникот на Универзитетот, беа неопходни да се завршат пред да му биде даден степен, така тој си замина без степен. Кога се врати во Андерхил тој започна роман, „Светилиштето на Татач“, и работеше на филм заедно со едно од момчињата од Хипокрити, „Црвената Жена“, кој делумно беше снимен во градините на Андерхил. Тој многу време од остатокот од летото го помина во друштво на Алстаир Грахам; потоа откако Грахам замина за Кенија, Вах есента замина во Лондон на уметничкото училиште Хитерлис.

РАНА КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

ВОСПИТУВАЧ И ПИСАТЕЛ – ПОЧЕТНИК[уреди | уреди извор]

Вах започна во Хитерлис на крајот на Септември во 1924 година, но рутината му стана досадна и набрзо го напушти курсот. Тој помина неколку недели забавувајќи се во Лондон и Оксфорд додека не остана без пари и тоа го натера преку агенција да аплицира за работа како професор. Речиси веднаш тој доби работно место во Арнолд Куќата, подготвително училиште за момчиња во Северен Велс, започнувајќи во Јануари 1925 година. Тој со себе ги зеде и забелешките за неговиот роман, „Светилиштето на Датч“, со намера дека ќе работи на него во слободното време. Покрај меланхоличната атмосфера во училиштето, Вах даде се од себе за да ги задоволи барањата на позицијата која ја имаше, но краткото враќања во Лондон и Окфорд за време на Велигденскиот одмор само го зголеми неговото чувство на изолираност. Во летото 1925 година надворешниот изглед на Вах брзо се подобри, со кандитирањето за работа во Писа како секретар на Шкотскиот писател Чарлс Скот Монкриф кој беше ангажиран со англиските преводи на делата на Пруст. Верувајќи дека работата веќе е негова, Вах го напушти своето место во Арнолд Куќата. Во меѓувреме ги испрати првите поглавја од романот на Ектон за да ги оцени и да даде критика. Одговорот на Ектон беше ладнокрвен и со презир, така што Вах веднаш ја запали скриптата; кратко потоа, пред да замине во Северен Велс, тој доби вести дека работата на Монкриф пропаднала. Овие два неуспеси беа доволни за да размислува за самоубиство. Тој изјавил дека заминал блиску до плажата и оставајќи порака во неговите алишта, тргнал кон морето. Каснувањето од една медуза го предомислила и тој брзо се вратил на брегот. За време на следните две години Вах предавал во училишта во Естон Клинтон (од кое бил отпуштен бидејќи пијан сакал да ја заведе управничката на училиштето) и Нотинг Хил во Лондон. Тој како алтернатива го сметаше печатарството или столарскиот занает, и посетуваше вечерни часови за столарство на Холборн Политехниките додека продолжуваше да пишува. Еден краток расказ „Балансот“, напишан во експериментален модернистички стил, стана неговата прва објавена белетристика кога беше вклучена во антологијата на Чапмен и Хал во 1926 година, наречена „Џорџиски приказни“. Еден проширен есеј за „Пред – Рафелитовото братство“ беше скришно испечатено од страна на Алстер Грахам, користејќи го договорот со печатницата Шекспирова Главна Печатница, во Стратфорд – во – Евон каде што тој одеше на пракса како печатар. Ова водеше до потпишување на договор со Дакворт издавачите за целосна биографија на Данте Габриели Розети, која Вах ја напиша за време на 1927 година. Тој исто така започна да работи на комичен роман; после работата на неколку привремени наслови романот стана „Одбивање и влошување“. Со откажувањето од учителството тој немаше редовна работа освен еден краток, неуспешен период како репортер во Дневен Експрес во Април и Мај 1927 година. Истата година тој ја запозна (најверојатно преку неговиот брат Алек) Евелин Гарднер и се заљуби во неа, таа беше ќерка на Господарот и Господарката Бургклер.

„ТОЈ – ЕВЕЛИН“ И „ТАА - ЕВЕЛИН“[уреди | уреди извор]

Во декември 1927 година Вах и Евелин Гарднер се свршија, покрај противењето на Господарката Бургклер која мислеше дека Вах има недостаток од морал и беше непријатно друштво. Помеѓу нивните пријатели тие брзо станаа познати како „Тој – Евелин“ и „Таа – Евелин“. Во тоа време Вах беше зависен од четирите фунти кои неделно татко му му ги даваше и некои минимални суми тој заработуваше од прегледувањето книги и од новинарството. Биографијата на Розети беше издадена на еден генерално пријатен прием во Април 1928 година. Џ. К. Скваир во „Надгледувачот“ ја пофали елегантноста и остроумноста во книгата; Ектон даде промислено одобрување а романописецката Ребека Вест опиша колку многу таа уживала во книгата. Кога „Одбивање и влошување“ беше завршена, Дакворт даде забелешка за нејзината „непристојност“ , но Чапмен и Хал се согласија да ја издадат. Ова беше доволна за Вах и Евелин Гарднер да почнат со плановите за венчавка. Тие се венчаа во црквата Св. Пол во Портман Сквер, во Јуни 1928 година каде што присутни беа само Ектон, Алек Вах и пријателката на невестата Пенси Пејкнам. Домот на младиот брачен пар беше во мал стан во Канонбури Сквер, Ислингтон. Првите неколку месеци бракот беше презасенет со беспарица и поради кревкото здравје на Таа – Евелин кое продолжи да биде такво и во есента. Во Септември 1928 година „Одбивање и влошување“ беше издадена за речиси едногласна цена. До Декември книгата беше во своето трето печатење и Американските права за издавање беа продадени за 500$. По пријатната возбуда од овој успех Вах беше задолжен да пишува патописни статии како возврат за бесплатно крстарење по Медитеранот, кое тој и Таа – Евелин го започнаа во Февруари 1929 година како еден задоцнет и проширен меден месец. Патувањето беше прекинато кога Таа – Евелин добила тешка пневмонија и беше однесена во Британската болница во Порт Сед. Таа закрепна и парот во Јуни се врати дома. Во Јули, без предупредување, Таа – Евелин изјавила дека нивниот заеднички пријател, Џон Хејгејт, е нејзин љубовник. Ова признание го шокира и вџаши Вах. Откако обидувањето за смирување не успеа, Вах поднесе развод на 3ти Септември 1929 година. Тие потоа се сретнаа само еднаш, за време на процесот за поништување на бракот неколку години подоцна.

Кристофер Сајкс, човекот кој ја пишувал биографијата на Вах, запишал дека после разводот пријателите на Вах „виделе или веруваат дека виделе нова суровост и огорченост“ на неговиот изглед. Покрај писмото до Ектон во кое тој напиша дека тој „не знаеше дека возможно да биде толку мизерен и жив“. Вах наскоро продолжи со неговиот професионален и социјален живот. Тој го заврши неговиот втор роман „Злобни тела“ и пишуваше членови вклучувајќи и еден за Дејли Меил во кој го опишувал значењето на свадбената церемонија. Помеѓу Септември и Јануари 1930 година, кога романот беше издаден, Вах се селел од куќа во куќа кај негови пријатели, рутина која што тој сакаше да ја продолжи како што немаше свој постојан дом за наредните осум години. „Злобни тела“, сатира за паметните млади луѓе од 1920тите, беше издадена на 19ти Јануари 1930 година и беше првиот голем успех за Вах. Покрај неговиот лажно – библиски наслов, книгата е темна, горчлива, „манифест на разочараноста“, според биограферот Мартин Станард. Како автор со најмногу продавана книга, Вах можеше да повеќе да вложува во новинарството. Редовно работеше за „График“, „Таун и Кантри“ и „Харперс Базар“.

КОНВЕРЗИЈА ВО КАТОЛИЦИЗМОТ[уреди | уреди извор]

На 29ти Септември 1930 година Вах беше примен во Романско Католичката Црква. Ова го шокираше неговото семејство и ги изненади неговите пријатели, овој потег зе задржал некое време. Иако тој го загуби својот Англицизам во Лансинг и водеше еден нерелигиозен живот во Окфорд, од средината на 1920тите постојат белешки во неговите дневници кои се однесуваат на религиозни дискусии и редовно одење на црква. На 22ри Декември 1925 година Вах напишал: „Клауд и јас ја зедовме Одри на вечера и седевме до 7 наутро расправајќи за Романската Црква“. Записот за 20ти Февруари 1927 година гласи: „Одам да го посетам Отец Андерхил бидејќи сакам да бидам свештеник“. Низ овој период Вах беше под влијание на неговата пријателка Оливија Планкет – Грин, која беше преорентирана во 1925 година и за која Вах напиша писмо: „Таа ме внесе во црквата“. Тоа беше таа која која го одведе до Отец Мартин Дарси, човекот кој го наговори Вах „на непопусливи интелектуални убедувања но со малку емоции“ дека „Христијанското разоткривање е вистинското“. Во 1949 година Вах објани дека неговото преориентирање беше проследено од неговото сфаќање дека животот е „неразбирлив и краткотраен без Бога“.

ПИСАТЕЛ И ПАТНИК[уреди | уреди извор]

На 10 Октомври 1930 година Вах, претставувајќи неколку весници, замина за Абсинија за да го следи крунисувањето на Хајл Селаси. Тој настанот го изјави како „обид за елаборатна пропаганда“ за да го убеди светот дека Абсинија е цивилизирана нација, отповикувајќи се на вистината дека императорот ја постигнал моќта со груби средства. Следното патување преку Британските Источно – африкански колонии и Белгиското Конго ја постави основата на две книги; патописот „Далечни луѓе“ (1931год) и комичниот роман „Црното зло“ (1932год). Следното поголемо патување на Вах, зимата 1932 – 33 година, беше во Британска Гвијана (сега Гвајана) во Јужна Америка, на кое најверојатно заминал за да се оддалечи од долгата и непотребна страст за светската жена Тереза Џангмен. Со пристигнувањето во Џорџитаун, Вах закажа патување по реката покрај испарувањето на водата во внатрешноста. Патем тој застануваше во Боа Виста во Бразил, а потоа по копно пак се врати во Џорџитаун. Неговите многубројни авантури и средби беа основата на две понатамошни книги: за неговото патување кое било „Деведесет и два дена“ и романот „Рака полна прашина“ и двете издадени во 1943 година. Со враќањето во Јужна америка, Вах се соочи со обвиненија за безобразност и богохулење во Католичкиот журнал „Таблетот“, кои имаа свој дел во „Црното зло“. Тој се бранеше во едно отворено писмо до Архиепископијата од Весминстер, до Кардиналот Бурн. Во летото 1934 година тој замина на една екпедиција до Спитсберген во Арктикот, едно искуство во кој тој не уживаше и од кое тој имаше минимална литературна корист. На враќањето, одлучен да напише голема Католичка биографија, тој го избра лицемерниот маченик Едмунд Кемпион како негова тема. Книгата, издадена во 1935 година, предизвика контроверзност за неговото директно прокатоличко, антипротестантско гледиште но му донесе Хаторденова награда. Тој се врати во Абисинија во август 1935 година, за да пишува членови за запчнувањето на Втората Итало – Абисијанска Војна за веснико „Дејли Меил“. Вах, од неговите поранешни посети, ја сметаше Абисинија како „брутално место кое Мусолини добро го контролираше“. Вах беше сведок на една мала акција и не беше комплетно сериозен во неговата улога како воен кореспондент. Дидис имаше забелешки за снобството на писателот: „Никој од нас не го измери доволно друштвото кое тој сакаше да го има во неговиот дом“. Меѓутоа, во пресрет на заканувачките Италијански воздушни напади, на Дидис храброста на Вах му изгледаше „многу смирувачка“. Вах своите искуства од Абисинија ги запиша во книга која се вика „Вах во Абисинија“ (1936год), која што Роуз Макаулеи ја сметаше како „фашистичка трага“ поради неговиот проиталијански тон во книгата. Социјалниот круг на Вах се прошири во 1930тите, со многу нови познанства меѓу кои беше и Лејди Дијана Купер и нејзиниот сопруг Даф Купер, Ненси Митфорд која беше стара пријателка на Евелин Гарднер, и сестрите Лигон. Вах го познаваше Хах Патрик Лигон од Оксфорд; а сега тој беше запознаен и со девојките и нивната куќа на село, Мадресфилд Корт, кој му стана најблизок за разлика од онаа која ја имаше дома за време на годините на лутање. Во 1993 година, на крстарењето по Грчките острови, Отецот Дарси го запознал со Габриел Херберт, најстарата ќерка на Обри Херберт, истражувач. Кога крстарењето заврши Вах беше поканет да остане во вилата на семејството Херберт во Портофино, кадешто тој беше запознаен со 17 – годишната сестра на Габриел, Лора Херберт.

ВТОР БРАК[уреди | уреди извор]

Вах прифати дека би бил способен повторно да се ожени додека Евелин Гарднер е се уште жива. Меѓутоа, тој сакаше жена и деца и во Октомври 1933 година започнаа процедурите за поништување на бракот на основа на „недостаток на вистинско согласување“. Случајот се слушна до црковниот трибунал во Лондон, но задоцнувањето во поднесувањето на документите во Рим значеше дека поништувањето не може да се одобри до 4 Јули 1936 година. Во меѓувреме, следејќи ја нивната прва средба во Портофино, Вах се заљуби во Лора Херберт. Тој и предложи брак, преку писмо, пролетта 1936 година. Во почетокот во семејството Херберт постоеше страв, тоа беше аристократско Католичко семејство; како понатамошна компликација, Лора Харберт беше братучедка на Евелин Гарднер. И покрај несогласувањата од семејството бракот беше склучен на 17 Април 1937 година. Како свадбен поклон бабата на невестата им купи селска куќа близу Стинчкомби во Глоуцестершир. Нивното прво дете, ќерка, Марија Тереза, се роди на 9 Март 1938 година а потоа имаа и син Оберон Александар, кој се роди на 17 Ноември 1939 година. Помеѓу овие настани, „Ексклузивната вест“ беше издадена во Мај 1938 година со широко критичко одобрување. Во Август 1938 година Вах заедно со Лора замина на тримесечно патување до Мексико после кое ја напиша книгата „Законски Грабеж“, базирана на неговото искуство таму. Во книгата тој го изнесе јасно своето конзервативно верување; а подоцна ја опиша книгата како справување „малку со патување а повеќе со политички прашања“.

ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА[уреди | уреди извор]

КРАЛСКАТА МАРИНА И КОМАНДОС[уреди | уреди извор]

Со започнувањето на војната во Септември 1939 година, Вах го напушти Пјерс Корт и со своето семејство се пресели во Прикстон Парк во Самерсет, селското седиште на семејството Херберт, каде што бараше милитарно вработување. Тој исто така започна роман со нов стил, користејќи раскажување во прво лице. Работата на овој проект заврши кога во Декември Вах беше примен во Кралската Марина и започна да тренира во морнарската база Четам. Романот никогаш не беше завршен; делови од него беа издадени под наслов „Работата е суспендирана“. Вах наскоро беше ставен во секојдневната рутина која му направи да се чувствува „толку вкочанет во ’рбетот што му причинуваше голема болка дури и при земањето пенкало со рака“. Во Април привремено беше унапреден во капетан и му беше дадена команда, но дури после Германската инвазија на Законските држави неговиот баталјон не беше повикан во акција. Неспособноста на Вах да се прилагоди на полковничкио живот доведе до набрзо губење на неговата команда и стана Разузнавач на баталјонот. Во оваа улога тој конечно стапи во акција, како дел од силата испратена во Дакар во Западна Африка во Август во 1940 година за да го поддржат обидот на Слободните Француски Трупи да го стават Генералот Де Гули како тамошен водич. Попречени од маглата и неинформираноста за големата одбрана на градот, мисијата беше неуспешна и на 26 Септември Британските сили се повлекоа. Вах коментираше дека „Пролевањето крв беше избегнато на сметка на честа“. Во Ноември 1940 година Вах беше ставен на командна единица и со понатамошниот тренинг тој стана член на „Леј силата“ со бригаден командант Роберт Лејкок. Во Февруари 1941 година единицата исплива на Медитеранот, каде што учествуваше во неуспешен обид за освојување на Бардија, на Либијскиот залив. Во Мај силата беше замолена да помогне во евакуацијата на Крит; Вах беше шокиран од нередот, загубата на дисциплината, и како што виде тој, кукавичлакот на заминувачките трупи. Во заобиколеното патување кон дома во Јули со брод Вах го напиша романот „Ставете повеќе знамиња“, роман од раните месеци на војната напишан во неговиот препознатлив стил од 1930тите. Во Англија следеше уште повеќе тренирање и чекање, се додека во Мај 1942 вах беше префрлен, со препорака од Лејкок, во Кралските Коњанички чувари. На 10 Јуни 1942 година Лора го роди и четвртото дете, Маргарет.

ФРУСТРАЦИЈА, БРАЈДСХЕД И ЈУГОСЛАВИЈА[уреди | уреди извор]

Восхитувањето на Вах за неговото преместување наскоро се претвори во разочарување бедејќи тој не успеа да пронајде можности за активна служба. Смртта на неговиот татко на 26 Јуни 1943 година и неопходноста да се справува со семејните проблеми го спречија да замине со неговата бригада за Јужна Африка, како дел од операцијата Хаски. Покрај неговата непоколеблива храброст, неговиот немилитарен и недициплиниран карактер го правеа невработен. После магијата на безработноста во полковништвото во касарната во Виндсор, Вах започна со тренирање за падобранство во Татон Парк, каде што се спушти незгодно и се повреди. Опоравувајќи се во Виндсор, тој аплицираше за едно тримесечно неплатено патување за да го напише романот кој се создаваше во неговите мисли. Неговото барање беше одобрено и на 31 јануари 1944 година тој замина за Чагфорд во Дивон, каде што тој можеше да работи во изолација. Резултатот од неговиот труд беше „Повторна посета на Брајдсхед“, првиот експлицитен „Католички“ роман на Вах. Биограферот Даглас Лејн Патеј смета дека: „книгата која што требаше да ја потврди неговата нова смисла за неговата дарба за пишување“. Вах успеа да си замине до Јуни 1944 година. Набрзо по неговото враќање на должноста тој беше регрутиран од страна на Рендолф Черчил за да служи во воена мисија во Југославија и на почетокот на Јули одлета заедно со Черчил во Хрватскиот остров Вис. Овде тие се запознаа со Маршалот Тито, водач на партизаните, и со меѓусебна поддршка ја водеа борбата против окупирачките сили. Вах и Черчил се вратија во Бари во Италија пред да одлетаат назад во Југославија и да ја започнат нивната мисија, но нивниот авион се сруши и тие двајца беа повредени и беа отсутни еден месец. На крај мисијата пристигна во Топуско, каде што тие се утврдија во една запуштена куќа на фарма. Должностите на групата – посредувањето меѓу Британската армија и Партизаните – беа избледени; во секој настан, Вах имаше благонаклонетост кон комунистичко предводените Партизани и презираниот Тито. Неговиот главен интерес беше благосостојбата на Католичката црква во Хрватска, за која тој мислеше дека е под влијание на рацете на Српската Православна Црква и бе била и полоша кога комунистите ја преземаа контролата. Тој ги искажа овие мисли во долг извештај, „Црквата и Државата во Ослободената Хрватска“. После Дубровник и Рим, Вах се врати во Лондон на 15 Март 1945 година да го претстави својот извештај, кој беше забранета од страна на Министерството за надворешни работи кое се залагаше за одржување на добри односи со Тито.

ПОСТВОЕНИ ГОДИНИ[уреди | уреди извор]

СЛАВА И БОГАТСТВО[уреди | уреди извор]

„Повторна посета на Брајдсхед“ беше издадена во Лондон 1945 година. Вах беше сигурен за квалитетите на книгата, „ова е повеќе мој прв роман отколку последен“. Тој беше огромен успех, давајќи му слава на писател, богатство и литературен статус. Со овие исходи тој беше многу среќен но неговата главна окупација откако заврши војната беше судбината на големите популации на Источно Европските Католици, западнати во рацете на Сталиновиот Советски Сојуз. Тој сега виде мала разлика во моралот помеѓу воените борци и подоцна го опиша тоа како „загушено влечење од војна меѓу тимовите на нејасните безобразници“. Иако тој имаше моментално задоволство од неуспехот на Черчил и Конзервативците на изборите во Јуни 1945 година, тој го виде зголемувањето на моќта на партијата на трудот како триумф врз барбаризмот и почетокот на „Темните години“. Во Септември 1945 година, по напуштањето на армијата, тој се врати во Пиерс Корт со неговото семејство (уште една ќерка, Хариет, која се родила во Прикстон во 1944 година), но повеќето од следните 7 години ги помина во Лондон, или патувајќи. Во Март 1946 година тој ги посети Нурмберг Тријалс и подоцна истата година тој беше во Шпанија поради прослава на 400тата годишнина од смртта на Франциско де Виторија, основачот на Меѓународното Право. Вах ги запиша неговите искуства од фрустрациите од поствоениот период во Европа во роман, „Модерната Европа на Скот Кинг“. Во Февруари 1947 година тој ги направи првите неколку патувања во Америка, најпрво бидејќи сакаше да дискутира за снимањето на „Брајдсхед“. Овој проект пропадна, но Вах го искористи своето време во Холивуд да ги посети Форест Лон гробиштата, од кои ја презеде основата за неговата сатира за Американската перспектива на смртта, „Саканиот“. Во 1951 година тој ја посети Светата Земја заедно со неговиот иден биографер, Кристофер Сајкс, и во 1953 година тој замина за Гоа за да биде сведок на последното изложување на останките на Св. Францис Ксавиер пред тие да бидат изгорени. Во меѓувреме на неговите патувања Вах непрекинато работеше на „Хелена“, еден долго – планиран роман за откривањето на Вистинскиот Крст, „до сега најдобрата книга која сум ја напишал или некогаш ќе напишам“. Неговиот успех со јавноста беше ограничен, иако тој беше, како што неговата ќерка Хариет подоцна рече: „единствената од неговите книги за која се согласил да ја прочита на глас“. Во 1952 година Вах ја издаде книгата „Луѓе на раце“, првата негова полу автобиографска воена трилогија, во која тој ги внесе своите лични искуства и средби во раните почетоци на војната. Други книги за време на овој период се „Кога одењето беше добро“ (1946 год), антологија за неговото пишување на предвоеното патување и „Љубoв помеѓу урнатините“ (1953 год), дестописка приказна во која Вах го изложува неговиот поглед кон модерниот свет. На 50 години, Вах беше стар за неговите години, „делумно глув, реуматичен, раздразлив“, многу зависен од алкохолот и на дроги за да ја намали несоницата и депресијата. Уште две деца му се родија Џејмс (роден 1946год) и Септимус (роден 1950год). Од 1945 година па натаму Вах стана алчен колектор на предмети, особено Викторијански слики и мебел. Тој го наполни Пиерс Корт со неговите набавки, најчесто од Лондонскиот Портбело пазар и од распродажбите од куќите. Неговиот запис во дневникот на 30 Август 1946 година содржи посета на Глоучестер каде што тој купи многу дрво, фино изделкано за 25 фунти, исто така и торба за книги за 35 фунти...шрамирачка кинеска слика за 10 фунти. Некои од купените работи беа лукави и ценети; тој плати 10 фунти за „Дух на виножитото“ на Розети за да започне колекција од Викторијанските слики кои тогаш беа од голема вредност. Вах исто така започна, од 1949 година, да пишува поучни прегледи и членови на тема сликарство.

НЕРВЕН СЛОМ[уреди | уреди извор]

До 1953 година популарноста на Вах како писател опаѓаше. Тој беше гледан како надвор од колосек и големите суми што тој ги бараше повеќе не беа достапни за него. Неговите пари исчезнуваа а напредокот на неговата втора книга за воената трилогија, „Офицери и Џетлмен“ опаѓаше. Делумно поради неговата зависност од дрога, неговото здравје беше многу влошено. Недостатокот на пари го водеше во Ноември 1953 година да биде интервјуиран на БиБиСи радиото, каде што разговорот зазема агресивна линија. „тие сакаа да направат будала од мене и мислам дека не можеа целосно да успеат“, и пиша Вах на Ненси Митфорд. На почетокот на 1954 година докторите на Вах, загрижени поради неговото влошување, советуваа промена на сцената. На 29 Јануари тој се качи на брод и замина за Сејлон, надевјќи се дека ќе биде способен да го заврши својот роман. За неколку дена тој пишуваше дома жалејќи се на „озборувањата од другите патници за мене“ и од гласовите кои се ширеа. Тој го напушти бродот во Египет и одлета на Колумбо но, тој и напиша на Лора за гласовите кои го следеа. Алармирана, Лора побара помош од нејзината пријателка Францес Доналдсон, чиј што сопруг се согласи да одлета во Сејлон и да го донесе Вах дома. Всушност Вах сам си дојде дома, поради (за сега верувајќи) тоа што бил опседнат со ѓаволи. Кратко медицинско испитување покажа дека Вах страдаше од опседнатост од дрогите кои ги користел. Кога му беше сменет лекот гласовите и халуцинациите набрзо исчезнале. Вах беше просветлен, информирајќи ги сите негови пријатели дека тој бил луд. Искуството беше полу – функционално и резултираше неколку години подоцна во книгата „Искушението на Гилберт Пинфолд“ (1957 год).

ДОЦНИ ДЕЛА[уреди | уреди извор]

Закрепнат со здравјето, Вах се врат на работата и ја заврши „Офицери и џентлмен“. Во Јуни 1955 година новинарката и прегледувач на Дејли Експрес, Ненси Сеин, придружувана од нејзиниот пријател Господарот Ноел Бакстон, пристигнаа непоканети во Пиерс Корт и побараа интервју. Вах го виде парот и напиша изопачена сметка за „Набљудувачот“, но тој беше фатен во тесно од инцидентот и одличи да го продаде Пиерс Корт; „Мислам дека е загаден“, и рече тој на Ненси Митфорд. Подоцна во 1956 година семејството се пресели во големата куќа во Сомерсет селото во Комби Флореи. Еден весник објави член од Шпанија, велејќи дека продажбата на книгите на Вах е многу пониска отколку што беше порано и неговата вредност како новинар беше ниска. Пинфолд беше објавена во летото 1957 година, која што Вах ја нарекуваше „мојата будалеста книга“. Опсегот во кој што приказната е повеќе само – исмевање на не вистинита афтобиографија стана предмет на критичка дебата. Следната голема книга на Вах бее биографијата на својот долгогодишен пријател, Католичкиот писател и теолог Фр. Роналд Накс, кој умрел во Август 1957 година. Истражувањето и пишувањето се продолжи на повеќе од две години, за кое време Вах направи друго мало дело, третиот дел од неговата воена трилогија. Во Јуни 1958 година неговиот син Оберон беше погоден во акцидент на пукање додека и служел на армијата во Кипар. Вах остана рамнодушен; тој не отиде во Кипар, ниту пак веднаш го посето Оберон кога се вратил во англија. Критичарот и литературен биографер дејвид Вајкс го нарекува Вах „чуден“ и прифаќањето на семејството на неговото однесување итн. Иако повеќето од книгите на Вах добро се продавале и добро е награден за неговото новинарство, неговите нивоа на потрошувачка значеа проблеми со пари и даночни сметки во иднина. Во 1950 година, како средство за избегнување на данок, тој направил фонд за своите деца (го нарекол „заштеда за фондот на децата“) во кој тој ставил почетен аванс и сите негови идни авторски права од Пенгвин додатоци на неговите книги. Тој беше способен ги зголемува неговите лични финансии со заложување на работите од домаќинството или со продавање на работите кои тој ги поседувал. До 1960 година недостатокот од пари го натера да се согласи за едно интервју на БиБиСи телевизијата, во серијата Очи во Очи спроведувана од Џон Фримен. Интервјуто беше емитубано на 26 Јуни 1960 година; според неговиот биографер Селена Хастингс, Вах го контролираше неговото инстиктивно непријателство и ладен одговараше на прашањата поставувани од Фримен. Во 1960 година Вах ја одби поканата од ЦБИ, верувајќи дека тој треба да биде претставен како витез. Во Септември тој ја напиша неговиот последен патопис „Турист во Африка“, базирана на една посета од јануари до Март 1959 година. Тој уживаше во патувањето но ја „презираше“ книгата. Критичарот Кирил Коноли го нарече тоа „најмалото парче книга кое г-дин Вах го напишал“. Кога беше готова таа книга тој работеше на воените романи, кои беа објавени во 1961 година како „Безусловно предавање“.

ОДБИВАЊЕ И СМРТ[уреди | уреди извор]

Како што ги помина шеесеттите години, Вах беше со кревко здравје, со предстаросни години „дебел, глув, со недостаток на воздух“ според Патеи. Биограферот Мартин Станард го спореди неговиот изглед со оној на „изморен дивјак придружуван со пијачка“. Во 1962 Вах започна да работи на својата автобиографија и истата таа година ја напиша неговата последна басна, приказната „Базил Сиал јава повторно“. Ова обновување на главниот протагонист „Ставете повеќе знамиња“ беше издадено во 1963 година; Набавката на Тајмс Библиотеката ја нарече „мала безобразна книга“. Кога првиот дел од автобиографијата, „Малку учење“, беше издаден во 1964 година нејзиниот зависен тон и дискретната промена на имиња осигура дека пријателите го избегнувале засрамувањето од кое некои се плашеле. Вах го поздравил доаѓањето на Папата Џон 13ти во 1958 година и пишуваше во чест на луѓето кои умреле во 1963 година. Меѓутао, тој многу се загрижил од одлуките кои биле донесени од страна на Вториот Ватикански Совет, предводен од Папата Џон во Октомври 1962 година и продолжи под неговиот наследник до 1965 година. Вах, голем противник на црквента реформа, беше делумно вознемирен со замената на универзалната Латинска Богослужба со домашната. Во член во „Набљудувачот“ на 23 Ноември 1962 година тој расправаше за случајот против промената на начин опишан во коментарно писмо како „остра разумност“. Тој и пиша на Ненси Митфорд дека „зафркнувањето на Црквата е голема жалост за мене...Ние пишуваме писма на хартија“. Во 1965 година нова финансиска криза се појави од ненадејна грешка во „Штедење за децата“, каде што голема сума за плаќање данок му беше побарана. Агентот на Вах, Питерс, преговараше за спогодба со властите за данокот за некоја попристојна сума, но за негово изненадување, за Вах да ги генерира средствата имаше потпишано договори за да напише неколку книги, вклучувајќи и историја на папството, илустративна книга за витезите и втор дел од својата афтобиографија. Физичкото и менталното нарушување на Вах го спречија во создавањето на овие дела и договорите беа откажани. Тој самиот себе се опиша како „штрб, глув, меланхоличен, неспособен за јадење, полн со дрога, доста бескорисен“ и го искажа верувањето дека „сите судбини се полоши од смртта“. Неговата единствена значајна литературна активност во 1965 година беше уредувањето на трите воени романи во еден том, издаден како „Заколнати во чест“. На Велигден, 10 Април 1966 година, по проследувањето на Латинската Богослужба во соседното село зедно со членовите на неговото семејство, Вах ненадејно умре од срцев удар во неговиот дом во Комби Флореи. Тој беше кремиран, со специјална подготовка, во посветениот дел надвор од Англиските гробишта во Комби Флореи. Реквиемска Богослужба, на Латински, беше одржана во Вестминстер Катедралата на 21 Април 1966 година.