Корисник:Profpetre/Гитарски засилувач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Засилувач Електронски уред составен од активни компоненти со намена зајакнување на параметри на електричен сигнал. Може да биде напонски,струен или засилувач на моќност. зависно од критеруимот може да се извршат многу поделби на засилувачите. основна поделба би била според тоа кои честоти ги засилува. Според овој критериум може да биде нискофреквентен засилувач или високофреквентен. Ако условно земеме дека ниски се честотите кои ги слуша човекот, а тоа се честотите на аудиоопсегот, тогаш сите други може да ги прогласиме за високочестотни или радио честоти. Друга поделба би била според според видот на активната компонента: електронска ламба, биполарен транзистор, FET транзистор, MOS-FET транзистор, V-FET транзистор или интегрално коло. Според намената на засилувачот, тој може да биде [гитарски], засилувач за наглуви лица, телефонски засилувач и тн. Според класата во која работи активниот елемент може да биде засилувач во А класа, во Б-класа, АБ-класа, Ц-класа. Покрај овие класи постојат и други класи па имаме специјални засилувачи во Д-класа, Х-класа, Г-класа кои имаат посебен режим на работа и особени решенија, подсклопови и принципи на работа кои се разликуваат од првата група на класи на засилувачи. Ако засилуваат мали сигнали тоа се засилувачи за мали сигнали, а спротивно ако работат со големи се засилувачи за големи сигнали. Првите се сретнуваат на влезот во засилувачкиот уред и може да се сретнат и под името влезни засилувачи или предзасилувачи а вторите на крајот од засилувачкиот ланец и ѕтоа се излезните засилувачи. Секако според други критериуми има и многу други поделби на засилувачите.