Корисник:Nina Kepeska

Од Википедија — слободната енциклопедија

проф. д-р Ванчо Чифлиганец ( 26 декември 1954, Радовиш, Р. Македонија ) --- македонски стопанственик, претприемач, бизнисмен, универзитетски професор, општественик, пратеник, спортски активист, филантроп, јавна личност.

проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Датум на раѓање: 26 декември 1954

Место на раѓање: Радовиш, Р. Македонија

Образование: д-р на науки, Универзитет во Белград, Рударско-геолошки факултет

Занимање: стопанственик

Преокупација: бизнис инвестиции и иновации, градителство - висока градба, берзанско тргување, научна дејност, општествена активност, филантропија, спортски и хумани проекти

Познат како: генерален директор на Адора инженеринг Скопје, најголем поединечен акционер во Комерцијална Банка АД Скопје, универзитетски професор, поранешен генерален директор на Рудник Бучим-Радовиш, поранешен пратеник во Собрание на Р. Македонија, активист во спортот-борењето, основач на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец 

Националност: Македонец

Државјанство: македонско

Град на живеење: Скопје, Р. Македонија

Сопружник: Данка Чифлиганец

Деца: Евангелина Чифлиганец, д-р Драгана Д. Чифлиганец, Душко Чифлиганец

Веб-место: www.adora.com.mk

Биографија[уреди | уреди извор]

Чифлиганец е роден на 26 декември 1954 година во скромно седумчлено земјоделско семејство, од татко Илија и мајка Ванѓа, во приградската населба Раклиш ( радовишко ). Основно образование завршил во Радовиш, а Средно рударско-геолошко училиште во 1973 година во Пробиштип, каде се стекнал со звањето геолошки техничар. На универзитетот во Белград, се запишува во 1973 година на Рударско-геолошкиот факултет. Во септември 1977 година тој дипломира за неполни четири години ( редовните студии биле пет години ) и се стекнува со звањето дипломиран геолошки инженер. На Рударско-геолошкиот факултет во Белград магистрира во 1982 година, каде се стекнува со докторска титула во 1987 година.

Во 1977 година тој се вработува во рудникот за злато и бакар Бучим во Радовиш, каде во 1988 година е избран за генерален директор, позиција на која е до 1999 година, период на рентабилно работење на рудникот, проследено со економски, инфраструктуен и спортски развој на регионот на Радовиш.

Во 1983 година Чифлиганец е избран за асистент на Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде во 1995 година станува редовен професор

Во првиот плуралистички амбиент во Македонија, во периодот од 1944 до 2002 година, Чифлиганец беше пратеник на СДСМ Собранието на Македонија, во два мандати.

На 28 август 2002 година, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја формира градежната компанија Адора инженеринг. Во период од 18 години таа се етаблира како една од најуспешните компании во високоградбата во Македонија, за што ѝ се доделени 10 интернационални награди и над 40 национални признанија.

Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг во 2019 година стануваат најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата македонска деловна банка. Адора инженеринг во 2020 година поседува 12,78 % од акциите на банката, а Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

По реализирани голем број општествено корисни проекти, во 2014 година тој ја основа Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за хумани активности, поддршка и унапредување на образованието, науката, спортот, културата и уметноста во Македонија.

Деловна кариера[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец зад себеси има над 40 годишна плодна деловна кариера.

Рудник Бучим Радовиш[уреди | уреди извор]

Чифлиганец се вработува во рудникот Бучим во Радовиш на 4 октомври 1977 година, како најмлад инженер – геолог. Тој менува 11 работни места на хиерархиската скала во Бучим и во 1988 година, на 33 годишна возраст се искачува на врвната позиција --- генерален директор, каде останува до 1998 година. За време на неговото раководење со единствениот рудник за злато и бакар во Македонија, наследената загуба се претвора во рентабилно ( профитабилно ) работење и Бучим во наредната деценија постојано е со позитивни завршни финансиски сметки. Периодот 1988 - 1998 во рудникот Бучим е во знакот на нови инвестиции и проекти, натфрлувања на производството, едукација на кадрите, стипендии за младите, 13-та плата и солиден стандард на 900 вработени. Тоа е проследено со раст на економијата, подобар стандард на граѓаните, реализација на проекти од стопанството, инфраструктурата, спортот и други области. Во овој период се изградени: АД Голдмак - Радовиш, првата фабрика за златен накит и дијаманти во Македонија, спортско – рекреативниот центар со базен Шампион – Радовиш, современи рударски здравствени амбуланти, работничко одморалиште во Дојран и други објекти од корист на жителите на источниот регион на Македонија.[1]

Адора инженеринг Скопје[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец 18 години е генерален директор и сопственик на Адора инженеринг
Со шлем на главата Чифлиганец на арматура на градежен објект

На 28 август 2002 година, православниот празник Голема Богородица и Денот на македонските рудари, Чифлиганец ја основа градежната компанија Адора инженеринг, како надградба на семејниот бизнис Адора, првата приватна аптека во Радовиш, основана во 1992 година од Данка Чифлиганец, фармацевт, специјалист за контрола на лекови.[2] Адора инженеринг за 18 годишен развој, се етаблира како една од најуспешните компании во високоградбата во Македонија, предводник во креирањето нов концепт за побезбедно, поквалитетно, покомфорно, здраво и економично домување. Оваа градежна компанија има изградено 40 станбено-деловни објекти, со 300 илјади m² нето развиена површина, реализирани се инвестиции со економски обрт од околу 350 милиони евра, изградени се околу 3.000 висококвалитетни домови, во кои живеат над 12 илјади граѓани. Компанијата перманентно е меѓу 200 најуспешни и најголеми компании во Р. Македонија, шест години беше меѓу 25 најуспешни фирми и најбрзорастечки компании[3]. На 26 јули 2013 година на свој станбен објект во Ново Лисиче, Скопје, на 50 годишнината од Скопскиот земјотрес , Адора инженеринг во соработка со Институтот за земјотресно инженерство ( ИЗИИС ), го реализира првиот вештачки земјотрес во самостојна Р. Македонија, за докажување на стабилноста на новоизградените домови, за сигурност на станарите од потенцијални земјотреси[4]. Компанијата прва почна со изградба на енергетски ефикасните станбени згради во Македонија, за што на 3 октомври 2014 година го доби првиот енергетски сертификат А класа од лиценцираната фирма Делта Проект Скопје, за станбениот објект „Аеродром Парк 1“ во општина Аеродром.[5] За воведување на звучна изолација 80 % над македонските стандарди во станбениот објект Адора Флетајрон ( Adora Flatiron ) во Скопје, во декември 2017 година компанијата ги доби првите акустични сертификати[6] во Македонија, издадени од Ригибс Сен Гобен ( Rigips Saint-Gobain ) и Ритам Трејд. Станбениот објект Адора Дајмонд Гарден ( Adora Diamond Garden ) во Скопје, со 5,5 тони растенија од природно потекло е меѓу најголемите внатрешни градини [7]за домување во Европа, за што во 2019 година министерството за економија на Р. Македонија ѝ ја додели националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија, осмо национално признание за Адора инженеринг за долгорочниот проект за изградба на зелените еко домови[8].

Комерцијална Банка АД Скопје[уреди | уреди извор]

Воден од претприемачкиот дух и постојаната желба за личен, професионален и сеопшт напредок, проф. д-р Ванчо Чифлиганец инвестира и во други сфери и компании. Во 2018 година тој започна со купување акции во неколку компании во Македонија, ставајќи го фокусот на Комерцијална банка. Со купување на на 12,78 % од акциите на банката, Адора инженеринг е најголем поединечен акционер во Комерцијална банка АД Скопје, а Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на банката и учествува во креирањето на севкупните политики на банката[9].

Чифлиганец е отворен за нови бизнис инвестициски предизвици во иднина.

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Белградски универзитет[уреди | уреди извор]

Интересот за науката кај Ванчо Чифлиганец доаѓа до израз на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, каде тој предвремено дипломира на 14 септември 1977 година, завршувајќи ги за четири години, редовните студии кои траеле пет години. Тој се стекнува со звањето дипломиран геолог со одбрана на дипломската работа како прв во својата студентска генерација. Вработен како инженер-геолог во рудникот Бучим Радовиш, тој се запишува на магистерски студии на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, каде на 26 декември 1982 година, се стекнува со магистерска титула со одбрана на магистерскиот научен труд „Валоризација на корисните компоненти во рудникот Бучим: злато, сребро и магнетит“ ( Валоризација корисних компонената рудника Бучим: злато, сребро и магнетит ). На 26 декември 1987 година, на 33 годишна возраст, се стекнува со докторска титула [10] на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, бранејќи ја докторската дисертација на тема „Металогенетски карактеристики на лежиштата на бакар во Бучим во српско-македонската металогенетска провинција“ ( Металогенетске карактеристике лежишта бакра Бучим у српско – македонској металогенетској провинцији ).

Универзитет Гоце Делчев-Штип[уреди | уреди извор]

Во 1983 година е избран за асистент на Рударско-геолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде во 1988 година го добива звањето доцент, во 1992 година станува вонреден професор, а во 1995 година е избран во звањето редовен професор. Во тој период, Чифлиганец на Рударско-геолошкиот факултет на универзитетот во Штип, го предава предметот „Економска геологија, менаџмент и металогенија“.

Објавени научни трудови и публикации[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец е автор на стручни и научни трудови од областа на геологијата[11], меѓу кои се: „Значењето на валоризацијата на придружните корисни компоненти при површинската експлоатација на бучимското лежиште на бакар“ ( Значај валоризација пратећих корисних компоненти при површинској експлоатацији бучимског лежишта бакра ), „Начинот на појавување на злато во порфирското лежиште на бакар во Бучим“ ( Начин појављивања злата у порфирском лежишту бакра Бучим ) и монографијата „Рудишта и појавите на бакар во Р. Македонија, типови и реонизација“, прв научен труд од оваа област на нашето подрачје, објавена на македонски и англиски јазик во 1993 година.

Со своите научни и групни стручни трудови тој учествувал на симпозиуми во Македонија и регионот на Балканот.

Општествена кариера[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец бил ангажиран во различни општествени активности.

Уште како младинец бил вклучен во доброволни волонтерски активности како ученик, средношколец, студент и војник.

Тој бил претседател на младинската општинска организација во Радовиш од 1980 до 1982 година.

Два мандати бил член на Централниот комитет на СКМ, највисокото тело на Сојузот на комунисти на Македонија, од 1982 до 1986 и од 1986 до 1990 година. 

Пратеник во Собрание на Македонија[уреди | уреди извор]

Во Собранието на Република Македонија, бил пратеник на СДСМ во два  мандати, од 1994 до 1998 и од 1998 до 2002 година[12]. Од собраниската говорница се залагал за подобри права на работниците, земјоделците, службениците, селаните и интелектуалците, за стимулирање на стопанствениците, за подобра национална економија, за силно стопанство и силна држава.

Во највисокиот законодавен дом на Р.М, Чифлиганец држел говори, поттикнувал и учестувал во дискусии за значајни прашања, како затезните камати, бакарот, царинските стапки, за починатите работници од МВР, за сожителството и за други „жешки теми[13]“ од интерес за граѓаните и државата.

За време на двата пратенички мандати, Чифлиганец во Собрание на Македонија упатуваше општествено-политички пораки во стилот: „Политиката треба да биде сервис на економијата“, „Економска политика, а не политизирана економија“, „Нема ни политика, ни силна држава, без развиено, извозно ориентирано стопанство“.

Спорт[уреди | уреди извор]

Борење[уреди | уреди извор]

Со „Бучим Јака“ - Европски и светски шампион Чифлиганец и тогашниот претседател на Македонија Киро Глигоров

Спортската кариера Ванчо Чифлиганец ја започнува на 12 годишна возраст, како член на борачката школа „Рудар“ од Радовиш. Во 1968 година тој станува пионерски шампион на Радовиш и вицешампион во Македонија во борење,категорија до 42 килограми. На 15 годишна возраст, со тежина од 44 килограми, тој го совладува искусниот и потежок борач, 28 годишниот Минчо Лазаров од БК „Спартак“-Кочани. Во 1972 година тој станал младински шампион на Република Македонија во борење, категоријата до 57 килограми, кога бил повикан да земе учество во Македонската младинска репрезентација во 1973 година. Во овој период, младински шампион на Република Македонија и на СФР Југославија станува во категријата до 62 килограми.

Во време кога Чифлиганец бил претседател на тогашниот Сојуз на боречките спортови на Македонија и член на раководството на Боречкиот клуб Бучим Јака од Радовиш, тој стана прв клупски европски шампион во 1995 и прв клупски светски шампион во 1996 година, што е прв ваков највисок трофеен успех, досега неповторен во историјата на македонскиот клупски спорт. Во сезоната 1995-1996, Радовиш беше вистински град на борењето познат во Македонија и Европа.

Два мандати тој бил претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, во периодот од 1993 до 1999 година, време кога се постигнати најголемите успеси во македонскиот спорт, борење – слободен стил.

Тој повеќе пати бил организатор и учесник на традиционалниот турнир Македонски бисер, за што има добиено признание од претседателите на македонската, европската и светската боречка организација. Во 1996 и 2013 година е одликуван со златна плакета за неговиот придонес во светското борење од Цено Ценев, претседател на Европската боречка федерација ЦЕЛА.

Ванчо Чифлиганец, континуирано го поддржува спортот,[14] талентирани спортисти, клубови, спортски манифестации и објави на спортски публикации.

Филантропија и општествена одговорност[уреди | уреди извор]

Фондација проф. д-р Ванчо Чифлиганец - Лого

Воден од долгогодишната индивидуална и семејна филантропска традиција и корпоративна општествена одговорност, хуманоста, солидарноста и желбата за помагање на другите, Чифлиганец иницирал и реализирал голем број проекти од корист на заедницата и граѓаните. Адора инженеринг од 2012 година е членка на Глобалниот Договор на ООН, најголемата асоцијација на општествено одговорни компании на светско ниво.

Фондација проф. д-р Ванчо Чифлиганец[уреди | уреди извор]

Во 2014 година ја основа Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за поддршка на социјално загрозените лица, сиромашните, болните, за доделување стипендии на талентираните ученици, студенти и вработени, за помош на науката, здравството, спортот, уметноста и културата, за поквалитетен живот денес и за подобра иднина на општеството во целина[15].


Филантропски дела[уреди | уреди извор]

Поддршка на Димитар Ѓорѓиев - светски и европски шампион во кик бокс и КБК Работнички Адора

Ванчо Чифлигфанец е ктитор, со чија донација се изградени: православниот храм Свети Јован Крстител [16]во Општина Аеродром, Скопје, спомен-обележјето Фаќач на крст [17]за Богојавление-Водици во Охрид, две саат кули во Струмица и Ѓорче Петров,[18] фонтана во паркот во Кисела Вода, обновен е опожарениот дом[19] на Трајкови во Дедино-Општина Конче. Од 2016 досега поделени се илјадници топли оброци на бездомниците[20] и социјалните случаи во Скопје, дадена е помош на настрадани во елементарни непогоди, пожари и поплави, реализирани се донации во опрема и пари на институции за згрижување и лекување на деца[21], доделени се голем број стипендии за талентирани ученици, за студенти,[22] за стручна едукација на вработени [23]и за организација на образовни академии[24]. Од 2013 година до денес, проф. д-р Ванчо Чифлиганец континуирано го поддржува неколкукратниот светски и европски шампион во кик бокс Димитар Ѓорѓиев [25]и е покровител на формирањето на кик бокс клубот Работнички Адора и на истоимениот кик бокс тренинг центар во Скопје, за обука и тренинг на кик боксери кои имаат освоено голем број медали на национални и интернационални кик бокс турнири[26].

Грижа за заедницата[уреди | уреди извор]

Резултат на општествената одговорност е и изградбата на првите А класа енергетски ефикасни, економични домови со првите фотоволтаици во колективното домување во Македонија, со одлична звучна изолација, докажана стабилност, внатрешни и надворешни градини, со озелената и оплеменета околина на објектите почнувајќи од првиот во Карпош изграден 2013 година до последниот во Општина Аеродром во 2019 година[27].

Изградба на нов дом над пепелта на изгорената куќа на Трајкови во Дедино ( Чифлиганец и Ивана Т. )

Во филантропијата[28] и општествената одговорност, проф. д-р Ванчо Чифлиганец е воден од идејата да ѝ возврати на заедницата и да ги сподели успесите со граѓаните и да даде пример за останатите во придонесот за изградба на подобар, похуман, посреќен, порамноправен свет со еднакви можности за сите. За реализираните општествено корисни проекти, Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец имаат добиено над 20 национални признанија [29]за општествено одговорните македонски претпријатија и наградата предводник во остварување на целите за одржлив развој [30]2019 од ООН.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг имаат добиено повеќе од 50 интернационални и национални признанија[31]. Од нив 7 се интернационални  награди доделени во Дубровник, Амстердам, Монте Карло, Париз, Мадрид и Виена, од меѓународни асоцијации и организации. Над 40 национални признанија се добиени за: личност на годината за 2019 на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за посебен придонес во развојот на источниот регион и на Република Македонија од Здружението на новинари на Македобија од источниот регион, за македонски квалитет, одржлив развој, инвеститор на годината, прв градежен супербренд во државата, најеколошка и најпопуларна градежна компанија, 17 признанија се за најдобри општествено одговорни практики, 9 признанија се за изградба на еко домови, 5 признанија за вложување во заедницата, награда за животно дело, индивидуална и корпоративна филантропија, сертификати, Свети Климентов орден орден од прв ред, плакети и благодарници.

При добивањето на интернационалните награди, Чифлиганец секогаш истакнува дека тоа е афирмација и признание за него, за компанијата, но и валоризација за Република Македонија и националната економија во меѓународни рамки. 

Интернационални награди[уреди | уреди извор]

  • Меѓународна награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, од Меѓународен економски форум Перспективи, Дубровник, Хрватска, 2019[32]
  • Златен медал за квалитет за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, од Светската маркетинг организација, Амстердам, Холандија, 2018.[33]
  • Награда „БИЗ“ од Светската бизнис конфедерација, Монако, 2016
    БИЗ ( The BIZZ ) 2016, меѓународна награда за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето, од Светската бизнис конфедерација, Монте Карло, Монако, 2016[34]
  • Интернационална Европска награда за квалитет, од Клубот на светски бизнис лидери, Париз, Франција, 2014[35]
  • Меѓународна награда за градежништво, од Клубот на светски бизнис лидери, Мадрид, Шпанија, 2014[36]
  • Награда за најуспешна компанија и менаџер од Европската Бизнис Асамблеа, Австрија, 2012
    Награда за Адора инженеринг за најдобра компанија во Европа и за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за најуспешен менаџер од Македонија, од Европската бизнис асамблеја, кралска палата Хофбурн, Австрија, 2012.[37]

Национални признанија[уреди | уреди извор]

  • Плакета за личност на годината за 2019 за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за посебен придонес за развојот на источниот регион и на Република Македонија, од ЗНМ ИСТОК, Берово, 2020[38].
  • Награда за компанија предводник во остварувањето на целите за одржлив развој 2019, од Организацијата на Обединетите Нации – ООН, 2019[39].
  • Национално признание Македонски квалитет 2018 од претседателот на Република Македонија и од Сојузот на Стопански Комори на Македонија[40].
  • Две награди Инвеститор на годината, доделени од Меѓународниот Саем за недвижности, Скопје, 2011 и 2012[41].
  • Награда за животно дело за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од Бест Бренд, 2015[43].
  • Награда за Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за општествена одговорност за 2017 година од Битолски весник на манифестацијата Битолски Оскари, 2018[44].
  • 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики од министерството за економија ( 2008 - 2019 )
    Награда за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за индивидуален филантроп во Македонија, доделена од ЦИРА-а, 2013[46].
  • Свети Климентов орден од прв ред за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, доделен од МПЦ, 2014[47].
  • Јубилејна награда за Адора инженеринг за најголем број реализирани општествено корисни проекти и за најнаградувана компанија за најдобри општествено одговорни практики во Македонија. Доделени од министерството за економија, од 2012 до 2017[48].
  • Награда за најеколошка компанија за Адора инженеирнг, од Град Скопје, 2013[49].
  • Девет национални признанија за Адора инженеринг за долгорочна изградба на зелени, еко домови за поздрава иднина и заштита на животната средина. Од министерството за економија на Македонија, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019[50].
  • Пет национални награди за Адора за Вложување во заедницата и во општините за доброто на граѓаните, од министерството за економија на Македонија, 2008,2010,2011, 2014, 2017[51].
  • Национално признание за Адора инженеринг за Односи со вработените, од министерството за економија на Македонија, 2011.[52]
  • Вкупно 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за македонските претпријатија. Од министерството за економија ( 2010 – 2019 ).
  • Награда за корпоративна филантропија за Адора инженеринг, од ЦИР-а, 2012[53].
  • Сертификат за Адора инженеринг, Коректна фирма, за одлична репутација во бизнисот и коректност во односите со клиентите и партнерите, 2017[55].
  • Добар бренд Адора инженеринг, за поддршка на социјалното преприемништво во Македонија, 2017[56].
  • Сертификат Фер со потрошувачот на Адора инженеринг за исполнување на критериумите за фер однос кон потрошувачите, 2020.
  • Голем број плакети и благодарници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шлемот е мојата круна. Скопје: Адора Инженеринг дооел Скопје. 2017. стр. 64, 65, 66, 67, 68, 69, 70, 71, 72, 73. ISBN 978-608-65516-3-6. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Само делата се вистина. Скопје: Адора инженеринг дооел Скопје. 2012. стр. 14, 15. ISBN 978-608-65516-0-5. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. www.ubavinaizdravje.mk https://www.ubavinaizdravje.mk/ekstra/svetotvo2020-ta/vancho-chifliganets-adora-inzhenering-veruva-vo-sopstvenata-zemja/. Посетено на 2020-07-27. Отсутно или празно |title= (help)
  4. „„Земјотрес" стресе една од зградите на „Адора инжинеринг". Фактор Портал. Посетено на 2020-07-27.
  5. „Адора Инженеринг го доби првиот „енергетски пасош" во Македонија“. МКД.мк. Посетено на 2020-07-27.
  6. „ДОМ СО ЗВУЧЕН КОМФОР ВО АДОРА FLATIRON ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ СО СЕРТИФИКАТ ЗА АКУСТИЧНИ СВОЈСТВА ОД СВЕТСКИОТ БРЕНД RIGIPS ( SAINT-GOBAIN )-ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА | Адора“. Посетено на 2020-07-27.
  7. „Со отворање на Македонската дијамантска градина за домување со 5,5 тони зеленило, Адора инженеринг одбележа 16 години успешна работа“. Иновативност. 2018-08-29. Посетено на 2020-07-30.
  8. Петровска, Александра (2018-11-29). „Адора добитник на Национална награда за изградба на најголемата внатрешна градина во Европа“. Бизнис Инфо. Посетено на 2020-07-30.
  9. „Чифлиганец преку Адора инженеринг ја зацврстува довербата во Комерцијална банка“. Иновативност. 2020-03-14. Посетено на 2020-07-27.
  10. 60 години Ванчо Чифлиганец Можеш и ти. Скопје: Адора инженеринг дооел Скопје. 2014. стр. 205, 206, 207, 208, 209. ISBN 978-608-65516-2-9. На |first= му недостасува |last= (help)
  11. Шлемот е мојата круна 40 години плодна и успешна кариера. Соња: Адора инженеринг дооел Скопје. 2017. стр. 58, 59, 60, 61, 62, 63. ISBN 978-608-65516-3-6. На |first= му недостасува |last= (help)
  12. „Социјал-демократски сојуз на Македонија“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-07-27.
  13. Можеш и ти Само делата се вистина. Скопје: Адора инженеринг дооел Скопје. 2014. стр. 277–295. ISBN 978-608-65516-2-9. На |first= му недостасува |last= (help)
  14. Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Скопје: Адора инженеринг дооел Скопје. 2018. стр. 338–351. ISBN 978-608-65516-4-3. На |first= му недостасува |last= (help)
  15. Скопје; ул. „Орце Николов“ бр. 182 А, 1000 Скопје; + 389 2 30 93 200; + 389 2 30 93 200; Info@fondacijacifliganec.org.mk. „Фондација Проф.Др Ванчо Чифлиганец“. Фондација Проф.Др Ванчо Чифлиганец (англиски). Посетено на 2020-07-27.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  16. „Осветена новата црква Св. Јован Крстител во Аеродром“. А1он (англиски). 2014-06-14. Посетено на 2020-07-27.
  17. Порта3 (2014-07-07). „Откриено спомен обележјето „Богојавление-Водици" во Охрид“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2020-07-27.
  18. Скопје; ул. „Орце Николов“ бр. 182 А, 1000 Скопје; + 389 2 30 93 200; + 389 2 30 93 200; Info@fondacijacifliganec.org.mk (2015-02-04). „2009 – Изградба на саат кула во Ѓорче Петров, Скопје“. Фондација Проф.Др Ванчо Чифлиганец (англиски). Посетено на 2020-07-27.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  19. „Фондацијата "Проф.д-р Ванчо Чифлиганец" изгради нов дом за семејство во општина Конче“. КАПИТАЛ. Посетено на 2020-07-27.
  20. „ХУМАНИРАНИТЕ ОБРОЦИ КАЈ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ, МИНАТИОТ ВИКЕНД БЕА ВО ЗНАКОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  21. „ПОУ „Д-р Златан Сремец" мина прва зима без влага со санација на покривот од „Адора". NetPress. 2016-04-27. Посетено на 2020-07-28.
  22. „Бизнисменот Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за годинешната манифестација Водици“. OhridNews (англиски). 2012-01-17. Посетено на 2020-07-28.
  23. „ПОСВЕТЕНА РАБОТА, ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ФИЛАНТРОПИЈА – ФОКУС ВО СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  24. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Стипендии за посета на тримесечна сертифицирана академија за студенти од сите факултети“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-07-28.
  25. iponadmin (2014-12-18). „Димитар Георгиев: Неуспесите се предизвик за светски титули! (ВИДЕО)“. IPON (англиски). Посетено на 2020-07-28.
  26. „Зошто треба да изберете кик бокс? 5 придобивки за кои ќе ви биде благодарен целиот организам! - Среќа.мк“. Srekja.mk - Официјална страница на среќата!. 2019-05-13. Посетено на 2020-07-28.
  27. „REALIZIRANI | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  28. „Ванчо Чифлиганец е филантроп на годината | ТелевизијА ТВМ“. tvm.mk. Посетено на 2020-07-28.
  29. „ADORA | IIMA“ (англиски). Посетено на 2020-07-28.
  30. „За првпат доделени наградите за одржлив развој“. МКД.мк. Посетено на 2020-07-28.
  31. „НАГРАДИ | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  32. Ваљакова, Гордана Милошевска (2019-05-03). „„Адора" добитник на наградата „Креатори на столетието" за особен придонес во развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото“. NetPress. Посетено на 2020-07-28.
  33. „Aдора Инженеринг доби меѓународна награда за воведување на Boutique real estate концепт за комплексот Diamond Garden“. Иновативност. 2018-08-26. Посетено на 2020-07-28.
  34. Порта3 (2016-05-17). „„Адора инженеринг" ја доби наградата The BIZZ 2016 за иновативен стил во домувањето во Монте Карло“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2020-07-28.
  35. „Адора Инженеринг во Париз доби меѓународна награда за квалитет“. OhridNews (англиски). 2014-10-28. Посетено на 2020-07-28.
  36. „Адора инженеринг доби меѓународна награда за градежништво“. МКД.мк. Посетено на 2020-07-28.
  37. „„Адора инженеринг" и Чифлиганец добија меѓународно признание“. Фактор Портал. Посетено на 2020-07-28.
  38. Неделковски, Серјожа (2020-07-25). „(ФОТО и ВИДЕО) Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот“. NetPress. Посетено на 2020-07-28.
  39. „За првпат доделени наградите за одржлив развој“. МКД.мк. Посетено на 2020-07-28.
  40. jani.cc. „BalkanEngineer - Адора инженеринг е добитник на наградата „Македонски квалитет" за 2018 година“. balkanengineer.com (англиски). Посетено на 2020-07-28.
  41. „Инвеститор на годината во 2010 и 2011од RealExpo-Скопје | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  42. „„Адора Инженеринг" Супербренд 2013/2104 | ТелевизијА ТВМ“. tvm.mk. Посетено на 2020-07-28.
  43. „Ванчо Чифлиганец добитник на награда за животно дело“. КАПИТАЛ. Посетено на 2020-07-28.
  44. „Фондацијата Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец добитник на наградата за општествена одговорност за 2017 од Битолски весник | Денар“. denar.mk. Посетено на 2020-07-28.
  45. Порта3 (2015-02-23). „„Адора инженеринг" - најпопуларна градежна компанија во 2014“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2020-07-28.
  46. „Директорот на Адора стана филантроп за 2013 година“. МКД.мк. Посетено на 2020-07-28.
  47. „Осветена новата црква Св. Јован Крстител во Аеродром“. А1он (англиски). 2014-06-14. Посетено на 2020-07-28.
  48. „Јубилејна награда за најголем број реализирани ООП проекти, 2007-2011 | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  49. „Награда за најеколошка компанија, 2013 | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  50. „АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ДОБИ 9-ТОТО НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЗДРАВИ ЕКО ДОМОВИ ЗАШТИТЕНИ ОД БУЧАВА“. КАПИТАЛ. Посетено на 2020-07-28.
  51. „Адора се закити со 3 национални награди за Најдобри општествено одговорни практики“. Денар. Посетено на 2020-07-28.
  52. „ООП – Концепт на современoто живеење и делување - Општествена одговорност на претпријатијата“. oop.mk. Посетено на 2020-07-28.
  53. „ЦИРа свечено ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година“. А1он (англиски). 2013-07-15. Посетено на 2020-07-28.
  54. „МАНУ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ И АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ | Адора“. Посетено на 2020-07-28.
  55. „Адора инженеринг се закити со сертификат „Коректна фирма". Иновативност. 2017-10-05. Посетено на 2020-07-28.
  56. „АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ АКТИВНА ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО | Адора“. Посетено на 2020-07-28.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]