Корисник:Misos/избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на TМOРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја.

Најсилен замав востанието имало во Битолскиот револуционерен округ. Востаниците ги пресекле телеграфско/телефонските врски и напаѓале беговски кули и поседи, месни гарнизон и рушеле мостови. Во Преспанско бил нападнат нахискиот центар Наколец; во Демирхисарско бил нападат гарнизонот во с. Прибилци; во Костурско востаниците го нападнале аскерот во с. Вишени, градот Клисура и градот Невеска. Во Леринско биле нападнати Старо Нередски и Ниџенски. Во Охридско биле нападнати Малсија, Горна Дебрца, Долна Дебрца и Ортакол. Било нападнато и Кичево и месноста Извор. Во Прилепско најголема акција била нападот на с. Чаниште.