Корисник:Mimozatrajkoska

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бизнис[уреди | уреди извор]

Бизнис (уште познато како претпријатие или фирма) е организација која е вклучена во размената на добра, услуги, или и двете, на потрошувачите. Бизнисите се подоминантни во капиталистичките економии, каде повеќето од нив се приватизирани и организирани да заработат профит за да го зголемат богатството на нивните сопственици. Бизнисите може да не бидат профитабилни или да се во сопственост на државата. Бизнисот кој е во сопственост на повеќе индивидуи може да претставува компанија, иако тој термин има попрецизно значење. Етимологијата на бизнисот се однесува на зафатеноста или како на индивидуалец или на општеството како целина, правејќи комерцијално видлива и профитабилна работа. Поимот бизнис има најмалку три употреби, во зависност од обемот:

  1. Единечна употреба што се однесува на одредена организација;
  2. Генерализирана употреба, што се однесува на одреден сектор на пазарот;
  3. Музички бизнис и сложени форми како што е бизнисот за замјоделство и во најширока смисла, која ги опфаќа сите активности на добавувачите на добра и услуги од општеството.

Како и да е, точната дефиниција на бизнисот, како и многу други во филозофијата на бизнисот, е прашање на дебата и сложеност на мислењата или значењата.

Основни форми на сопственост[уреди | уреди извор]

Иако формите на сопственост варираат во зависност од надлежноста, постојат неколку познати форми:

  1. Самостоен трговец – тоа е бизнис кој е во сопственост на една личност за профит. Сопственикот може да го води бизнисот сам, или може да вработи и други. Сопственикот на бизнисот има неограничена одговорност за долговите кои се направени во текот на водењето на бизнисост;
  2. Партнерство – партнерството е бизнис кој е во сопственост на две или повеќе лица. Во повеќето форми на партнерство, секој партнер има неограничена одговорност за долговите кои се направени во бизнисот. Трите типични класификации на партнерството за профит се: општо партнерство, ограничено партнерство, и ограничена надлежност на партнерството;
  3. Корпорација – корпорација е бизнис со ограничена одговорност што има посебно правно лице од совите членови. Корпорациите може да бидат или во сопственсот на владата, или во приватна сопственост, корпорациите може да се организираат за профитабилност или за непрофитабилност. Корпорациите во приватна сопственост и за профитабилност е во сопственост на акционерите кои избираат одбор на директори за да ја насочат корпорацијата и да го вработат потребниот кадар. Во сопствена приватност и профитабилна корпорација, може да биде или приватно или јавно поседувана;
  4. Соработка – често се нарекува и „Co – op“, е бизнис со ограничена одговорност што може да биде организирана како профитабилна или непрофитабилна. Соработката се разликува од профитабилната корпорација во тоа што таа има членови, што е спротивно на акционерите, кои го споделуваат донесувањето на одлуките. Соработките се често класифицирани како потрошувачки или работни кооперативи. Соработките се од фундаментално значење за идеологијата на економската демократија.

Класификации на бизнисот[уреди | уреди извор]

  1. Бизнисите за земјоделство и рударство се занимаваат со производство на суровини, како што се растенијата и минералите;
  2. Финансиските бизниси вклучувајќи банки и други компании кои генерираат профит преку инвестиции и управување со капиталот;
  3. Информациски бизниси генерираат профит првенствено од препродажба на интелектуална способност и вклучува студија за филмови, издавачки куќи и пакувани софтверски компании;
  4. Производителите произведуваат продукти од суровини или составни делови, кои потоа ги продаваат за профит. Компаниите кои прават физички добра, како коли или цевки, се сметаат за производители;
  5. Бизнисите за недвижности генерираат профит од продажба и развој на имот од земјишта, станбени куќи, и други видови на градби;
  6. Трговците и дистрибутерите дејствуваат како средно ниво на одлучување во добивањето на добрата произведени од производителите на планираните потрошвачи, генерирајќи профит како резултат на обезбедувањето на продажбата или услугите на дистрибиурањето. Повеќето потрошувачи – продавниците и компаниите се дистрибутери или трговци на мало;
  7. Услужните бизниси нудат нематеријални добра или услуги и обично генерираат профит надополнување за трудот или други услуги обезбедени за владата, други бизниси, или потрошувачи. Организациите кои се движат од декоратори на куќа до фирми за консултирање, ресторанти, дури и забавувачки организации, се форми на услужни бизниси;
  8. Транспортни бизниси – испорачуваат добра и индивидуи од едно до друго место, генерирајќи профит од трошоците за транспортот;
  9. Бизнисите за комунални услуги произведуваат јавни услуги како што се електрична енергија или третман за отпадни води, обично под раководство на владата.

Има и други поделби и подподелби на бизнисите. Авторитена листа на типовите на бизнис се смета по системот за индустриска класификација во Северна Америка (North American Industry Classification System – NAICS). Еквивалентен лист од Европската Унија е статичката класификација од економски активности во европското општество (Statistical Classification of Economic Activities in the European Community – NACE).

Менаџмент (Управување)[уреди | уреди извор]

Ефикасното и ефективно работење на бизнисот, и проучувањето на оваа тема, е наречено менаџмент (управување). Главните гранки на менаџментот се: финансиско управување, маркетинг менаџмент, управување со човечките ресурси, стратегиско управување, менаџмент за производство, менаџмент за извршување на операции, менаџмент за вршење услуги и управување со информатичка технологија. Сопствениците се вклучуваат во бизнис администрацијата или директно или индиректно преку вработувањето на менаџери. Менаџерите сопственици или вработените менаџери администрираат до три компоненти на извори кои ги содржат вредностите на бизнисот или вредноста на финансиските извори, вредноста на капиталот или вредноста на материјалните и човечки ресурси. Овие ресурси се администрирани во најмалку пет функционални области: правни договри, производство или производствени услуги, маркетинг, сметководство, финансии и човечки ресурси.

Реформирање на државните претпријатија[уреди | уреди извор]

Во последните декади, поседите и претпријатијата кои беа водени од различни држави биле моделирани по бизнис претпријатијата. Многу државни институции и претпријатија во Кина и Русија биле трансформирани во акционерски друштва, со дел од нивните акции кои се наоѓаат на листата на јавна берза.

Процесот на управување со бизнисот е сеопфатен пристап на управување фокусиран на усогласување на сите аспекти на организацијата со сите желби и потреби на клиентите. Тоа ги промовира ефективноста и ефикасноста при залагањето за иновации, флексибилносот, и интеграција со технологијата. Овој процес на управување со бизнисот се обидува постојано да се подобрува. Затоа, може да се опише како „извршување на оптимизација на процесот“. Се тврди дека процесот на управување со бизнисот дозволува организациите да бидат поефикасни, поефективни и поспособни за промена, отколку да бидат функционално фокусирани, со традиционално хиерархиски пристап на управување.

Организација и владина регулација[уреди | уреди извор]

Повеќето легални судски надлежнсоти наведуваат форми на сопственост кои бизнисот може да ги има правејќи листа на трговски пропис за секој вид. Главните фактори кои влијаат на тоа како бизнисот е организиран, најчесто се:

  • Големината и обемот на бизнисот и неговата структура, управувњето, и сопственоста, широко анализирани во теоријата на бизнисот. Генерално, помал бизнис е пофлексибилен, додека поголем бизнис, или оние со поширока сопственост или поформална структура, секогаш ќе се трудат да бидат организирани како корпорација или поретко како партнерство. Покрај тоа, бизнис кој сака да ги зголеми парите на берза или да биде во сопственост од поширока група на луѓе, често ќе има потреба да донесува соодветна правна форма за да може тоа да го направи;
  • Сектор и држава. Приватните профитабилни бизниси се различни од објектите кои се во државна сопственост. Во некои држави, одредни бизниси се правно обврзани да се организираат на соодветен начин;
  • Друштва со ограничена одговорност (ДОО), партнерства со ограничена одговорност, и други специфични видови на организирање на бизнисот ги заштитуваат своите сопственици или акционери од неуспех на бизнисот водејќи го бизнисот со различно правно лице со одредена правна заштита. Спротивно, нездружените бизниси или лицата кои работат по своја замисла, обично не се толку заштитени;
  • Даночни предности. Различните структури се разлино третирани во даночните прописи, и заради тоа може да имаат некои предности;
  • Откривање и регулаторни барања. Различни структури на бизнисите може да бидат побарани за да се направи информацијата помалку или повеќе јавна, и може да биде обврзана да се усогласи со различни правила и прописи.

Повеќе бизниси се оперирани преку различно лице како корпорација или партнерство. Повеќето правни прописи им дозволуваат на луѓето да организираат такво лице со пополнување на одредени документи за повелба со релевантен државен секретар или еквивалент и во согласност со други одредени тековни обврски. Врските и законските права на акционерите, ограничените партнери или членови, се делумно регулирани со документите за повелба, а дел со законот за прописите каде ентитетот е организиран. Општо земено, акционерите во корпорацијата, ограничените партенри во ограниченото партнерство и членовите во друштвата со ограничена одговорност, се заштитени од лична одговорност за долговите и обврските на ентитетот, кој е легално третиран како „посебна личност“. Тоа значи дека и да постои недолично однесување, имотот на оној кој го поседува, е силно заштитен со закон ако бизнисот не успее.

Кога две или повеќе индивидуи се сопственици на бизнис, но ако не успеале да организираат специјална форма на превозно средство, тогаш тие ќе бидат третирани како општо партнерство. Условите за партнерство делумно се регулирани со договор на партнерите, ако е иститот направен, и дел со законот на јурисдикција каде што партнерството е сместено. За да се создаде партенрство не е потребно поднесување или документација, и без договор, врската и законските права на партнерите ќе бидат целосно регулирани со законот на јурисдикција каде партнерството е сместено.

Неколку релевантни фактори кои се потребни во разгледувањето како да се управува бизнисот се:

  • Општи партнери во партнерство (посебно од партнерството со ограничена одговорност), плус секој кој лично поседува и раководи бизнис без креирање на посебнен правен ентитет, лично се одговорни за долговите и обврските на бизнисот;
  • Општо, корпорациите се обврзани да плаќаат данок исто како и „реалните“ луѓе. Во некои даночни системи, ова може да доведе до т.н. двојно оданочување, бидејќи корпорацијата плаќа данок на профитот, и потоа кога корпорацијата го дистрибуира профитот на сопствениците, индивидуалците мораат да вклучат дивиденди на нивните приходи кога тие ќе го копмлетираат нивниот личен повраток на данок;
  • Во повеќето земји, има закони кои различно ги третираат малите за разлика од големите корпорации. Тие можат да бидат ослободени од одредени законски побарувања или закони за работни односи, имаат поедноставни постапки во посебни области, и имаат поедноставни, поповолни или малку поразличен третман на данокот;
  • Да се биде „јавен“ (понекогаш наречено IPO) – што значи да се дозволи дел од бизнисот да биде во сопственост на поширок ранг на инвеститори или во сопственост на јавноста – мора да се организира посебен ентитет, кој согласно е потребо да биде со построги закони и постапки. Повеќети јавни ентитети се корпорации кои ги продале акциите, но повеќе има друштва со ограничена одговорност што продаваат единици (некогаш се нарекуваат и акции), како и други поегзотични ентитети (на пример, вистински фондови на недвижности во САД или инвестициони фондови во Велика Британија). Како и да е, општото артнерство не може да биде јавно.

Трговско право[уреди | уреди извор]

Повеќето трговски трансакции се регулирани од многу детализирани и добро поставени правила кои еволуирале во текот на еден долг временски период, тоа е случај кога се регулирала трговијата и трговијата била силна движечка сила во формирањето на правото и судовите во западната цивилизација. Како и другите закони кои го регулираат бизнисот или влијаат на него, во повеќе земји невозможно е да се забележат сите тие во единствен извор на препорака. Има закони кои го регулираат односот на трудот и општо односот со вработените, безбедноста и заштитата од прашања, закони против дискриминација, (возраст, пол, способности, раси, и некаде, сексуална ориентација), закони за минимална дневница, закони за сојуз, закони за надомест на работниците, годишен одмор или работни часови. Во некои специјализирани бизниси, можно е да биде потребна лиценца, или поради посебните закони кои гоуправуваат влегувањето во одредени занаети, занимања или професии, што може да има потреба од посебно едуцирање или од локална власт. Професии кои бараат посебни дозволи се движат од законот и медицина до летечки авиони, продавање алкохол, емитување на радио, продажба на хартии од вредност, продажба на користени автомобили, покривање. Локалните надлежности исто така може да бараат специјални лиценци и даноци само за да управуваат со бизнис, без оглед на видот на бизнисот кој е вклучен.

Капитал[уреди | уреди извор]

Кога на бизнисот му е потребно зголемување на парите (наречено „капитал“), во игра доаѓаат повеќе закони. Посложен збир на закони и прописи ги регулираат понудата и продажбата на хартии од вредност (значење на зголемување на пари) во повеќето западни земји. Овие регулирања можат да бараа обелоденување на многу специфични финансиски и други информации за бизнисот и можат да им дадат одреден поттик на купувачите. Бидејќи „хартии од вредност“ е многу широк поим, повеќето инвестициски трансакции ќе бидат потенцијален предмет на овие закони, освен ако посебно ослободување е на располагање. Капиталот може да биде зголемен со приватни средства, јавни понуди на берза, или на многу други начини. Во главните берзи се вклучуваат: Шангај, Сингапур, Хонгконг, Њујорк и Насдак, Лондон, Токио, Бомбај и тн.. Повеќето земји со капитал на пазарот имаат најмалку една берза.
Бизнисите кои станале „јавни“ се предмет на високо детализирани и комплицирани уредувања во нивното внатрешно владеење и за тоа кога и како информацијата ќе биде откриена за јавноста и ационерите. Како што е спомнато на почетокот, не е возможно да се наведат сите видови на закони и прописи кои влијаат на бизнисот денес. Всушност, овие закони стануваат толку многубројни и сложени, што нема адвокат кој може да ги научи сите нив, и покрај принудното зголемување на специјализација низ корпорациски адвокати или правобранители. Трговското право опфаќа општо корпоративен закон, закон за вработување и труд, закон за здравствена грижа, закон за данок, регулација на храна и лекови, право на интелектуална сопственост, закон за телекомуникации и други.

Интелектуална сопственост[уреди | уреди извор]

Бизнисите често имаат важна „интелектуална сопственост“ која има потреба од заштита од конкуренти за да компанијата остане профитабилна. Ова може да бара патентирање, авторски права, заштитни знаци или зачувување на трговските тајни. Повеќето бизниси имаат имиња, логоа и слични техники на брендирање што може да имаат придобивка од заштитнте знаци. Заради природата на интелектуалната сопственост, бизнисот има потреба од заштита во секоја надлежност во која бизнисот е загрижен за конкуренцијата. Многу земји се потписнички на меѓународни договори за интелектуална сопственост, и компаниите регистрирани во тие земји се предмет на националните закони поврзани со овие договори. Со цел да се заштитат трговските тајни, компаниите можат да побараат од вработените да потпишат клаузули за неконкурентност која ќе може да постави граници врз интеракцијата на вработените со учесниците и конкурентите.

Поврзано:[уреди | уреди извор]

Претприемништво
Бизнис план
Бизнис комуникација