Корисник:Makedonia97

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Попевтимов[уреди | уреди извор]

Димитар Попевтимов бил македонски државник,деец на левицата на македонското ослободително движење и член на Сојуз на комунистите на Македонијаи на Бугарската комунистичка партија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитар Попевтимов е роден во Ресен на 20 октомври 1890 година.Поради политичката ситуација во Македонија,тој ќе емигрира во Варна.Ќе работи како учител во Варна,главен редактор на левичарскиот весник Македонска Правдаи претседател на Сојуз на македонските емигрантски организации во Варна.За време на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна,тој ќе се врати во родниот Ресен каде во 1941 година ќе стане главен училишен инспектор во бугарските училишта кои масовно ќе се отвораат се до ослободувањето на Ресен на 11 септември 1944.После ослободувањето на Македонија од бугарските и фашистичките сили,тој заедно со Спасе Чучку,Васил Куноскиво 1945 година ќе го напишат и испечатат првиот буквар на македонски литературен јазик.Тој е основоположник на сојузот на новинари на Македонија.Попевтимов како и многу други дејци на НОБ на Македонијанема да се согласува со политиката на Тито во Македонија,по што повторно ќе емигрира во Бугарија,кади и умира.Тој е татко на Венцислав Евтимов основоположник на бугарското јога движење.

Националност[уреди | уреди извор]

Димитар Попевтимов како и останатите дејци од Македонија во 19 и 20 век има дискутабилна национална припадност.Контрадикторно е тоа што тој ја прифаќа бугарската окупација на Македонија како ослободување,за подоцна да учествува во кодификацијата на македонскиот литературен јазик.Особено откако ќе емигрира во Бугарија по втор пат тој ќе биде голем противник на србизацијата на македонскиот јазик,особено со исфрлање на голем број зборови како световно,като,от,свобода,испаниа,и нивна замена со светско,како,од,шпанија.Тој не се противи на постоење на кодификуван македонски литературен јазик,и негова оделеност од бугарскиот,само се противи на негова србизација и отфрлање на одредени зборови кои се користеле со векови во Македонија.Своите ставови кон македонската нација и македонскиот јазик ги изразува во неговите белешки "БЕЛЕЖКИ и РАЗМИШЛАНИЯ врху МАКЕДОНСКАТА НАЦИЯ"[1]

Литература[уреди | уреди извор]

"Бележки и размишления върху Македонската нация", Варна 1959 година

Димитар Попевтимов[уреди | уреди извор]

  1. (PDF) http://www.strumski.com/books/PopEvtimov_Belezhki_za_Makedonskata_Nacija.pdf. Отсутно или празно |title= (help)