Корисник:Lingualand Mk/Игор Станојоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Игор Станојоски (р. 23 мај 1979 год. во Копенхаген) е македонски романописец, лингвист и преведувач. Автор е на познатите романи Гаргара (Панили, 2014) и Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (Или-Или, 2016).

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Данска, но потекнува од македонско семејство. Живее во Скопје од 1983 година. Дипломирал во Скопје на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Од 2003 до 2006 година и потоа во 2008/09 година работел на Универзитетот во Лавов (Украина). Од 2005 до 2009 година работел на Шлескиот универзитет во Катовице (Полска) и во 2009/2010 година на Масариковиот универзитет во Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година. Автор е на 4 книги од областа на лингвистиката. Во моментов живее и работи во Скопје. Од 2011 година се занимава со пишување, превод, и работи како надворешен соработник на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на романите Гаргара (2014) и Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (2016). Романот Гаргара критичарите го оценуваат како еден од најуспешните дебитантски романи во македонската книжевност [1]. Се пласира во финалето на Роман на годината на Утрински весник [2].

Белешки[уреди | уреди извор]

www.gargara.mk

http://eprints.ugd.edu.mk/12821/1/Ranko%20Mladenoski%20recenzija%20za%20Gargara%20od%20Stanojoski.pdf

https://issuu.com/gargaramk/docs/igor_stanojoski_-_gargara_1-33?e=13001125/8839597

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=F07AF4919356874A8DDEC363A2641173