Корисник:Lina Malenko

Од Википедија — слободната енциклопедија


Лисицa (лат. Vulpini) е име за 27 видови животни од семејството кучиња. Во нашиот јазик со овие имиња воглавно се обележува црвената лисица (Vulpes vulpes). Како што постои скоро во секој дел од светот станала и фолклора на многу народи и културни групации.

Лисица e висока од 40 до 50 cm, а должината и изнесува околу 110 cm, додека само опашката е околу 40 cm. Маса и е обично од 8 до 10 kg. Што се однесува до староста на лисицата, тие можат да доживеат до 15 години, но во просек околу 12. Спаѓа во фамилијата кучиња; трагот може да се помеша со трагот на помало куче,но се разликува по тоа што трагот и е потесен од на кучето. Лисица пред влегување во јама обично нема многу изкопана земја. Величината на територијата на која лисицата посматрува обично изнесува околу 4 квадратни километри, а јамите се во главно концентрирани на ивиците на шумата.

Живеат главно сами, а само за време на парење доаѓа до зближување на мажјакот и женката. Лисицата младенчето го носи од 50 до 56 дена. Кога ќе се роди младенчето во просек има маса околу 80 грама, а на врвот на опашката и на градите има бели праменчиња.