Корисник:Katie89

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јан Џејмс Торп (англиски: Ian Thorpe, роден на 13 октомври 1982 година, кој го носи прекарот Торпедо или Торпи, е австралиски пливач кој е специјалист во слободен стил, но се натпреварува и во грбен и мешан стил. Тој има освоено пет златни олимписки медали, најмногу од кој било Австралиец и со три златни и два сребрени медали, беше најуспешен спортист на Олимписките игри во 2000 година. На Светското Првенство во 2001 година, тој беше првиот кој освои шест златни медали на едно светско првенство. Торп има освоено вкупно единаесет златни медали од светските првенства - само втор пливач на планетата кој има освоено толку медали. Торп е првиот кој беше избран четири пати за светски пливач на годината и беше пливач број еден во Австралија од 1999 г. до 2003 г. Со неговите достигнувања стана најпопуларен пливач во Австралија и беше избран за најмлад Австралиец на годината во 2000 година.

На 14 години, тој стана најмлад машки натпреварувач кој ја застапувал Австралија и со победата на 400 метри слободно на Светското првенство во Перт во 1998 година стана најмладиот машки натпреварувач на едно светско првенство. По таа победа, Торп доминираше на 400 метри слободно, освојувајќи златен медал во таа дисциплина на сите олимписки игри, светски првенства, игри на Комонвелтот и Пан Пацифички првенства се до паузата по Олимписките игри во 2004 година. Покрај тринаесетте индивидуални светски рекорди на педесет метарски базаени, Торп ги предводеше и штафетните тимови до победи во трките на 4 x 100 метри и 4 x 200 метри слободно на Олимписките игри во Сиднеј, кои се вбројуваат во неговите пет штафетни светски рекорди. Победите на 200 м. и 400 м. и бронзата на 100 м. во слободен стил на Олимписките игри во Атина придонесоа да стане единствениот машки натпреварувач кој освоил медали во комбинацијата 100-200-400 м.

По Олимписките игри во Атина, Торп направи една година пауза од пливањето, закажувајќи враќање на Игрите на Комонвелтот во 2006 г. Сепак, тој беше принуден да се повлече поради болест. Ги откажа и тренинзите кои следуваа, за да во ноември 2006 г. го најави своето повлекување, изјавувајќи дека нема мотивација за да продолжи.

2011 година започна со шпекулации за негово враќање во пливањето кои беа подгреани од многу луѓе кои го виделе како тренира. Овие шпекулации конечно се потврдија кога Торп закажа прес-конференција на 2 февруари 2011 г., на која зборуваше за неговото враќање во пливањето на Олимписките игри во Лондон, по пауза од пет години.

Детство[уреди | уреди извор]

Кога се роди, Торп беше големо бебе со тежина од 4.1 кг. и должина од 0.59 м. Растеше во предградието на Милпера. Потекнува од спортско семејство - неговиот татко Кен бил надежен играч на крикет во јуниорската лига. Сепак, притисокот од родителите придонел Кен да се оттргне од крикетот и да се повлече на 26 годишна возраст. Неговата мајка пак, Маргарет, играла нетбол во А-дивизија, но Торп не ја наследил вештината од неговите родители која ја имале со топката. Неговата постара сестра Кристина ја советувале да оди на курс по пливање за да го зајакне скршениот зглоб, па така, 5 годишниот Торп ги следел постапките на сестра си.

Како мало дете, Торп не смеел да плива бидејќи бил алергичен на хлор. Како резултат на тоа, тој не пливал се до првите игри кои биле организирани од страна на училиштето. Алергијата го принуди Торп да плива со главата надвор од водата; но и покрај таа “чудна” техника, тој победи, пред сè заради тоа што бил повисок од другите. Торп се излечи од алергијата, напредна и стана капитен на Нов Јужен Велс на Првенството помеѓу училиштата во Австралија во 1994 г. Потоа освои девет индивидуални златни медали на Првенството на кратки базени во Нов Јужен Велс во септември истата година. Во 1995 г. Торп се запишал средното технолошко училиште East Hill и промени неколку тренери за да плива заедно со сестра му, која ја подучувал Даг Фрост. Тоа беше една напорна година за семејството; Кристина беше избрана во тимот на Австралија за Пан Пацифичкото првенство во Атланта. На своето прво првенство во Австралија, Јан беше висок 1.80 см и освои бронза на 200 м. и 400 м. слободно. Тој победи во сите десет дисциплини на Првенството во Нов Јужен Велс.

Национално деби[уреди | уреди извор]

Торп се натпреваруваше на Австралиското првенство во Бризбејн во 1996 г. и освои пет златни, два сребрени и два бронзени медали. Со времињата на 400 м. слободно и 200 м. грбно се квалификуваше на Австралиското првенство, кои беа пресудни за избор за Олимписките игри во Атланта во 1996 г. Фрост знаеше дека Торп нема шанси да се квалификува во ниту една дисциплина, а доколку успееше, тоа значеше дека ќе учествува на Олимписки игри на само 13 години и 6 месеци. Го испрати Торп на припреми во Сиднеј, но само за да се здобие со искуство. Како и што се очекуваше, Торп не успеа да се квалификува. Заврши на 23тото место на 400 м. во слободен стил и на 36тото место во грбен стил. На крајот од годината, Торп се квалификува на Австралиското првенство на кратки базени. Тоа претставуваше уште една можност за избор во националниот тим, како и учество на Светското првенство на кратки базени во 1997 година. Торп освои второ место во дисциплината 400 м. мешано и успеа да се квалификува на првото национално финале. Сепак, пливаше побавно во финалето и не успеа да се избори за место во националниот тим.

На Првенството во Нов Јужен Велс во јануари 1997 г., неговото време од 3 мин. 59.43 с. на 400 м. слободно беше за 8 секунди подобро од неговиот личен рекорд и стана првото 14 годишно момче што го препливал тоа растојание за помалку од 4 минути на австралиско тло. Според тоа, беше рангиран на четвртото место на државно ниво и пливаше на Австралиското првенство во Аделаида како сериозен кандидат за избор во националниот тим за Пан Пацифичкото првенство во Фукуока во 1997 г. Заврши меѓу првите тројца и со време доволно за квалификација, Торп се фокусираше на трката на 400 м. слободно бидејќи светските рекордери Кирен Перкинс и Даниел Ковалски, кои имаа освоено олимписки медали во оваа дисциплина, беа повредени. Торп освои бронзен медал а бронзен медал освои 16 годишникот од Квинсленд - Грент Хакет, кој постави личен рекорд од 3 мин. 53.44 с. Времето на Хакет претставуваше светски рекорд во таа дисциплина до 16 години, а трката беше само една од многуте битки помеѓу нив двајца.

На 14 години и 5 месеци, Торп стана најмладиот пливач што некогаш бил избран да плива во австралискиот тим, соборувајќи го рекордот на Џон Конрадс за само 1 месец. Фрост изјави дека со тоа што Торп влезе во тимот, само повеќе го поттикна да се фокусира кон слободниот стил. Тој продолжи да плива во одлична форма и на Австралиското првенство. Се натпреваруваше во сите дванаесет дисциплини и освои десет златни и два бронзени медали. Постави шест рекорди на Австралија.

Почеток на меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Меѓународно деби[уреди | уреди извор]

Во јуни 1997 г., два месеца пред Пан Пацифичкото првенство, Торп направи операција на слепото црево и не тренираше два месеца. Пред да замине во Јапонија, Торп го освои четвртото место на елиминаторниот натпревар на 200 м. слободно со нов личен рекорд - 1 мин. 51.46 с. Неговото време не беше доволно за влез во финалето, но се избори за место во штафетниот тим на 4 x 200 м. слободно. Заедно со Мајкл Клим, Јан ван дер Вал и Хакет, Торп стигна до сребрениот медал и стана најмладиот пливач што освоил медал на Пан Пацифичко првенство. На неговото прво индивидуално финале на 400 м. на меѓународна сцена, Торп беше петти на контролата на 300 метри, но се бореше за на крај да стигне до второто место со време од 3 мин. 49.64 с., веднаш зад Хакет. Завршниот спринт му стана заштитен знак, а времето од 3 мин. 49.64 с. би био доволно за освојување на сребрен медал на Олимписките игри во Атланта. Во октомври 1997 г., неколку дена пред неговиот петнаесетти роденден, Торп учествуваше на квалификационите нетпревари во Бризбејн за Светското првенство во Перт во 1998 г. Торп се избори за место во тимот завршувајќи четврти на 200 м. и втор на 400 м. слободен стил. Постави лични рекорди и во двете дисциплини.

Светско акватичко првенство во 1998 г.[уреди | уреди извор]

Првото појавување на Торп на меѓународна сцена беше на домашен терен, на Светското акватичко првенство во Перт во 1998 г и тоа во штафетната трка на 4 x 200 м. слободно. Пливајќи трет, по Клим и Хакет, Торп му избега на олимпискиот шампион Том Молхоу и постави време од 1 мин. 47.67 с. на 200 м. пеперутка, исто како онаа победничкото на Клим во финалето на 200 м. Кога заврши спринтот на Торп, Австралијците беа две секунди пред светскиот рекорд и три секунди пред Американците, предност која беше зголемена за две должини на телото. Иако Ковалски не го собори светскиот рекорд, Австралија победи прв пат во оваа дисциплина на светско првенство по 1956 г. Торп се искачи на четвртото место на светската ранг-листа пред финалето на 400 м., во кое Хакет водеше на почетокот. Хакет создаде предност од 2.29 с. пред Торп на контролата на 300 м. и иако Торп ја намали разликата на 1.53 с. на 350 м., Хакет водеше се додека Торп не го премина со последниот замав. Времето што го постигна Торп беше четврто во историјата и стана најмладиот машки пливач што некогаш станал светски шампион.

Како резултат на вниманието посветено од медиумите како и резултат на неговата победа на домашен терен, Торп доби многу понуди за снимање на реклами и често беше следен од фотографи. Тој стана поддржувач на Институтот за деца заболени од рак откако на вереникот на неговата сестра му беше дијагностицирано рак.

Игри на Комонвелтот во 1998 г.[уреди | уреди извор]