Корисник:Jingiby/Генетски истражувања на Бугарите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Преовладувачки Y-ДНК хаплогрупи меѓу Европејците
Мрежа од 29 популации изградени на базата на FST одалеченост врз основа на варијација на автосомни SNP.
Балто-Словенска споредба базирана на А (автосомна ДНК), B (Y-ДНК) и C (мтДНК).
Додаточна анализа на база на автосомни SNP во глобален контекст на ниво на резолуција од 7 претпоставувани древни племиња.
Примероци од три праисториски Европски групи од кои потекнуваат денешните Европејци во споредба со модерните народи.

По развојот на популационата генетика во 21. век почнуваат истражувања на бугарскиот ДНК- профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, најголем е придонесот на локалните ловци-собирачи од мезолитот. Бугарскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни засолништа и од експанзијата на неолитските земјоделци од Блискиот исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Бугарите им припаѓаат на групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Бугари се потесно поврзани со соседните балкански народи (Македонци, Срби, Романци, Грци и Албанци), отколку со другите Европејци.[1][2][3][4][5]

Истражувања и резултати[уреди | уреди извор]

Според комбинирани ДНК тестови, конструирани на основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, кои даваат најдобра идеја за "потеклото" и "сличноста" помеѓу популациите, во Балканскиот генетски кластер постојат неколку генетски субкластери, како во источниот спаѓаат Бугарите со Македонците и Романците. Иако Бугарите се дел од словенската група, тие како и повеќето други Јужни Словени се карактеризираат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилиация на бројно домородно балканско население од средновековните словенски доселеници.[6][7][8][9]

Според анализа на достапните податоци од големи Y-ДНК студии тиа ги ситуират Бугарите како најслични со Македонците, Романците, Гагаузите, Црногорците и Србите. Генетски растојанието калкулирано од СНП податоци на повеќе автосоми, рангира за најслични со Бугарите Србите, проследени од Македонци, Црногорци, Романци, Гагаузи и македонски Грци, потоа остатокот на Јужните Словени, Унгарци, Словаци, Чеси, а потоа Грците од Централна Грција и Пелопонес. Во однос на мтДНА Бугарите ги споделуваат своите позицијии најмногу со Македонците, Чесите, Романците и Унгарците. Констатирано е дека придонесите во бугарските гени од пред-словенските локални популацији дефинитивно се побројни од оние на словенските доселеници кои ширеле нивниот јазик на Балканот, главно, со асимилација. Автозомни студии ја откриле и врската меѓу современите Бугари и Северните Словени, што е резултат на миграциите не порано од пред 1500 години. И покрај различните инвазии на Турко-Алтајски народи во Европа, тие речиси немаат генетско влијание во бугарското население.

Во однос на Y-ДНК повеќето Бугари им припаѓаат на три неповрзани хаплогрупи, 20% од нив на I-M423 (I2a1b), 18% на Е-V13 (E1b1b1a1b1a) и 17,5% на R-M17 (R1a1a). Други хаплогрупи присутни сред Бугарите се: R-M343 (R1b)~11%; J-M172 (J2)~10,5%; G-P15 (G2a)~5%; I-M253 (I1)~4%; J-M267 (J1)~3.5%, E-M34 (E1b1b1b2a1)~2%; T-M70 (T1a)~1.5% и под 1%: C-M217 (C2), H-M82 (H1a1), N-M231 (N), Q-M242 (Q), L-M61 (L), I-M170 (I), E-M96 (E) R-M124 (R2a), E-M81 (E1b1b1b1a), E-M35 (E1b1b1) и т.н. Постои и една хетерогеност меѓу бугарските региони со различни од главните хаплогрупи. Еден регион (Хасково) на пример, е генетски поблиску до чешкото население отколку со било кој друг регионите во Бугарија по Y-ДНК. Најголемата по обем бугарска Y-ДНК студија (n = 808) ги одредува Романците најблиску до Бугарите, но филогенетската анализа не се однесуваа на Србите и Македонците. Од друга страна најголемата по обем студија за Романците (n = 147), ги ситуира Бугарите подалеку од Романците одколку Украинците и Унгарците, а најголемата по обем Y-ДНК анализа на Унгарците (n = 219) тврди дека најблиску им се Бугарите, но истата студија одредува "Jугословените" (Србија и Црна Гора), како најблиското население за Бугарите. Според Y-ДНК податоци на стотици Македонци, тие имаат најголема генетска близина со бугарската популација (0,0815).

Бугарија покажува многу сличен мтДНК профил со тоа на останатите европски земји - доминиран од страна на митохондријалните хаплогрупи Hg H (~ 42%), Hg U (~18%), Hg JT (~18%), Hg K (~ 6%), Hg N (~ 5%), Hg Х (~ 2%), Hg М (~ 1%) и т.н. Како и повеќето Европејци, Н1 преовладува меѓу Бугарите, а повеќето припадници на U им припаѓаат на U5 и U4. Најголемата по размери бугарска студија за мтДНК има утврдено дека Бугарите се во најкусо растојание од Полјаците, проследено со другите Словени, како што се Хрватите, Украинците и Чесите, а друга студија тврди дека Бугарите се најблиски до Унгарците, Хрватите, Украинците и Словаците. Во прилозите на алтернативни податоци од други студии Бугарите се ситуирани најблиску до соседните Македонци или Романците, а алтернативни податоци ги сметаат најблиску до Словаците или до Албанците.

Двајца тракиски остатоци од Бугарија се дефинирани од страна на големите Y-ДНК хаплогрупи присутни на современите Бугари, имено Е-Z1919 (родител на Е-V13) и J-M410 (J2a). По извршена споредба со повеќето европски популации со десетици средновековни примероци на словенски мтДНК од денешна Полска и Словачка, резултатите на современите Бугари излезле најблиску до нив, но во секој случај модерното словачко и полско население е подалеку од нив одколу модерните Бугари. 13 примероци од скелети од средновековна Бугарија беа наводно претставени како прабугарски, но не постои доказ за тоа. Тие повеќето излезоа од Европската мтДНК хаплогрупа H, вклучувајќи H1a2, H1r1, H1t1a1, H2a2a1 Х5, H13a2c1, HV1, Ј, J1b1a1, Т, Т2 и U3 без да се најдени хаплогрупи од Источна Азија меѓу нив. Прикажано е кратко генетско растојанието помеѓу овие примероци и модерните Бугари.

Последните истражувања на античка ДНК, тврдат дека Бугарите се главно наследници на две групи земјоделци кои одомашаваат животните и го шират земјоделство од Блискиот Исток (~ 65%). Првата група е главна и таа се изселва во неолитот од Анадолија, а втората, подоцнежна група доселеници, со помал принос, влегува во бронзеното доба од Источниот Медитеран. Кон овие пристигнале во неолитот и бронзеното доба блискоисточни доселеници, подоцна се приклучуваат мали групи со потекло од Источна Азија, чиј придонес кон денешната бугарска популација е не повеќе од 2%. Присуството на овие източноазијски компоненти во Европа е оценето како последица на преселувањето на мали групи азијски номадите во раниот Среден Век. Во овој поглед, некои научници сугерираат дека генетскиот придонес на прабугарите на Балканот бил симболичен и практично е тешко да се утврди. Според генетски истражување насочено кон изолирање на източноазиатска ДНК во словенските народи, словенските популации "речиси секогаш" содржат монголоидна ДНК . Дел од неа е добиен уште пред поделбата на Балтите и Словените во периодот 2000-3000 година п.н.е. и е резултат на мешањето им со фино-угрите во Источна Европа. Според истражувањето монголоидната компонента меѓу јужните Словени расте за време на миграцијата на степени народи во средниот век, како Хуни, Авари, Прабугари, Монголции и др. Третиот компонента кај Бугарите е европска мезоолитна компонента на локални ловци-собирачи (~ 33%).

Според комплексен тест на генетскиот проект на National Geographic 47% од бугарските гени се од Источниот Медитеран, а 20% се од Југозападна Азија, како овие две групи одразуваат силното влијание на неолитските земјоделци кои навлезе во Европа пред 8-10,000 години. Според ова истражување 31% од бугарските гени се од Северна Европа и најверојатно се наследство од мезолитните ловци, населиле континентот пред повеќе од 35.000 години, а около 2% се од Источна Азија и прикажуваат пенетрација на мали групи носители на монголоидни гени во регионот во средниот век. Од друга страна други големи студии од 2014 година на два тима од генетичарите и археолози, кои вклучуваат исто анализа на античка ДНК, споредувајќи го со денешните Европејци дава следните заклучоци: околу 30% од гените на денешните Бугари се наследени од Прото-Индоевропците, дошле во бакарното доба од Евразиските степи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Five polymorphisms of the apolipoprotein B gene in healthy Bulgarians.Department of Chemistry and Biochemistry, Medical University of Sofia, Bulgaria.PMID: 12713147
  2. Bulgarian Bone Marrow Donors Registry—past and future directions - Asen Zlatev, Milena Ivanova, Snejina Michailova, Anastasia Mihaylova and Elissaveta Naumova, Central Laboratory of Clinical Immunology, University Hospital “Alexandrovska”, Sofia, Bulgaria, Published online: 2 June 2007
  3. From Asia to Europe: mitochondrial DNA sequence variability in Bulgarians and Turks. Ann Hum Gen.1996.Jan;60 (Pt 1):35–49.
  4. HLA polymorphism in Bulgarians defined by high-resolution typing methods in comparison with other populations.
  5. Distributions of HLA class I alleles and haplotypes in Bulgarians – contribution to understanding the origin of the population. M. Ivanova, P. Spassova, A. Michailova, E. Naumova. Division of Clinical and Transplantation Immunology, Medical University, Sofia, Bulgaria.
  6. Genetic Heritage of the Balto-Slavic Speaking Populations: A Synthesis of Autosomal, Mitochondrial and Y-Chromosomal Dataр Alena Kushniarevich et al., September 2, 2015, Plos One, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0135820
  7. Standing at the Gateway to Europe - The Genetic Structure of Western Balkan Populations Based on Autosomal and Haploid Markers, Lejla Kovacevic et al, Plos One, August 22, 2014, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0105090
  8. Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Krzysztof Rebala et al. Japan Society of Human Genetics and Springer 2007, DOI 10.1007/s10038-007-0125-6
  9. Expansions: Competition and Conquest in Europe Since the Bronze Age, Reykjavíkur Akademían, 2010, ISBN 9979992212, p. 194.

Извори[уреди | уреди извор]

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]