Корисник:Gorgipulevski

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на „Солидарност“

Левичарско здружение „Солидарност“[уреди | уреди извор]

Левичарското движење „Солидарност“ е левичарска активистичка организација која се залага за хуманизација на сите сфери во општеството, социјална правда, унапредување на работничките права партиципативна демократија и родова рамноправност. „Солидарност“ е против сите авторитарни форми на владеење и нивните системи за експлоатација, како и против национализмот, милитаризмот и клерикализмот. Основана е во мај, 2012 година откако неколку членови и членки го напуштија движењето за социјална правда „Ленка“.

Публикации од ЛД „Солидарност“[уреди | уреди извор]

ЛД „Солидарност“ од самото нејзино постоење произведува теорија која преку критички пристап ги анализира проблемите кои постојат во македонското општество.[1] Дел од публикациите се:

Клеветета на Мирка Велиновска против „Солидарност“[уреди | уреди извор]

Познатата македонска новинарка Мирка Велиновска на 25.04.2016 година напиша колумна со наслов „Нема правда - нема мир“ за да има пари! во која го опишува ЛД „Солидарност“ како терористички „оперативен штаб“ на „странски служби“ и „мрачни сили“ кои ја уништувале Македонија. „Солидарност“ веднаш излезе со остра реакција во која ги отфрла овие обвиненија, побара јавно извинување, а и во тек е правна разрешница за оваа клевета.

______________________________________________________________________________________________________________________


  1. Сите публикации од ЛД „Солидарност“[1]