Корисник:DreamDungeon/Цајтгајст движење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Движењето Цајтгајст - Духот на времето е грасрут движење и онлајн-заедница. Се опишува себеси како организација која ја застапува одржливоста. Движењето Цајтгајст беше инспирирано од социјалниот одговор на филмот Цајтгајст – Додаток (Zeitgeist – Addendum) на Питер Џозеф, продолжение на првиот филм Цајтгајст. Токму Цајтгајст: Додаток прв го претстави Проектот Венус (The Venus Project). На 15ти јануари 2011 во кината насекаде низ светот, а на интернет на 25ти јануари, беше прикажана премиерата на третиот филм, наречен Цајтгајст: Чекор напред (Zeitgeist: Moving Forward), кој се фокусира на човековото однесување, технологијата и рационалноста. Од 2011 движењето Цајтгајст и Проектот Венус тргнаа по разделени патишта и веќе не функционираат како партнери.

Концепти кои ги застапува движењето Цајтгајст[уреди | уреди извор]

Основната идеја која ја застапува ДЦ е замената на постоечката цивилизација со „економија базирана на ресурси“ [5] која е кибернирана и во која не се користат пари. Движењето Цајтгајст и проектот Венус ја промовираат замената на човечкиот труд со автоматизација, владата би билаа колективно учество од страна на јавноста, потпомогнато од напредна кибернација. Според движењето, самите луѓе нема да донесуваат одлуки во врска со поголемите општествени прашања, туку овие одлуки ќе бидат донесувани со помош на научен метод, врз основа на носечкиот капацитет на Земјата, а не на човековото мислење. [8] Замената на донесувањето одлуки од луѓето со вештачка интелигенција се нарекува „Општествена кибернација“. [9] Приватниот имот нема да се укине, но како што ќе се развива културата, тој ќе застарува, и ќе биде заменет со „систем на универзален пристап“.

Активности и публикации[уреди | уреди извор]

Цајтгајст ден (Z-Day - З-ден)[уреди | уреди извор]

Движењето го одбележува Z-Day секоја година во март. Првиот Z-Day беше одржан на 15ти март 2009 а вториот на 13ти март 2010. На овој ден, движењето Цајтгајст одржува локални собири за учење и споделување информации со сите заинтересирани поединци. Во 2009 се одржаа над 450 настани во 70 земји насекаде низ светот. Во 2009, помеѓу другите настани, Питер Џозеф и Жак Фреско говореа над 2 часа пред преполна сала со 900 луѓе во колеџот во Менхетн. Третиот Z-Day беше на 13ти март 2011. Питер Џозеф и други зборуваа пред преполна сала со 1100 луѓе во „Куќата на пријателите“ во Јустон, Лондон.

Мишел Родригез од Аватар присуствуваше на Z day 2011 во Лос Анџелес на 12ти март 2011 во Центарот за Конвенции во Лос Анџелес. Таа изјави дека е заинтригирана од идејата за Проектот Венус.

Брендон Бојд од Инкјубус исто така присуствуваше на Z-Day во Лос Анџелес со неговата девојка Бејлин Неф. Тој изјави дека Цајтгајст: Чекор напред е неговиот омилен Цајтгајст филм досега. Тој додаде дека е запознаен со Жак Фреско и дека го гледал документарниот филм за работата на Жак Фреско, наречен Иднината според дизајн (Future by Design).

Медиумски проект[уреди | уреди извор]

Според објавите во печатот дадени на членовите на 12ти мај 2010, беше објавена бета-верзијата на Цајтгајст Медиумскиот Проект (ЦМП). Според објавеното во печатот, Медиумскиот Проект е продолжение на Тимот за Комуникации.

Поглавја[уреди | уреди извор]

Членовите на движењето Цајтгајст се организирани во поглавја на ниво на држави / региони и градови. Главниот сајт на движењето, на својот сопствен домен или во поддомени ги хостира и одржува сите поглавја / подпоглавја. Поглавјата се координирани од поединци или групи на поединци кои се добро упатени во движењето и неговите насоки и одлучиле да го посветат своето време за да помогнат во остварувањето на целите на движењето. Според вестите добиени од движењето во Јули 2010, движењето има 46 официјални државни поглавја и над 200 регионални подпоглавја насекаде низ светот. Ова ги вклучува сите 50 официјални поглавја на државите во САД.

Радио обраќање[уреди | уреди извор]

Питер Џозеф, основачот на движењето Цајтгајст, како и други членови на движењето, одржуваат неделно радио обраќање кое се емитува секоја среда на BlogTalkRadio. На овие емитувања се дискутира за напредокот на движењето, се прават интевјуа со различни релевантни лица, се даваат информации за поглавјата на движењето и се одговараат прашања испратени од слушателите / членовите. Постојат уште две емисии на BlogTalkRadio на кои се зборува за движењето Цајтгајст, економијата базирана на ресурси и Проектот Венус. Едната е Z Radio, неделно емитување на кое домаќини се Тандер и Френкли, а е продуцирано од Шон Хоџинс. Другата емисија, позната како V-Radio, е водена од Нил Киернан Стивенсон (познат и како Лиз, Британи Смит, Левир Силверлиф, ВТВ).

Прием од јавноста[уреди | уреди извор]

Медиумски рецензии[уреди | уреди извор]

На 20ти април 2009, Ронда Свон од Палм Бич Пост напиша: Rhonda Swan (April 30, 2009). „COLUMN: A dream worth having“. The Palm Beach Post. Посетено на May 4, 2009.

Кој може да се спротивстави на вакво движење? Она што го имаме никогаш не било во полза на општеството како целина. Уште колку можеме реално да очекуваме да трае? Нели е лудост да го задржиме сегашниот систем и да очекуваме нешто различно од она што отсекогаш сме го добивале од него?

— Палм Бич Пост

На 17ти март 2009, Алан Фојер од Њујорк Тајмс напиша:Feuer, Alan (March 17, 2009). „They've Seen the Future and Dislike the Present“. The New York Times.

"TМисијата на движењето е примена на научниот метод за социјална промена,“ изјави г-н Џозеф во својот вовед. Вечерта, која започна во 7 часот со двочасовна критика на монетарната економија, до полноќ се претвори во утописка презентација на визија за иднина без пари, која е водена од компјутери, целосно нова замисла за цивилизацијата, како Карл Маркс и Карл Саган да го најмиле Џон Ленон од неговите денови на „Замисли“ (“Imagine“) за да ја редизајнира структурата на животот на оваа планета.

— Њујорк Тајмс

Од истата статија:

„Ако ова ви звучи како катастрофалното сценарио на 2001: Одисеја во вселената, г-н Фреско воопшто не изгледаше загрижен. Машините немаат емоции и не се агресивни, за разлика од луѓето, тој и рече на публиката за време на фазата на поставување и одговарање прашања. „Доколку го земете вашиот лаптоп и го скршите пред 50 други лаптопи, верувајте ми, на другите лаптопи нема да им биде гајле.“

Извори на материјал[уреди | уреди извор]

[1]