Корисник:Dialetheia/Песочник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Современост[уреди | уреди извор]

Современост е најстарото македонско списание за литература и уметност. Формирано е во 1951 година како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот број од првото списание за уметност, наука и општествени прашања, месечното списание „Нов ден“ излегло во октомври 1945-та во издание на Друштвото на писатели на Македонија. Уредници биле: Владо Малески[2], Блаже Конески[3], Славко Јаневски[4] и Коле Чашуле[5].

Списанието „Современост“ е оформено 1951 год. од уредниците на „Нов ден“ и е директен наследник на ова списание.

Главни и одговорни уредници на „Современост“ биле писателите и публицисти:

1951 - Киро Хаџи Василев

1951-1952 - Владо Малески

1952-53 - Славко Јаневски, Димитар Митрев и Ацо Шопов

1954-1957 - Димитар Митрев

1958 - Александар Ежов

1958-1968 - Димитар Митрев

1969-1982 - Георги Сталев Поповски

1983-2002 - Александар Алексиев

2003-2012 - Васил Тоциновски

2013-2017 - Славчо Ковилоски

2018 - Стефан Марковски

Дел од уредничките тимови на „Современост“ биле македонските писатели и дејци: Коле Чашуле, Васил Иљоски, Гого Ивановски, Цветко Мартиновски, Ташко Георгиевски, Мето Јовановски, Јован Бошковски, Миодраг Друговац, Душко Наневски, Георги Старделов, Симон Дракул, Петар Ширилов, Томе Саздов, Методи Манев, Виолета Мартиновска, Ранко Младеноски и други.

Во периодот на книжевните полемики помеѓу реалистите и модернистите, „Современост“ било списание кое било сметано за гласник на првите. Главен ривал на „Современост“ во овој период било списанието „Разгледи“, сметано за гласник на модернистите.

  1. „Современост“ – симбол за македонската книжевност“, „Literatura.mk“, 25 мај 2016. (на mk-MK)
  2. „Владо Малески“. www.macedonium.org. конс. 2018-04-03. 
  3. Роден на денешен ден, Блаже Конески“, „МКД.мк“. (на mk)
  4. Славко Јаневски“, „Македонска нација“. (на mk-mk)
  5. „Автори: Коле Чашуле“. www.blesok.com.mk. конс. 2018-04-03.