Корисник:Bjankuloski06/Печуркарски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е календар за собирање на јадливи печурки во Македонија според ЈП „Македонски шуми“[1]. Укажани се народните и научните имиња, како и времето и начинот на нивно собирање.

Слика Народно име Научно име Делови кои

се собираат

Време

на собирање

Начин

на собирање

бела тополка Agrocybe cylindracea плодно тело цела година ножици и нож
буковка Pleurotus ostreatus плодно тело јуни - септември нож
булка, јајчарка, царска печурка Amanita caesarea плодно тело јули - октомври рачно
волчјо лепче, зрнеста масловка Suillus granulatus плодно тело јуни - ноември рачно
голем шампињон Agaricus macrosporus плодно тело јули - ноември рачно
жолто еже Hydnum repandum плодно тело август - ноември рачно
зимска пенушарка Flammulina velutipes шапка цела зима нож
конусна смрчка Morchella conica плодно тело март - мај рачно
летен вргањ Boletus edulis плодно тело јуни - ноември рачно
лисичарка Cantharellus cibarius плодно тело јуни - ноември рачно
меденка, фосфорна печурка Armillaria mellea плодно тело август - ноември ножици и нож
оловносива пувка Bovista plumbea плодно тело јуни - ноември рачно
полски шампињон, полска печурка Agaricus campestris плодно тело јули - ноември рачно
рујница, портокалова млечка Lactarius deliciosus плодно тело јуни - ноември рачно
самовилско каранфилче Marasmius oreades шапка мај - ноември ножици и нож
смрчина рујница Lactarius deterrimus плодно тело есен рачно
смрчка Morchella esculenta плодно тело март - мај рачно
сончарка, срнска печурка Macrolepiota procera шапка јули - ноември ножици и нож
црвенкасто еже Hydnum rufescens плодно тело август - ноември рачно
црна труба Craterellus cornucopioides плодно тело август - ноември ножици и нож
Забелешки
рачно = печурката се собира со завртување на дршката и шапката, и внимателно извлекување за да не се оштети мицелиумот во почвата
ножици и нож = печурката се собира со сечење на горниот дел од дршката или под шапката

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Календар за собирање на печурки“. ЈП „Македонски шуми“. 29 мај 2013. конс. 8 јануари 2016.