Корисник:Anarafailovska/Здравко Рафаиловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Здравко Рафаиловски
Роден(а)26 август 1951(1951-08-26)(72 г.)
Нистрово, Македонија
НационалностМакедонец
НаградиГран при БИМАС (1993)
АтелјеМаврово проект
Прима инженеринг
ЗданијаДТЦ Мавровка, Скопје
ДТЦ Шехерезада, Битола
Кули Убавици, Скопје

Здравко Рафаиловски (роден на 28 август 1951 година во с. Нистрово, Гостиварско) - македонски архитект.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во Маврово, а средното училиште го завршил во Градежен училишен центар во Скопје. Во 1975 година дипломира на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје, на тема Собрание на град Гостивар под менторство на проф. Борис Чипан

По дипломирањето се вработува во оперативата на Г.П. “Гранит“ во Неготино. Истата година преминува во проектантската организација “Мавровопроект“ на Г.П. “Маврово“ Скопје. Од 2004 година продолжил да работи во истата организација под новото име “Прима инженеринг“ ДОО, Скопје.

Во “Мавровопроект“ работи со тамошните реномирани и искусни архитекти, од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Тој тука се стекнал со солидна подлога, работејќи од проектант соработник до главен проектант, оспособен да ја преземе водечката ролја во творечкиот процес и организацијата. Неговото творештво е богато и разновидно. Покрај бројните проекти реализирани во Р. Македонија, се јавува како проектант на значајни објекти и надвор од нашата земја. Проектирал објекти во Сурдулица, СР Југославија; Мисурата, Либија и Сочи, Русија.

Покрај плодната проектантска активност од 1994 година, како технички директор раководел и со изработката на техничката документација на сите нивои на проектирањето.

Конкурси[уреди | уреди извор]

1977г. Спомен дом во Шавник, П. Црна Гора /откуп/

1981г. Станбени објекти /14/ во н. Ново Лисиче-Скопје, единица на соседство А3-1 /прва награда - работа во тим/ реализирани

1983г. Станбени објекти во н. Влае-Скопје /откуп - работа во тим/

1984г. Станбен објект Ресен /втора награда/

1992г. Деловен објект Алумина-Мек Доналдс, Скопје /откуп/

Проекти и реализирани објекти[уреди | уреди извор]

1976г. Салон за чевли “Газела“, Мостар, Р. Босна и Херцеговина

1977-78г. Станбени објекти К2, К3 и К4 во н. “Аеродром“, Скопје /со Д.Петкова - Костиќ/

1978г. Управна зграда “Механизација“ГП Маврово, Скопје

1978г. Станбени објекти С1, С2 и С3, Струмица /со Д.Петкова - Костиќ/

1978г. Станбен објект П+2, санација, Бар, Црна Гора

1978-80г. Станбени објекти КП1, КП2 и КП3, Крива ПАланка /со Д.Петкова - Костиќ/

1979г. Клуб на пензионери, н.Драчево во Скопје

1979г. Станбен објект Б-13 ул. “Џон Кенеди“, Скопје /со Д.Петкова - Костиќ/

1979-82г. Станбено деловен комплекс “Карпош 4“, Скопје /со Д.Петкова - Костиќ/

1981-83г. Станбени објекти /14 /,н. “Ново Лисиче“, Скопје /со Д.Петкова - Костиќ и М. Митровиќ/

1981-83г. Школски објекти /16/, Мисурата, Либија

1983г. Станбени објекти во СУ1 и СУ2, Сурдулица, Р.Србија /со Д.Петкова - Костиќ/ 1984г. Народна библиотека, Срдулица, Р.Србија /со Б.Мандичевски/

1985-90г. Деловно трговски центар “Мавровка“, Скопје /со Д.Петкова - Костиќ/

1989г. Управна зграда “Маврово“, Сочи, Русија

1992г. Снек бар “ИМ Фонтана“ во Деловно трговски центар “Мавровка“, Скопје

1992-94г. Деловно трговски центар “Шехерезада“, Битола

2000г. Деловен простор “Тријас“, Скопје

2003г. Станбен објект “Импулс“ ул. “Теодосиј Гологанов“, Скопје /со Б. Рафаиловски /

2004г. Објект за дестилација на природни плодови “Импулс“, Скопје /со Б. Рафаиловски /

2008г. Станбен објект “Импулс“ ул. “Орце Николов“, Скопје /со Б. Рафаиловски /

2016г. Станбено деловен објект “АА2“ ул. “Корушка“, Скопје /со А. Рафаиловска /

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:

1981г. I награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје

1984г. II награда на конкурс за станбен објект, Ресен

1993г. Гран при на БИМАС за Деловно трговски центар “Мавровка“, Скопје

1982г. Благодарница од ГРО “Маврово“за повеќе годишно успешно работење

Галерија[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  • БИМАС 1983;1985;1987;1989;1991;1993;2010 и 2016
  • МАРХ
  • А:Списание за култура на просторот бр. 3, 1992 год.
  • Градители во Македонија, Книга трета, Георги Константиновски


Надворешни линкови[уреди | уреди извор]