Корисник:МартинПетковски/Микросам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микросам А.Д.
Видјавна
ДејностКомпозитни материјали
Автоматика
Роботика
ОснованоПрилеп, Република Македонија
(дата)
ОсновачБлагоја Самаковски
СедиштеПрилеп, Република Македонија
Опслужувани подрачја
Цел свет
Клучни личности
Благоја Самаковски, Самоил Самак
ПроизводиAdvanced filament winding machines
Pre-preg making machines
Prototype fiber placement machine
Customized composites machining centers
Integrated manufacturing lines
Вработени
70
Мреж. местоmikrosam.com

Микросам АД[уреди | уреди извор]

Микросам АД е македонска компанија за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство композитни материјали [1][2]. Таа зема активно учество на многу светски саеми за композитни материјали меѓу кои и „JEC Composites Show Paris[3] и саемот за воздухпловство и вселенска опрема „МАКС“ во Русија[4]. 97% од производството на компанијата е наменето за извоз, а меѓу земјите во кои компанијата извезува се и Русија[5], Кина[5], Германија[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Компанијата „Микросам“ била формирана во 1990 година во Прилеп, Република Македонија. „Микросам“ е светска конкурентна компанија која произведува машини за современи композитни материјали. По одделувањето на Република Македонија од Југославија како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена. „Микросам“ била формирана во тоа време, како една од ретките приватни компании, со цел производство на високо-технолошки производи и спречување одливот на мозоци од регионот.

„Микросам“ започнала со работа со мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант. Почнува да работи на консултирање за дизајн, изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство. Kомпанијата добила успех и почит од својата заедница. „Микросам“ инвестирала во голем производствен капацитет во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; наводите без име мораат да имаат содржина.. Оваа одлука била донесена за овозможување целосна контрола над тоа како машината е изградена, од замисла до местото на испорака.

Производство[уреди | уреди извор]

Микросам АД производите ги произведува според желбите и потребите на клиентите, таа нема сериско производство на делови.

Производи[уреди | уреди извор]

Меѓу производите на Микросам АД спаѓаат:

  • МЦ-10“ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали.
  • SCR 2500“ машина за сечење и кaлибрирање на композирани краеви на цевки.
  • Automated Fiber Placement (AFP)“ машина за производство на композитни материјали. Дизајнирана за лабаратории и истражувачки центри.
  • MikroPlace“ офлајн програмирање и анализа.

Академија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Весник „Време“, 14 мај 2010, стр 9
  2. Весник „Бизнис“, број 482, 22 април 2010, стр 4
  3. Весник „JEC Composites Magazine“, број 56, април 2010
  4. Весник „Зенит“, 2 Септември 2011, стр 5
  5. 5,0 5,1 5,2 Весник „Капитал“, број 661, 27 јуни 2012, стр 23

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

лого на МИКРОСАМ Оваа статија е дел од ВикиПроектот МИКРОСАМ 2012, кој има за цел да ги координира активностите на студентите од Микросам Академијата во создавањето и одржувањето на содржини на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.