Прејди на содржината

Корејска драма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корејска драма или кеј-драма (корејски: 한국드라마) — израз за сите серии што се прикажуваат на територијата на Јужна Кореја.

За разлика од теленовелите и западните серии, форматот на кеј-драмите во повеќето случаи е како на минисерии, кои се движат помеѓу 16 и 24 епизоди, и историски („сагеук“), кои обично имаат над 35 епизоди. Времетраењето на една епизода е околу 60 минути. Иако се нарекуваат „драми“, тие вклучуваат разновидни жанрови како романтична комедија, акција, фантастика и други. Карактеристична особина на корејските драми е тоа што се снимаат неколку часа пред самото нивно прикажување, за да може, во зависност од гледаноста и повратните информации од публиката, да се менува сценариото. Корејските драми станале познати надвор од Јужна Кореја по популаризирањето на забавната индустрија по 2000 г., позната повеќе како Корејскиот бран.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите прикажувања на радиодрами во Кореја започнале во 1927 г. за време на јапонското владеење. Повеќето од тие радиопрограми биле на јапонски јазик, а само околу 30 % биле на корејски. По Корејската војна, радиодрамите како „Чонсилхонгсил“ (1954) го одразувале тогашното расположение на земјата.[2]

Првите телевизиски прикажувања започнале во 1956 г. на експерименталната телевизиска станица HLKZ-TV, која била затворена по неколку години поради пожар. Првиот национален телевизиски канал бил Korean Broadcasting System (KBS), кој бил пуштен во 1961 г. Првиот телевизиски филм бил 15-минутниот „Портите на рајот“ (천국의 문), прикажан на HLKZ-TV.

  1. „Introduction to Korean Drama & Sageuk“
  2. Do Je-hae (2012-02-03). „Book traces history of Korean TV dramas: Analysis on Koreans' fervor for soap operas“. Архивирано од изворникот 2013-12-12. Посетено на 2013-12-06.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]