Корен Абрахамијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корен Абрахамијан
Роден(а)април 1, 1930(1930-04-01)
Ереван, Ерменија
Починал(а)декември 10, 2004(2004-12-10) (воз. 74 г.)
Ереван, Ерменија
Причина за смртсрцев удар
Занимањеактер, режисер
Плоча со сликата на Корен Абрахамијан во Ереван

Корен Бабкенович Абрахамијан (ерменски: Խորեն Բաբկենի Աբրահամյան; Ереван, 1 април 1930Ереван, 10 декември 2004 година) бил ерменски актер и режисер, народен уметник на Советскиот Сојуз.[1] Студирал на ереванскиот Институт за театарска и ликовна уметност и дипломирал во 1951 година. Од тогаш тој има работено во државниот академски театар Сандукијан во Ереван како актер.[2][3]

Некои од неговите филмови се: „Хроника на ереванските денови“, „Браќата Саројан“ (каде го глуми Геворг Абрахамијан), „Ние и нашите планини“, „Долг живот“, „Господарот“, а глумел и во советскиот филм „Прв ешалон“ во 1955 година.[4]

Корен Абрахамијан умрел на 10 декември 2004 година. Тој бил погребан на пантеонот Комитас, во центарот на Ереван.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rollberg, P.. Historical Dictionary of Russian and Soviet Cinema. стр. 25. 
  2. „Khoren Abrahamyan (1930 - 2004) - Find A Grave Memorial“. конс. 10. 8. 2010. 
  3. „Хорен Абрамян (Khoren Abrahamyan) - биография - Кино“. конс. 10. 8. 2010. 
  4. „Khoren Abrahamyan would be 85 today - Culture - Panorama“. конс. 10. 8. 2010. 
  5. Abrahamyan's memorial tombstone at Komitas Pantheon

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(англиски)