Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми е книга со избор од поезијата на Славко Јаневски, издадена од „Темплум“ во 2014 година, како втора книга од библиотеката „Модерна Македонија“. Изборот на песните го приредил Никола Гелевски.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 144 страници, е отпечатена во формат од 19 сантиметри. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-30-6.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во збирката се поместени 76 песни на Јаневски, распоредени во три циклуси. На крајот на книгата се поместени поговор, насловен како „Од приредувачот“, список на поетските наслови на Јаневски и извадоци од критичките белешки на Георги Старделов за поезијата на Јаневски.[1] Збирката започнува со песната на Јаневски од 1948 година, со наслов „Девојка и сокол“, а потоа следуваат три циклуси со по 25 песни.
Во циклусот „Итар Пејо сум опашан со мамби на магли“ се застапени следниве песни: Тишина, Смеата на осамениот разбојник, Без дно, Бродолом, Орач меѓу скелети, Песна на војникот два метра в земја, Глуви команди, Мера, Паганија, Тројца на бесилка, Загатливи балкански прашалници, Браќата Солунски, Климент, Ивец, Чалма и круна, Наздравица, Болен Пејо, Пиколомини Огнодарител, Песна монашка од Лешок, Сентиментално писмо, Итар Пејо за еден друг, Паметник на победникот, Тогаш ќе умре и љубовта, (И сиот Балкан е тоа...), и Од век до век, од пладне до полноќ.
Циклусот „Селска библиичка“ ги содржи песните: Оковано јаболко, Мост, Веслач, Ќуп на фантастичноста, Мртви сеачи, Петте чакали на Астропеусовата треска, Призракот на материјата, Така пееле трубадурите, Последниот мечок, Дивина, Селска библиичка, Тапан, Бигор, Запис, Икар на старо Скопје, Калемарите и јаболкницата, Горчиновци, Балада за каменот, Свиња, Произведувачи на зборот, Трујачка на пци, Песји шуми, Пастел, Воведение во алхемија, и Смртта на песната.
Циклусот „Препородување на чудовиштето“ ги содржи песните: Воскресение на понижените, Зборот маѓепсник, Препородување на чудовиштето, Предание за Јордан од Мирковци, Манастирски споменар, Обид за уверување, Споменик, Пак за водата, Преселби, Ноќ и магија, Истражувања, Четиристишие, Секој има свој Јуда, Силата на љубовта, Огледало, Прошепната тајна, Разделба, Крик, Митско зрно, Солзлива романса, (Тоа се тие поротници...), (Безимен облик...), (Меѓу облаци како облак...), (Празничен ден чекаш...), и Измислена тврдина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014.