Прејди на содржината

Коренот на видот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Коренот на видот“ (српски: Корен вида) — роман на српскиот писател Александар Вучо од 1928 година.

За делото

[уреди | уреди извор]

„Коренот на видот“ е првиот и единствениот надреалистички роман во српската и во југословенската книжевност. Романот е напишан со примена на надреалистичката техника според која сликата, како основна единица на надреалистичката уметност, грижливо е модулирана според постојните проверени рецепти. Како мото на романот се напишани стиховите на Рембо: „Да, јас имам затворени очи за вашите светлини“. Во романот се препознава еден сентиментален поет со неговата потреба безгрижно да се препушти на изобилноста на светот. Всушност, „Коренот на видот“ е несвесно, но сосема потполна потврда на мекиот, нежен лиризам кој се бори за своите права, кој не со техниката, туку со суштината, настојува да се оттргне од правилата на надреалистичката игра. Целта на романот била да ја истури кофата со цинична вистина, студен презир и јазична перверзија врз главата на епатираниот граѓанин, но ова дело има помалку врска со идеите на Бретон, а повеќе наликува на сентименталната резигнирана словенска лирика од „Дневникот на Чарноевиќ“ на Црњански. „Коренот на видот“ е прозна поема на „чистото јас“ со вратоломни асоцијации, „зборови во слободата, крпи на речениците, синтакса што се распаѓа“, но без отровните билки од подрачјето на потсвеста. Општите одлики на надреализмот можат да се применат и на интелектуалната заднина на „Коренот на видот“, а тоа се однесува на светот што го изразува главниот лик, начинот на којшто нештата што се ги заменува со други, начинот на којшто ги крши примените вербални асоцијации верувајќи дека со тоа ги напаѓа метафизичките извесности на заедницата итн.[1]

  1. Петар Џаџић, „Драма савести једног интелектуалца (романи Александра Вуча)“, во: Александар Вучо, Мртве јавке. Просвета, Београд, 1960, стр. XXI-XXIX.