Кордиљера Негра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон Кордиљера Негра.
Cordillera Negra
Cordillera Negra

Кордиљера Негра (шпански: Cordillera Negra, „црн венец“) е планински венец, еден од трите главни планински венци во централно Перу во регионот на Андите. Кордиљера Негра е дел од Кордиљера Ориентал.

Општо[уреди | уреди извор]

Кордиљера Негра се протега на територија која е 180 километри долга и 25 до 40 километри широка. Венецот се протега во правец север-северозапад - југ-југозаапд, паралелно со брегот на Тихиот Океан. Венецот е оддалечен од брегот околу 60 километри. Овој планински венец е дел од Андите. Најголемите врвови се Пико Рокаре со 5.187 метри, потоа Руми Круз со 5.020 метри и Сенал Серо Рико со 5.006 метри надморска височина.

Особености[уреди | уреди извор]

Кордиљера Негра се наоѓа во перуанскиот регион Анкаш. Во 1960-те години во северниот дел од венецот, во пештерата Куева дел Гитареро, биле откриени коски од мастодонт и лама и биле пронајдени докази дека во регионот живееле луѓе уште од 10,950 до 10,230 г.п.н.е. Денес местото е населено од амеркански староседелци кои одгледуваат пченка, жито и останати култури. Регионот е богат со руда, особено со злато, сребро и бакар.

Поврзано[уреди | уреди извор]