Копривничко-крижевска жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Копривничко-крижевачка жупанија
Koprivničko-križevačka županija
Жупанија
Знаме на Копривничко-крижевачка жупанијаГрб на Копривничко-крижевачка жупанија
Копривничко-крижевачката жупанија (портокалово) во Хрватска (светложолта боја)
Копривничко-крижевачката жупанија (портокалово)
во Хрватска (светложолта боја)
Главен градКопривница
Управа
 • ЖупанДарко Корен (ХСП)
Површина
 • Вкупна1.746 км2 (674 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно124.467
 • Густина71/км2 (180/ми2)
Повикувачки број048
ISO 3166HR-06
Мреж. местоhttp://www.kckzz.hr/

Копривничко-крижевачката жупанија е жупанија во северозападниот дел на Хрватска. Прв жупан на Копривничко-крижевачката жупанија бил: Иван Станчер (1993 - 1997).

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година, жупанијата броела 124.467 жители (2,8% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 71 жител на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 96%, Срби 1,9%, Словенци 0,1%, Роми 0,1%, Унгарци 0,1% и други.

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 124,467 129,397 133,790 138,994 143,019 142,362 140,565 143,268 139,054 142,546 132,581 121,772 105,529 97,581 87,464
  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Географија[уреди | уреди извор]

Копривничко-крижевачката жупанија се наоѓа во северозападниот дел на Република Хрватска, т.е. во североисточниот дел на Централна Хрватска. Таа е распространета по низината на Драва и е омеѓена со Билогора и Калнчка Гора.[1] Со површина од 1,746 км2, оваа е седумнаеста по големина жупанија во Хрватска според површината. Североисточниот дел на жупанијата го сочинува долината на реката Драва на која преовладува земјоделската дејност со значајни наоѓалишта на нафта и на земен гас. Поголеми населени места во овој простор се Копривница, Крижевци и Ѓурѓевац.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Копривничко-крижевачката жупанија спаѓа во панонската регија. Земјоделскиот простор на жупанијата се состои од пет микрорегионални целини:

Подравскиот земјоделски басен и Прекодравље се подрачја со интензивно земјоделско производство. Останатите гранки на економијата се производството на млеко, производството на хмељ, сточарството, зеленчуковите култури и виноградарството.

Туризам[уреди | уреди извор]

Најважни одредишта во жупанијата се Галеријата на наивната уметност во Хлебине, жупната црква Свети Ане, гркокатоличката катедрала на Светото Тројство и црквата на Свети Крст во Крижевци, историското средиште Крижевци, прехранбениот музеј “Подравка” – Копривница, Стариот град Ѓурѓевац и Галеријата Лацковиќ – Батинска, стариот град Калник и Мал Калник.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

На подрачјето на Копривничко-крижевачката жупанија има единаест заштитени делови од природата, кои заземаат површина од околу 5,550 ha.

  • Посебни резервати :
  • Парк шума: Жупетница
  • Заштитени предели:
    • Чамбина
    • Калник
  • Споменици на природата:
  • Споменици од парковната архитрктура:
    • Парк кај Основнато училиште ˝Владимир Назор˝, Крижевци
    • Парк кај земјоделското училиште во Крижевци

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.