Копачка (оро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Копачката оро)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Копачката е македонско машко соборско оро, кое потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на полустапалата. Тоа обилува со потскоци, доскоци, странични движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото. Во 2014 година, орото Копачка од Драмче било номинирано за репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, меѓутоа не успеало да влезе на репрезентативната листа.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kopachkata, a social dance from the village of Dramche, Pijanec“. UNESCO Culture Sector - Intangible Heritage. конс. 18 декември 2014. 
  2. „Копачката не доби виза од УНЕСКО“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]