Конференција на Обединетите нации за климатски промени (2015)
Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени била одржана во Париз, Франција помеѓу 30 ноември и 12 декември 2015 година. Конференцијата била 21. редовно годишно заседание на Конференцијата на Обединетите нации за к годиналиматските промени, која од 1995 година се организирана со цел да се постигнат задачите поставени во Рамковната конвенција на ОН за климатските промени, која била усвоена во 1992 година на Самитот за земјата во Рио де Жанеиро. Конференцијата во Париз била воедно и 11-ти состанок на потписниците на Протоколот од Кјото.
За прв пат во историјата, конференцијата успеала да постигне универзален договор (Париски климатски договор) за методите со кои би се ублажиле климатските промени, за који се согласиле речиси сите држави во светот. Договорот ќе стане обврзувачки доколку го ратификува, усвои, одобри или му пристапат најмалку 55 нации кои заедно произведуваат најмалку 55% од глобалните емисии на издувни гасови. По зборовите на организацискиот комитет, примарниот очекуван резултат од договорот е ограничување на глобалниот пораст на температурата на помалку од 2°C до 2100 година во споредба со климатските услови пред индустриската револуција. Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2009 година заклучил дека таквите мерки се неопходни за да се изегнат сериозни климатски катастрофи и дека за да се постигнат резултати неопходно е до 2050 година да се намалат емисиите на штетни гасови меѓу 40 и 70% во однос на емисиите во 2010 година и до 2100 година да се дојде до нултата стапка. Парискиот климатски договор имплицитно бара да се ограничи порастот на температурата на 1,5 °C, што би барало уште поамбициозни мерки и постигнување на нулта стапка на испуштање на штетни гасови во периодот од 2030 до 2050 година. Сепак, оваа цел не е експлицитно спомената во финалната верзија на договорот.
Пред самата конференција, 146 национални климатски панели јавно ги претставиле плановите за Наменети национално дефинирани придонеси во глобалниот одговор на климатските промени. Предложените национални придонеси требале пред самата конференција да го ограничат порастот на глобалната температура на максимум 2,7°C до 2100 година. Европската унија го претставила предлог за намалување на емисиите за 40% до 2030 година. во споредба со емисиите во 1990 година. Пред самиот состанок во Париз, во Марсеј на 4 и 5 јуни 2015 година се одржало и собрание за глобалното затоплување во медитеранскиот регион, а подготвителниот состанок за 21-то заседание на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени одржано е во Бон помеѓу 19 и 23-ти октомври 2015 година, а на него присуствуваале министри од земји од целиот свет.
Локација
[уреди | уреди извор]Локацијата на која се одржуваат годишните конференции ротираат според правилата врз основа на Рамковната конвенција за климатски промени на ОН. Конференцијата во 2015 година била одржана во Букурешт, а Франција, како високо развиена земја која го декарбонизирала производството на електрична енергија, послужила како земја модел за иден развој.[1] Во 2012 година во Франција 90% од електричната енергија произвела од извори со нула јаглеродна стапка, вклучувајќи нуклеарна, хидро и енергија од ветер.[2]
Конференцијата започнала две недели по терористичките напади на 13 ноември, што довело до дополнителни зголемувања на безбедносните мерки.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Guivarch, Celine and Hallegatte, S., 2C or Not 2C? 19 January 2012. FEEM Working Paper No. 87.2011. Available at SSRN: http://ssrn.com/abstract=1988201 or http://dx.doi.org/10.2139/ssrn.1988201
- ↑ “Breakdown of Electricity Generation by Energy Source”. The Shift Project Data Portal. Accessed 23 June 2015.
- ↑ http://time.com/4113215/paris-attacks-climate-conference/. Отсутно или празно
|title=
(help)