Конфедерација на слободни синдикати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е синдикален сојуз во Република Македонија, формиран на 28 декември 2005 година по отцепувањето на Синдикатот за образование, наука и култура на чело со Дојчин Цветановски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Од декември 2015 година претседател на КСС е Благоја Ралповски.[1]

Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу тогашниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. КСС е формирана како резултат на тој судир. Според оценката на Цветановски, ССМ и Муратовски се блиски до владата предводена од СДСМ и не се грижат за работничките права. Од друга страна, КСС е обвинуван дека е близок до ВМРО ДПМНЕ.

При утврдувањето на репрезентативност на КСС, во 2015 година е констатирано дека КСС броел 47.404 членови кои плаќале членарина, што претставувало 10,02% од вкупниот број на вработени во Република Македонија,[2] односно нешто над потребниот праг од 10% за утврдување на репрезентативност на ниво на Македонија. Во 2010 година е констатирано дека КСС броел 43.727 членови кои плаќале членарина, односно 10,05% од вкупниот број на вработени во Република Македонија.[3] Според информациите на КСС, при формирањето КСС броел околу 53.000 членови за подоцна да порасне на околу 70.000 членови.[4]

Членки на КСС[уреди | уреди извор]

КСС е формирана од страна на четири синдикати: Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК), Самостојниот синдикат на вработените во одбраната (ССВО), Синдикатот на финансиските организации на Македонија (СФОМ) и Федерацијата за транспорт и врски (ФТВ). Подоцна кон КСС се приклучуваат и други синдикати и во моментот во КСС членуваат следните 10 синдикати:[5]

  • Самостоен синдикат за образование, наука и култура (формиран 1991 година, околу 38.000 членови)
  • Самостоен синдикат на вработените во енергетика, рударство и индустрија (формиран мај 2007 година, околу 6.000 членови)
  • Синдикат за транспорт и врски (формиран декември 2005 година, околу 5.000 членови)
  • Синдикат на вработените во државната администрација и управата (формиран мај 2008 година, околу 5.000 членови)
  • Земјоделски синдикат
  • Самостоен синдикат на вработените во локалната самоуправа
  • Синдикат за угостителство и туризам
  • Синдикат на финансиските работници на Македонија
  • Синдикат на електронските и печатените медиуми на Македонија
  • Синдикат на станбено-деловните и комуналните организации на Република Македонија

Во декември 2011 година Синдикатот за одбрана и безбедност (со околу 2.500 членови) ја напушти КСС и стана член на ССМ.[6]

Досегашни претседатели на КСС[уреди | уреди извор]

  • Светлана Петровиќ (2005-2007) од Синдикатот на финансиските организации
  • Раско Мишкоски (2007-2012)
  • Мирјана Андреска (2012-2013) од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура
  • Виолетка Спасевска (ноември 2013 - 2015) од Синдикатот на администрацијата и државната управа (в. д. претседател)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]