Контрола на етернетски проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Снимка на етернетска „пауза“ на WireShark

Контролата на Eтернетскиот на проток е механизам за привремено запирање на пренос на податоци на Етернетска мрежа.

Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Апликациско ниво (Application layer)

DHCP • FTP • IMAP4 • POP3 • SIP • SMTP • SSH • BGP •

4. Транспортно ниво (Transport layer)

UDP • TCP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN

3. Мрежно ниво (Network layer)

IP (IPv4 • IPv6) • ICMP • IGMP • RSVP • IPsec

2. Податочно ниво (Data Link Layer)

ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP

1. Физичко ниво (Physical layer)

Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi •

Етернет е протокол за сметачка мрежа. Контролата на протокот во Етернет се наоѓа во податочниот слој. Може да се настане ситуација кога испраќачката станица (сметач) може да пренесува податоци побрзо одколку што некои друг дел од мрежата(вклучувајќи ја и примачката станица) може да ја прими. Пренатрупаниот дел од мрежата ќе прати рамка за пауза, која го сопира преносот кај испраќачот за определен временски период.

Пауза е механизам за контрола на протокот кај целосно двонасочен пренос со етернет врска дефиниран од IEEE 802.3x стандардот кој користи MAC контролни рамки кои ја пренесуват Пауза командата. MAC контрлниот код за пауза е 0x0001 (хексадецимално). Само станиците конфигурирани за целосно двонасочен пренос можат да испратат рамка за пауза.

Кога една станица сака да испрати команда за пауза, ја испраќа МAC контролната рамка на 48-битна одредничка мостна групирана адреса на 01-80-С2-00-00-01. Оваа адреса е резервирана за употреба на рамките за пауза. Употребата на добро познатата адреса го поедноставува процесот на контрола на протокот со тоа што не е потребно станицата од едната страна на врската да ја пронаоѓа адресата, а пак станицата од другата страна на врската да ја зачува адресата.

Друга предност на користење на оваа multicast адреса произлегува од употребата на контрола на проток помеѓу мрежните преклопници. Конкретната multicast адреса што се користи е избрана од голем број на адреси кои што се задржани од страна на IEEE 802.1D стандардот (кој ја одредува операцијата на преклопниците). Нормално, рамка со multicast одредница која е доставена од преклопниците ќе се пренасочат и до сите порти на преклопниците. Сепак, овој број на multicast адреса е посебен и нема да бидат испратени од страна на 802.1D соодветниот прекинувач. Наместо тоа, рамките испратени на оваа адреса се разбрани од страна на преклопникот да бидат рамки со цел да се делува во рамките на преклопникот.

Рамката за пауза го вклучува бараниот периодот на чекање, во форма на два бајта позитивни цели броеви. Овој број е бараното време на пауза. Времето на чекање се мери во единици на пауза „quanta“ каде секоја единица е еднаква на 512 битови.

Недостатоци на контролата на протокот[уреди | уреди извор]

Рамката за пауза не се препорачува во два случаи:

  • Праведност
  • Класа на услуга или приоритет на собраќајот

Праведност[уреди | уреди извор]

Овој проблем се јавува кога два пораки ќе се обидат да се испратат кон истиот приемник , кога едниот испраќачот ќе го преоптовари линкот а другиот конзервативно го користи. Приемникот ќе испрати рамка за пауза на двата предаватели, поради multicast. Конзервативниот испраќач исто така ќе паузира за време на нејзиниот пренос. Алтернативните решенија имаат намена да ги паузираат само преопторувачкиот праќач

Приоритет на контрола на проток[уреди | уреди извор]

Контролата на етернетскиот на проток ја нарушува етернет класата на сервис (дефинирана во 802.1p), со тоа сто датата од сите приоритети е прекината за да се исчистат постоечките привремени содржатели (buffers) кои може да содржат податоци со низок приоритет. Како лек за овој приоритет, Cisco произлезе со приоритетна контола на проток. Овој механизам користи 14 бајти од полнежот од 42 бајти во регуларна рамка за пауза. MAC opcodе за контрола за приоритетната редица е 0x001 за разлика од обичните паузи, приоритетните редици покажува време на паузирање во квантитет за секој приоритет посебно. Стандардот за приоритет на контрола на проток e во изработка како IEEE 802.1Qbb.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]