Прејди на содржината

Контактна двојна ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уметничка слика на масивната контактна двојна ѕвезда VFTS 352, која се наоѓа во Големиот Магеланов Облак

Контактна двојна ѕвезда — во астрономијата е двоен ѕвезден систем чии составни ѕвезди се толку блиску што се допираат една со друга или се споиле и ги делат своите гасовити обвивки. Двоен систем чии ѕвезди делат обвивка може да се нарече и прекумерно контактна двојна ѕвезда. Поимот „контактна двојна ѕвезда“ бил воведен од астрономот Џерард Кајпер во 1941 година. Речиси сите познати споени двојни системи се затемнети двојни ѕвезди. Затемнетите споени двојни ѕвезди се познати како променливи ѕвезди од видот W Голема Мечка, по нивниот вид ѕвезда, W Голема Мечка.

Во контактната двојна ѕвезда, и двете ѕвезди ги исполнуваат нивните Рошови лобуси, дозволувајќи ѝ на помасивната примарна компонента да ги пренесе и масата и сјајноста на секундарниот член. Како резултат на тоа, компонентите во контактната двојна ѕвезда често имаат слични делотоворни температури и осветленост, без оглед на нивните маси. Брзината на пренос на енергија помеѓу компонентите зависи од нивниот сооднос на масата или апсолутниот масен број и односот на сјајност. Во случаи кога ѕвездите се во геометриски контакт, но топлинскиот контакт е генерално слаб, може да има големи разлики помеѓу соодветните температури. И ако споениот двоен систем се распадне, ниту една од двете ѕвезди всушност не може да образува нов систем на двојна ѕвезда со другата ѕвезда, привремено привлекувајќи го и наскоро губејќи го нивното заедничко средиште на маса, а со тоа и нивната гравитациска врска.

Споените двојни ѕвезди не треба да се мешаат со двојните ѕвезди со заедничка обвивка. Додека конфигурацијата на две ѕвезди што се допираат во контактна двојна ѕвезда има типичен животен век од милиони до милијарди години, двојните ѕвезди со заедничка обвивка е динамички нестабилна фаза во бинарната еволуција која или ја исфрла ѕвездената обвивка или ја спојува двојната во временска рамка од месеци до години.

Поврзано

[уреди | уреди извор]