Константин II (крал на Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константинос II
Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας
King Constantine.jpg
Крал на Грција
На престол 6 март 1964 – 1 јунин 1973
(&100000000000000090000009 години и &1000000000000008700000087 дена)
Претходник Павлос I
Сопружник Ана Марија
Деца
Алексија
Павлос
Никола
Принцеза Теодора
Филип
Династија Династија Глуксбург
Татко Павлос I
Мајка Фредерика Хановер
Вероисповед Грчка православна црква

Константинос II (грчки: Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας; 2 јуни 1940 во Атина, Грција) бил крал на Грција во периодот од 6 март 1964 до 1973 година.

Тој бил син на Павлос I и Фредерика Хановер[1]. Негова постара сестра е моменталната кралица на Шпанија, Софија. Неговата помлада сестра, Принцеза Ирена Грчка е немажена. Тој бил една година кога нацистичка Германија извршила инвазија врз Грција. Константинос следните четири години го поминал во егзил во Египет и Кејптаун, (кајшто е родена неговата сестра Ирена), заедно со своето семејство. Тој се вратил во Грција со своето семејство во 1946 година. Кралот Јоргос починал во 1947 година, и неговиот брат Павлос станал крал, правејќи го принц на Константин.

Завршил воено училиште во Атина. Се оженил за Ана Марија Данска. Под влијанието на својата мајка, влегол во конфликт со Јоргос Папандреу , и го принудил да подаде оставка на функцијата премиер на Грција во 1965 година. Политичката криза во земјата довела до воен преврат во 1967 година. Истата година, Константинос направил неуспешен обид за зазимање на власта, па така бил принуден да ја напушти земјата. Но, во 1973 година, од страна на хунтата бил спроведен референдум, кој му дозволил на кралот да се врати во земјата. По паѓањето на хунтата од власт во 1974 година, во земјата бил спроведен нов референдум и со резултата од 67,5% било потврдено решението на народот да земјата биде претседателска република. По ова, Константинос II живее во Лондон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Monarchs In Waiting, pp.39-40