Христов монограм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христов монограм

Христов монограм, или Лабарум (☧), се состои од првите две грчки букви во зборот Христос (грч. ΧΡΙΣΤΟΣ, или Χριστός), буквите Х (Хи) и Р (Ро). Прв пат го употребил римскиот цар Константин.

буквата Р честопати се прикажува така да потсетува на пастирски стап, а буквата Х да потсетува на крст, претставувајќи го Исус Христос како добар пастир на својата паства, христијанската црква.

На патот за Вечниот Град, Константин доживеал мистично искуство после кое отворено се определил за христијанската вера. По Лактанциј, чиј е списот „За смртта на прогонителите“ настанат веќе околу 317/8 година на Константин во сон, во ноќта која и претходела на битката крај Милвијскиот мост, му е наложено на штитовите на своите војници да ја стави буквата Х со вертикална црта закривена кај врвот така да формира христорам. По Константиновиот биограф епископот Евсевиј Цезарејски, кој царевата биографија ја составил нешто по 337 година, царот лично и под заклетва неколку години подоцна му го раскажал целиот настан. По Евсевиевата приказна во Vita Constantini, царот се молел на бога кого го почитувал и неговиот татко и следниот ден на небото, над сонцето, Константин и неговата војска забележале светлосен крст со натпис "со ова победувај" (τουτο νικα). Царот не бил сигурен во значењето на визијата додека во сон не го посетил Христос и му препорачал да направи воено знаме во форма на знакот виден на небото и да го искористи во битката. Утредента Константин наредил да се искове воено знаме (labarum) со венеце на врвот во кое се наоѓала споена грчката буква Х и Р во вид на Христов монограм. После тоа, царот одлучил да го следи Бог, кој му се покажал и собрал околу себе христијански свештеници од кои побарал да го упатат во Христовата вера.

Подоцна Константин Велики се појавил како посредник и го свикал Првиот васеленски собир во Никеја во 325 година. На почетокот на заседанието се обратил на собирот апелирајќи на слога.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]