Константина Настева Бојаџиева Русинска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 1880
Охрид, денес во Република Македонија
Починала 1932
Софија Бугарија

Константина[1] Настева Бојаџиева-Русинска - македонска учителка и деец на ВМОРО.

Биографија[уреди | уреди извор]

Знамето што го везеле учителките

Родена е во 1880 година во Охрид, како единствена ќерка на богатиот трговец Евтим Настев Бојаџиев. Константина завршила основно образование во родниот град, а гимназија во Бугарија. Работела како учителка во Охрид. Константина ги прифаќа идеите за еднаквост и еманципираност на жените.[2]

Во редовите на МРО[уреди | уреди извор]

Била учесник на состанокот на ТМОРО од 14 ноември 1901 во Охрид, кога се разгледувало и прашањето за права на жените по ослободување на Македонија. Поради некои недоразбирања по однос на нејзини лични прашања во 1902 година заминала во Битола за разјаснување со организационите раководни структури. По враќањето продолжила со револуционерна активност. Во 1901 година поставена е на чело на женската организација на ВМОРО во Охрид, „Успение на Богородица“, и останува на чело на оваа организација до крајот на 1903 година. Во куќата на Методи Патчев учителките помагаат во одржувањето на тајната болница за лечење на ранети четници.[3] Поликсена Мосинова, Василка Размова, Клио Самарџиева и Константина Бојаџиева го изработиле охридското востаничко знаме на ВМОРО, на кое е извезена млада жена и лав кои стојат врз османлиското знаме, и држат во рака знаме на кое пишува „Слобода или смрт“.

Живот со Никола Русински[уреди | уреди извор]

Во 1902 година Бојаџиева се запознава со револуционерот Никола Русински. По Илинденското востание, тие двајца бегаат во Бугарија, каде Константина работи како учителка во селото Скравена. На 4 април 1904 година Бојаџиева стапила во брак со Русински, со кого имале три ќерки. Во текот на Првата светска војна, брачниот пар се сели во родното село на Русински Русиново, каде Константина работела како учителка во Берово од 1915 до 1918 година. По војната, Русински се приклучил во Комунистичката партија на Југославија, и агитирал за оваа партија во Малешево за време на месните и парламентарните избори во август и септември 1920 година. Поради огромниот успех на комунистите на изборите во 1920 година, во државата бил донесен реакционерниот акт - обзнана со кој се забранила работата на КПЈ. Партијата била забранета на 30 декември 1920 година, и брзо потоа семејството Русински емигрира во Бугарија на 27 февруари 1921 година, и се населиле во Ќустендил. Константина се разболела од пневмонија. Четвртото дете ѝ умира мало, речиси веднаш по раѓањето. Русински работел како дрводелец во Горна Џумаја, а Константина како учителка во учебната 1922 - 1923 година.[4]

Константина Русинска умрела од пневмонија во 1932 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Или Костадина, Костадинка и Константинка.
  2. Veskovic-Vangeli, Vera (2006). Bojadjieva Nasteva-Rusinska, Kostadina (1880 - 1932) in: De Haan Francisca, Krasimira Daskalova, Anna Loutfi, eds. Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Budapest, New York: Central European University Press. стр. 66. ISBN 978-963-7326-39-4. https://books.google.bg/books?id=hsgQjbgBOAkC&pg=PA66&dq=%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0+%D0%9D%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B0&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwizkeOepqTMAhVbF8AKHZp8D-kQ6AEIMzAD#v=onepage&q=Nasteva-Rusinska&f=false. 
  3. Veskovic-Vangeli, Vera (2006). Bojadjieva Nasteva-Rusinska, Kostadina (1880 - 1932) in: De Haan Francisca, Krasimira Daskalova, Anna Loutfi, eds. Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Budapest, New York: Central European University Press. стр. 67. ISBN 978-963-7326-39-4. https://books.google.bg/books?id=hsgQjbgBOAkC&pg=PA66&dq=%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0+%D0%9D%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B0&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwizkeOepqTMAhVbF8AKHZp8D-kQ6AEIMzAD#v=onepage&q=Nasteva-Rusinska&f=false. 
  4. Veskovic-Vangeli, Vera (2006). Bojadjieva Nasteva-Rusinska, Kostadina (1880 - 1932) in: De Haan Francisca, Krasimira Daskalova, Anna Loutfi, eds. Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Budapest, New York: Central European University Press. стр. 68. ISBN 978-963-7326-39-4. https://books.google.bg/books?id=hsgQjbgBOAkC&pg=PA66&dq=%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0+%D0%9D%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B0&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwizkeOepqTMAhVbF8AKHZp8D-kQ6AEIMzAD#v=onepage&q=Nasteva-Rusinska&f=false. 
  5. Veskovic-Vangeli, Vera (2006). Bojadjieva Nasteva-Rusinska, Kostadina (1880 - 1932) in: De Haan Francisca, Krasimira Daskalova, Anna Loutfi, eds. Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Budapest, New York: Central European University Press. стр. 69. ISBN 978-963-7326-39-4. https://books.google.bg/books?id=hsgQjbgBOAkC&pg=PA66&dq=%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0+%D0%9D%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B0&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwizkeOepqTMAhVbF8AKHZp8D-kQ6AEIMzAD#v=onepage&q=Nasteva-Rusinska&f=false.