Консензус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Консензусот е групна одлука за која некои од членовите што ја донеле можат да мислат дека не е најдобра, но со која сите можат да живеат, да ја поддржат и да се обврзаат дека нема да ја поткопуваат. До оваа одлука се дошло со гласање, низ процес во кој проблемот потполно бил претресен, а сите членови се чувствуваат дека се адекватно сослушани. При донесувањето на одлуката секој има подеднаква моќ и одговорност и притоа се избегнати различните степени на влијание врз основа на индивидуалната тврдоглавост или харизма, така што на крајот сите се задоволни од процесот на донесување на одлуката.

Со други зборови, консензусот почива на тезата дека ниедна политичко-општествена заедница не може да постои без минимум интеграција, а со самото тоа и без консензус.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lexikon der Politik [Dictionary of Politics] / ed. by Dieter Nohlen. - München : Beck. 23 cm. - ISBN 3-406-36904-9 (vol. 1-7)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]