Конрад Волф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конрад Волф

Конрад Волф (роден на 20 октомври 1925 во Хехинген, Хохенцолерн - починал на 7 март 1982 во Источен Берлин) бил филмски режисер во ГДР.

Живот[уреди | уреди извор]

Конрад Волф е син на лекарот и писател Фридрих Волф и брат на Маркус Волф, долгогодишен учесник во владеењето со ГДР . Во 1933 семејството најпрвин емигрирало во Франција, а од таму подоцна во Москва. Тој таму учел во германската школа Карл Либкнехт и стекнал советско државјанство. Веќе во тоа време Конрад Волф интензивно бил во контакт со советскиот филм. Како десетгодишник во 1936 година ја играл улогата во филмот Борзи (борец) на режисерот Густав фон Вангенхајм.

Конрад Волф починал на возраст од 56 години во Берлин. Причина за смрт била една од најопасните болести, ракот. Бил закопан на 12 март 1982 година. Неговото пишано наследство може да се најде во архивот на Академијата за уметности во Берлин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]