Конкретен број

Од Википедија — слободната енциклопедија

Конкретен бројброј со којшто се означуваат броивите нешта, за разлика од апстрактните броеви со коишто се означуваат поединечните нешта. На пример, „три портокали“ или „половина торта“ се конкретни броеви, додека „три“ и „една половина“ се апстрактни. Во математиката, поимот „број“ обично означува апстрактен број. Деноминиран број е вид на конкретен број со зададена мерна единица. На пример, 10 s е деноминиран број како мерка за време.

Историја[уреди | уреди извор]

Математичарите од Стара Грција биле првенствено заинтересирани за апстрактните броеви, додека писателите на прирачници за практична употреба не се занимавале со разликите меѓу броевите, па поделбата на броевите на овие две групи во учебниците за првпат се појавила дури во 16 век. Оттогаш, поделбата има сè поголема ппримена.[1]

Деноминирани броеви[уреди | уреди извор]

Деноминираните броеви понатаму се делат или на „прости“, кај коишто е зададена една единствена мерна единица, или на „сложени“, кај коишто се зададени повеќе мерни единици. На пример, 6 кг е прост деноминиран број, додека 2 m 54 cm е сложен деноминиран број. Процесот на промена на деноминираните броеви од една мерна единица во друга се нарекува „претворање“. Во зависност од тоа дали претворањето се врши кон помала или поголема мерна единица, се разликуваат претворање кон помала и претворање кон поголема деноминација. Претворањето кон помала деноминација се врши преку множење со бројот на единици од помалата деноминација коишто се содржани во една единица со поголема деноминација. Во случај да станува збор за сложен деноминиран број, производите се собираат. На пример, 2 h 15 m 30 s е исто што и 1х3600+15х60+30=4530 s. Спротивно на тоа, претворањето кон поголема деноминација се врши преку делење со бројот на единици од помалата деноминација коишто се содржани во една поголема деноминација. Кога се работи за сложен деноминиран број, помалите количници се одземаат од поголемите. На пример, 1745 mm е исто со 1745/1000=1,745 mm или 1 m 74 cm 5 mm.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Smith, D.E. (1953). History of Mathematics. Vol. II. Dover. стр. 11–12. ISBN 0-486-20430-8.