Конвој (филм од 1978)
Конвој (англиски: Convoy) - американско-британски филм од 1978 година, во режија на Сем Пекинпо (Sam Peckinpah), а автори на сценариото се Бил Нортон (Bill L. Norton) и Бил Фрајс (Bill Fries). Главните улоги ги играат: Крис Кристоферсoн (Kris Kristofferson), Али Мекгро (Ali MacGraw) и Ернест Борнин (Ernest Borgnine).[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Камионите што поминуват низ пустината во Аризона меѓусебно комуницираат преку радио-станици. Меѓутоа, на нивната честота се уфрла омразениот шериф Валас (го игра Борнин), велејќи им на возачите дека може да возат побрзо, а потоа ги запира и ги казнува за пребрзо возење. Шерифот и возачот Рабер Дак (го игра Кристоферсон) веќе во неколку наврати имале отворени судири, така што воопшто не ја кријат меѓусебната нетрпеливост. Овојпат, возачите организираат бунт против полициското самоволие. Поради, тоа, камионџиите се собираат во конвој, предводен од Дак, и возат кон Ново Мексико. Вестите за тоа се шират, па ним им се придружуваат и други возачи, а во конвојот се наоѓа и убавата фотографка Мелиса (ја глуми Мекгро).[1]