Конвенција за правата на лицата со попреченост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конвенција за правата на лицата со попреченост
{{{image_alt}}}
  договорни страни
  држави потписнички, но не ратификувале
  држави кои не потпишале
Напишан13 декември 2006
Потпишан30 март 2007
МестоЊујорк
На сила од3 мај 2008
Услов20 ратификации
Потписници160
Странки175
ЧуварГенерален секретар на ОН
Јазициарапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански

Конвенција за правата на лицата со попреченост - меѓународен договор за човекови права на Обединетите Нации наменет за заштита на правата и достоинството на лицата со попреченост. Од договорните страни на Конвенцијата се бара да промовираат, заштитуваат и обезбедат целосно уживање на човековите права од страна на лицата со попреченост и да обезбедат целосна законска рамноправност. Конвенцијата доведе до промена во погледот кон лицата со попреченост: наместо да се цел на добротворни организации, медицински третмани и социјална заштита, тие станаа целосни и рамноправни членови на општеството што ги уживаат човековите права. Ова е единствен инструмент за човекови права на ОН со изразита димензија за одржлив развој. Конвенцијата е прв договор за човековите права во дваесет и првиот век.[1]

Текстот беше усвоен од страна на Генералното Собрание на ОН на 13 декември 2006 година,[2] и отворен за потпишување на 30 Март 2007 година. По ратификацијата од страна на 20-тата партија, договорот стапи во сила на 3 Мај 2008 година.[3] Од октомври 2017, има 160 потписнички и 175 договорни страни, и вклучува 172 држави и Европската Унија (која го ратификуваше на 23 декември 2010 одговорностите на земјите-членки беа префрлени на Европската Унија).[4] Во декември 2012 година, при гласање во Сенатот на САД фалеа уште шест гласови од две-третинското мнозинство потребно за ратификација.[5] Конвенцијата ја следи Комитетот за правата на лицата со попреченост.

Историја[уреди | уреди извор]

За ОН, периодот од 1981 до 1992 година беше „Деценија на лицата со попреченост“. Во 1987 година, на собирот на експерти од целиот свет со цел увид во напредувањето се донесе препорака Генералното Собрание на ОН да направи нацрт за меѓународна конвенција за отстранување на дискриминицијата на лицата со попреченост. Италија, а подоцна и Шведска, предложи нацрт-конвенција но не постигна консезус. Многумина претставници на влади расправаа дека постојните документи се доволни. Во 1993 година, Генералното Собрание усвои необврзувачки „Стандардни правила за изедначување на можностите на лицата со попреченост“. Во 2000 година, претставници на пет меѓународни невладини организации за попречености издадоа декларација, и ги повикаа сите влади да ја поддржат Конвенцијата. Во 2001 година, Генералното Собрание, по предлог на Мексико, основа Ад Хок-Комитет којшто ќе ги разгледува предлозите за сеопфатна и суштинска конвенција за промовирање и заштита на правата и честа на лицата со попреченост. Организациите за правата на лицата со попреченост, вклучувајќи ја и Меѓунардоната алијанса за попречености како координатор на ад хок Меѓународна конференција за попречености, активно учествуваа во процесот на изготвување нацрт, поточно, бараа лицата со попреченост и нивните организации да имаат улога во спроведувањето и следењето на Конвенцијата.

Мексико започна преговори, со активна поддршка од GRULAC (регионалната латиноамериканска група). Кога во 2002 година поради противењето на WEOG почна да опаѓа поддршката за Конвенцијата, Нов Зеланд играше клучна улога во постигнувањето придвижување во сите региони. Играјќи улога на олеснувач во периодот од 2002 до 2003 година, Нов Зеланд конечно ја прифати формалната улога на Седиште на АД Хок-Комитет и ги започна преговорите за постигнување консензусен договор во август 2006 година, соработувајќи со други членки на Бирото: Јордан, Коста Рика, Чешка, Јужна Африка, како и Кореа и Мексико. Конвенцијата стана едно од средствата за човекови права кое најбрзо доби поддршка, со силна поддршка од сите регионални групи. 160 Држави ја потпишаа Конвенцијата на нејзиното отворање во 2017, а 126 Држави ја ратификуваа Конвенцијата за време на првите пет години. Како знак за признавање на улогата на Нов Зеланд во создавањето на Конвенцијата, како и за квалитетот на нивната национална Стратегија за попречености, Генералниот Гувернер на Нов Зеланд, Ананд Сатијананд ја доби Светската награда за Попречености во 2008 година, како претставник на целата нација.

Во 2015 година, за првпат во историјата, Комитетот за правата на лицата со попреченост отвори истрага за држава-потписничка што ги имаше прекршено обврските на Конвенцијата. Истрагата започна со Член 6 од изборниот протокол, кој наведува дека истрагата ќе се поведе кога Комитетот ќе добие „доверливи информации што покажуваат сериозно и систематско нарушување“ на човековите права на лицата со попреченост. Владата на Обединетото Кралство е под истрага, а конечниот извештај треба да биде објавен во 2017 година.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Конвенцијата ја следи традицијата на граѓанското право, со преамбула, во која се цитира начелото од Виенската декларација и програма за акција: „сите човекови права се универзални, неделиви, меѓусебно зависни и поврзани“, а по него следат 50 члена. Конвенцијата, за разлика од другите конвенции на ОН, не е формално поделена на делови.

Член 1 ја дефинира целта на Конвенцијата:

да промовира, штити и обезбедува целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи од страна на лицата со попреченост, и да промовира почит кон нивното достоинство.

Членови 2 и 3 даваат дефиниции и основни начела за комуникација, разумно сместување и универзален дизајн.

Членови 4-32 ги дефинираат правата на лицата со попреченост и должностите кон нив на државите-договорни страни. Многу од овие права ги отсликуваат правата прифатени во други конвенции на ОН, како Меѓународната одредба за граѓански и политички права, Меѓународната одредба за економски, социјални и културолошки права, или Конвенцијата против тортура, но со посебни должности кои осигуруваат нивно остварување од страна на лицата со попреченост.

Во посебни права на оваа конвенција спаѓаат правата на пристап, кои ја вклучуваат информациската технологија, правата за независен живот и вклученост во заедницата (Член 19), права на лична подвижност (Член 20), на хабилитација и рехабилитација (Член 26), и на учество во политичкиот и јавниот живот, и во културниот живот, права на рекреација и спорт (Членови 29 и 30).

Освен тоа, страните на Конвенцијата мора да ја зголемуваат свеста за човековите права на лицата со попреченост (Член 8), и да обезбедат пристап до патишта, згради и информации (Член 9).

Членови 33-30 ги регулираат известувањето и следењето на ковенцијата од страна на националните институции за човекови права (Член 33) и Комитетот за правата на лицата со попреченост (Член 34).

Членови 40-50 ги регулираат ратификацијата, влегувањето во сила, и амандманите на Конвенцијата. Член 49 исто така бара Конвенцијата да биде достапна во пристапни формати.

Конвенција за правата на лицата со попреченост[6]

Основни одредби[уреди | уреди извор]

Водечки принципи на Конвенцијата

  1. Почитување на неразделивото достоинство, индивидуалната автономија со слобода за личен избор, и независноста на лицата
  2. Недискриминација
  3. Целосно и ефективно учество и вклученост во општеството
  4. Почитување на различноста и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост и човечност
  5. Еднаквост на можности
  6. Пристапност
  7. Еднаквост помеѓу жените и мажите
  8. Почитување на развојните капацитети на децата со попреченост и почитување на правата на децата со попреченост да го одржат својот идентитет

Наводи[уреди | уреди извор]

  1.   states that have not signed
  2. General Assembly на ООН Седница бр. 61 Resolution 106. Convention on the Rights of Persons with Disabilities A/RES/61/106 13 December 2006. посет. 5 октомври 2017 г.конс. 5 октомври 2017 г.
  3. "Landmark UN treaty on rights of persons with disabilities enters into force". Scoop. 2008-05-05. конс. 2008-06-28. 
  4. "UN Treaty Collection: parties to the Convention on the Rights of Persons with Disabilities: List of parties". United Nations. 2016-10-12. конс. 2017-04-20. 
  5. Helderman, Rosalind S.. „Senate rejects treaty to protect disabled around the world“, „Washington Post“, 4 декември 2012.
  6. "Конвенција за правата на лицата со попреченост" (PDF). http://www.mtsp.gov.mk.