Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот

Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот има за цел да ја заштити човековата средина од загадување на воздухот и постепено да го намали и спречи загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Се спроведува од Европската програма за мониторинг и евалуација, во режија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа.
Конвенцијата била отворена за потпишување на 13 ноември 1979 г., а била ратификувана на 16 март 1983 година.
Секретаријат
[уреди | уреди извор]Конвенцијата, која сега има 51 вклучени држави, го идентификува Извршниот секретар на Економската комисија на Обединетите нации за Европа како секретаријат за конвенцијата.
Конвенцијата е имплементирана од Европската програма за мониторинг и евалуација.[1] Резултатите од нивната програма се објавени на нивната веб-страница на www.emep.int.
Постапка
[уреди | уреди извор]Целта на конвенцијата е државите да настојуваат да го ограничат и, колку што е можно, постепено да го намалуваат и спречат загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Како и, заедно државите да развиваат политики и стратегии за борба против загадувањето на воздухот преку размена на информации, консултации, истражување и мониторинг.
Државите се состануваат годишно за да ја разгледаат тековната работа и да ги планираат идните активности, вклучително и работен план за следната година.
Моментално, приоритетните активности на конвенцијата вклучуваат преглед и можна ревизија за најновите протоколи, имплементација на конвенцијата и нејзините протоколи низ целиот регион на Економската комисија за Обединетите нации во Европа (со посебен фокус на Источна Европа, Кавказ, Централна Азија и Југоисточна Европа) и споделување неговото знаење и информаците со другите региони во светот.
Протоколи
[уреди | уреди извор]Од 1979 година, конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот се занимава со некои од главните еколошки проблеми во регионот преку научна соработка и преговарање за политиките. Конвенцијата е проширена со осум протоколи кои идентификуваат конкретни мерки што треба да ги преземат државите за намалување на нивните емисии на загадувачи во воздухот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Светската книга за факти на ЦИА, издание од 2003
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ EMEP History and Structure, EMEP website
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот
- Ратификации, кај депозитарот
- Договори на САД
- Договори на Обединетото Кралство
- Договори на Турција
- Договори на Македонија
- Договори на Шведска
- Договори на Шпанија
- Договори на Советскиот Сојуз
- Договори на Романија
- Договори на Португалија
- Договори на Норвешка
- Договори на Холандија
- Договори на Луксембург
- Договори на Италија
- Договори на Грција
- Договори на Грузија
- Договори на Франција
- Договори на Данска
- Договори на Белгија
- Договори на Австрија
- Договори на Ерменија
- Загадување на воздухот
- Еколошки договори