Конаково

Од Википедија — слободната енциклопедија

Конаково ( руски: Конаково) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во југоисточниот дел на Тверската област и е административен центар на Конаковскиот реон.

Мостот преку реката Донховка во Конаково

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 41 434 жители или 42 113 жители во поширокото градско подрачје.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Конаково се наоѓа во југоисточниот дел на Тверската област во строгиот центар на Конаковскиот реон, на ниско и релативно рамно низинско подрачје познато како Горноволшка низина. Лежи на десниот брег на Волга, односно на вештачката Ивањковска акумулација, на местото каде што реката Донховка се влева во езерото, на надморска височина од 124 метри. Тоа е околу 82 километри југоисточно од административниот центар на градот Твер .

Историја[уреди | уреди извор]

Претходник на модерната населба Конаково бил имотот, а потоа и селото Кузнецово, основано во 1806 година. Поинтензивниот развој и напредок на селото се случил по отворањето на фабриката за производство на керамички фајанс во 1826 година. Фабриката која 1809 година основана од Фридрих Бринер, првично била лоцираан во селото Домкино, на околу 20 километри источно, била преместена во Кузнецово поради поголема потреба од работници. За кратко време, фабриката стана една од најпознатите производствени погони за производство на уметничка керамика во тој дел на Русија.

Населбата во 1929 година го сменила своето име во Конаково, во чест на револуционерот Порфириј Конаков (1878–1906), учесник во револуцијата во 1905 година кој живеел во таа населба некое време.

Селото во 1925 година е административно уредено како мало гратче, а административниот статус на град го носи од 1937 година.

По изградбата на Конаковската термоелектрана во источниот дел на градот во 1965 година, Конаково стана еден од најважните електроенергетски центри во Терската област.

Во април 2007 година беа усвоени официјалните градски симболи - грбот и знамето.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 41 291 жител, додека според проценките за 2014 година градот имал 41 234 жители во поширокото градско подрачје, што зафаќа површина од 39,03 км², имало вкупно 42 113 жители во исто време.

1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
11 949 13 705 29 545 36 828 42 522 42 335 41 291 41 234

Белешка: * според проценката на Националната статистичка служба на Русија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]