Прејди на содржината

Комплементни агли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еден агол формиран од два крака кои произлекуваат од темето.

Комплементни агли или надополнувачки агли се два агли чиј збир изнесува 90 степени.[1]

Доколку аглите се напоредни тогаш нивните надворешни краци формираат прав агол.

Според Евклид (Евклидовата теорема), двата остри агли во правоаголниот триаголник се комплементни бидејќи имаат збир од 90 степени (со оглед на тоа што збирот на аглите во еден триаголник е 180 степени, а правиот агол е 90 степени).

Зборот „комплементарен“ доаѓа од латинскиот збор „complementum“ што значи да се надополнува. Наречен е така бидејќи едниот остар агол е надополнет од страна на својот комплемент до прав агол.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Комплементни агли на Math open reference

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]