Прејди на содржината

Комна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Висорамнината Комна се издига западно од Бохињско Езеро

Комна е планинска карстна висорамнина на Јулиските Алпи во северозападна Словенија. Висината се движи од 1.300 метри до 1.750 метри. Има триаголна форма и се издигнува над Бохињско Езеро. На исток продолжува во долината на Триглавските Езера. На Комна се измерени најниските температури во Словенија, кои во јануари 2009 година достигнале −49 °C.

Името Комна етимолошки значи „планинско плато“.

Планинарски дом

[уреди | уреди извор]

На Комна постои планинарски дом, кој е на висина од 1.520 метри, во сопственост на Алпскиот клуб Љубљанска Матика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]