Комична опера

Од Википедија — слободната енциклопедија

Операта " buffa " e комична опера која настанала во Италија од т.н. интермега или паузи. Комичните сцени биле вметнувани помеѓу чиновите на опера сериа, која најчесто имала три чина, а комичната два чина. Наместо легендарните, историските и митолошките ликови, опера буфа ги разработуала секојдневните ликови. Поради сево ова, овие интермеца брзо станале популарни и почнале да се изведуваат самостојно, а тоа означувало и создавање на нова посебна оперска гранка. Во првата генерација на опера буфа, стои забележано името на Џовани Батиста Перголези,со изведба на операта " Слугинката господарка ", во 1733 година.