Комитет на региони

Од Википедија — слободната енциклопедија

Комитетот на регионите е советодавно тело на Европската Унија коешто се состои од претставници од регионалните и од локалните власти на земјите членки. Ги артикулира интересите на регионите на европско ниво. Има ист број членови по земја како и Економско-социјалниот комитет. Во однос на проширувањето, бројот на членовите е ограничен на 350. Договорот од Ница, исто така, предвидува членовите на Комитетот да бидат избрани од властите што ги претставуваат или да бидат политички одговорни пред нив.

Во моментот распоредот на членовите по земји е следен:

Земја Членови
Франција 24
Германија 24
Италија 24
Обединето Кралство 24
Полска 21
Шпанија 21
Романија 15
Австрија 12
Белгија 12
Бугарија 12
Чешка 12
Грција 12
Унгарија 12
Холандија 12
Португалија 12
Шведска 12
Данска 9
Финска 9
Ирска 9
Литванија 9
Словачка 9
Естонија 7
Латвија 7
Словенија 7
Кипар 6
Луксембург 6
Малта 5