Комерцијална уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Комерцијална уметност е уметност на креативни услуги, и се однесува на уметноста која се користи за комерцијални цели, пред сè за рекламирање. Поимот станува сè позастарен, давајќи му предност на посовремени поими како „графички дизајн“ и „рекламна уметност“.

Комерцијалната уметност обично вклучува дизајнирање книги, реклами за различни производи, знаци, плакати и други видови на прикази за промовирање на продажбата или прифаќањето на производи, услуги или идеи.

Вештини на комерцијалната уметност[уреди | уреди извор]

Повеќето комерцијални уметници имаат способност да ги организираат информациите и знаењата од ликовните уметности, визуализирањето и медиумите. Комуникацијата е често неопходна во ова поле. Обично, одделот за уметност е релативно мал и се состои од уметнички директори, понекогаш помошник-директор, и мала група на работници за дизајн и производи. Комерцијалните уметници работат на различни ситуации и прават различни работи во рамките на уметноста како што се рекламирањето, илустрацијата и анимацијата.

Комерцијалните уметници треба да се вешти во цртање со слободна рака и сликање, да имаат искуство во користење на програми за графички дизајн и уредување, и основно знаење за принципите на рекламирањето.

Комерцијалната уметност обично се прави за масовно изложување и дистрибуција. Комерцијалната уметност создава начин на кој луѓето ќе се запознаат со производот и услугата, користејќи слика што може да го привлече вниманието. Ова е еден од начините на кој претпријатијата ги промовираат и рекламираат своите производи и услуги.

Видови[уреди | уреди извор]

Комерцијалната уметност вклучува многу видови на уметност и категории на уметнички техники вклучувајќи :