Комарец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Комарци)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Комарец
Mosquito 2007-2.jpg
Комарец женка од видот Culiseta longiareolata.
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Двокрилци
Подред: Nematocera
Инфраред: Culicomorpha
Натсемејство: Culicoidea
Семејство: Culicidae
Мејген, 1830 [1]
Subfamilies

Anophelinae
Culicinae
Toxorhynchitinae

Телото на комарецот е тенко и нежно, а на него се наоѓаат долги пипала и сам еден пар крилја.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат.

Комарците како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ralph Harbach (2 ноември, 2008). „Family Culicidae Meigen, 1818“. Mosquito Taxonomic Inventory. 
  2. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.