Команден мост

Команден мост — местото од кое се управува бродот. Обично се поставува високо или на предниот дел на бродот така што екипажот има непречен поглед. Кога бродот е на пат, на мостот е расположен дежурниот офицер, често потпомогнат од способен морнар што дејствува како набљудувач. За време на критичните маневри, капетанот ќе се приклучи на мостот, поддржан од дополнителни офицери, кормилар за кормилото, а понекогаш и поморски пилот ако е потребно.
Историја
[уреди | уреди извор]Првично, бродот бил управуван од квартердекот — задниот дел на палубата, обично подигнат за подобра видливост. Местото на квартердекот во непосредна близина на кормиларскиот уред овозможува максимално поедноставување на кормиларскиот механизам. Таму, во внатрешноста на крмената палуба, обично се наоѓала каитата на капетанот, што му овозможувало брз пристап до квартердекот.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Woodman, Richard (2012-11-22). The History of the Ship: The Comprehensive story of seafaring from the earliest times to the present day (англиски). Pavilion Books. ISBN 978-1-84486-210-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Команден мост“ на Ризницата ? |
|