Колонија Гренланд
Изглед
Колонија Гренланд Kalaallit Nunaat Grønland | ||||||
колонија на Данска | ||||||
| ||||||
| ||||||
Главен град | Нук | |||||
Управа | монархија колонија | |||||
Крал | ||||||
- | 1950–1953 | Фредерик IX | ||||
Гувернер | ||||||
- | 1950–1953 | Пул Хуго Лундстен | ||||
Историски период | студена војна | |||||
- | Обединување на Северен Гренланд и Јужен Гренланд. | 1950 | ||||
- | Гренланд е основан како членка на Кралството Данска. | 5 јуни 1953 |
Колонија Гренланд била поранешна колонија на Данска. Колонијата го заземала целиот остров Гренланд. Оваа колонија била краткотрајна бидејќи траела од 1950 до 1953 година, кога статусот на колонија бил укинат. Колонијата во својата историја имала само еден гувернер поставен од Данска.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Колонијата Гренланд настанала со обединувањето на двете поранешни дански колонии Северен Гренланд и Јужен Гренланд. Двете колонии со години опстојувале одделно, но во 1950 година Данска ги споила во една. Седиште на новата колонија бил градот Нук. Овој статус на колонија бил зачуван до 1953 година, кога Гренланд станал рамноправна членка на Кралството Данска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Greenland (Kalaallit Nunaat)“ (англиски). World Statesmen. Посетено на 30 June 2016.