Колку е потребно за среќа
Изглед
Колку е потребно за среќа - збирка поезија на македонската поетеса Ана Бунтеска, објавена од издавачката куќа „Матица македонска“ во 2016 година.
Опис на книгата
[уреди | уреди извор]Збирката содржи вкупно 101 песна. Лектурата ја направил Здраво Ќорвезировски, фотографијата на корицата е дело на Ана Бунтеска, техничката обработка на корицата ја направил Владимир Мирчевски, а електронската реализација е дело на Методија Николовски. Книгата, со обем од 218 страници и со димензии од 21 сантиметар, е испечатена во печатницата „Графостил“ во Скопје. Каталогизацијата е извршена во НУБ „Св. Климент Охридски“, а книгата ја има меѓународната ознака ISBN 978-608-10-0509-7.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016.