Колин М. Фицпатрик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Колин М. Фицпатрик (англиски: Colleen M. Fitzpatrick; р. 25 април 1955) е американски научник, претприемач и основач на областа форензичка генеалогија. Позната е по учествувањето во идентификацијата на остатоците пронајдени на местото на несреќата на Североисточниот Лет 4422 кој се урна на Алјаска во 1948.

Биографија[уреди | уреди извор]

Фицпатрик е родена на 25 април, 1955[1] во Њу Орлеанс, Луизијана. Дипломата по физика ја добива во 1976 на Рајс Универзитетот, а магистрира (1983) и докторира (1983) на Универзитетот Дјук по нуклеарна физика.[2][3] Таа работи на оптички мерни техники со висока резолуција во Спектрон лабораториите за развој, по што основа компанија за оптика која работи на истражување и развој на Рајс системите.[4]

Немајќи што следно да прави, Фицпатрик ја завршува книгата што ја започнала во 2002 на тема форензичка генеалогија, а откако издавачите на ја прифаќаат нејзината книга, таа ја самообјавува.[4] во 2005[5][2] Компанијата расте и вработува седум научници, но се затвора во 2005 откако НАСА започнува проект во кој компанијата започнува да се продава на генеалошки конференции.[4][6] Фицпатрик основа кореспондирачка веб страна и почнува со пишување на колумни на теми за магазини и веб страни.[4] Во 2006, од неа е побарано да најде исчезнат човек од некој кој сакал да купи земјиште, но сопственикот не бил пронајден; ова води до нејзиниот следен потфат, Identifinders International, што ги користи техниките на форензичката генеалогија за пронаоѓање на исчезнати луѓе.[6] Станува позната во 2008 кога учествува во идентификувањето на остатоците од несреќата на Северноисточниот Лет 4422, која се случува на Аљаска во 1948.[4][6][7]

Во 2016, игра важна улога во откривањето на вистинскиот идентитет на Лори Ерика Руф, жена која во 1988 зема лажен идентитет, а извршува самоубиство во 2010, по што семејството на нејзиниот сопруг открива дека таа го украла идентитетот на починато дете. Се открива дека Руф е всушност Кимберли МекЛин, која ги прекинала сите врски со своето семејство и присвоила нов идентитет само за да не биде лоцирана од нив.[8]

Колин е член на Друштвото на фотооптички инженери (СПИЕ)[9] и вонреден член на Американската академија за форензички науки. Таа е широко призната како основач на модерната форензичка генеалогија.[10]

Во 2017, заедно со Маргарет Прес, го креираат ДНК Дое проектот кој има за цел идентификување на мртвите луѓе за нивните семејства. Нивниот прв успех во 2018 беше идентификувањето во Охајо на мртвата „Бакскин“ девојка како Марсија Кинг од Арканзас.[11] Тие исто така ги идентификуваа телата на Лајл Стевик[12] и Џозеф Њутон Чендлер III (Роберт Николс)[13] во 2018.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Книги[уреди | уреди извор]

  • Форензичка генеалогија, со Ендрју Јеисер, Rice Book Press, 2005.
  • ДНК и генеалогија, со Ендрју Јеисер, Rice Book Press, 2005.
  • Истрага за мртвиот коњ: Форензички фото-анализи за сите, Rice Book Press, 2008.

Поглавја во книги[уреди | уреди извор]

  • Поглавје: „Клучот е камерата“. Книга: „Книгата со идеи на очајниот генеалог: Креативни начини да ги надмудриш твоите недостижни предци“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. U.S. Public Records Index, Vol. 2. Provo, UT: Ancestry.com, 2010.
  2. 2,0 2,1 Colleen Fitzpatrick in SPIE Professional April 2006. From the Garage Up
  3. Elisabeth Lindsay for GenWeekly. November 16, 2006 Forensic Genealogy: Seeing With New Eyes For date, see index here
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Lynn Rosellini for More Magazine. June 2010. From Physicist to Forensic Genealogist Архивирано 2016-04-15 во Wayback Machine. (originally published in print as "The DNA Detective")
  5. Forensic Genealogy, Fountain Valley, CA: Rice Book Press, 2005.
  6. 6,0 6,1 6,2 Sean Flynn for Duke Magazine. May 15, 2013 Super Sleuth
  7. Mary Pemberton for the Associated Press, published at MSBNC.com. August 18, 2008 Remains from 1948 plane crash identified
  8. ‘My God, that’s Kimberly!’: Scientist solves perplexing mystery of identity thief Lori Ruff“, 21 септември 2016.
  9. SPIE. Complete List of SPIE Fellows
  10. Blaine Bettinger for The Genetic Genealogist. September 3, 2008 Interview With Forensic Genealogist Colleen Fitzpatrick, Ph.D.
  11. Augenstein, Seth. „'Buck Skin Girl' Case Break Is Success of New DNA Doe Project“, „Forensic Magazine“, 16 април 2018. (на en)
  12. DNA Doe Project IDs 2001 Motel Suicide, Using Genealogy“, „Forensic Magazine“, 9 мај 2018. (на en)
  13. Caniglia, John. „Authorities solve cold case of war hero who hid behind dead boy's identity“, „cleveland.com“, 21 јуни 2018. (на en-US)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]